Top 10 similar words or synonyms for зенон

никифор    0.868564

тибериј    0.857201

максимијан    0.848701

јулијан    0.843807

ираклиј    0.841820

комнин    0.832897

мануил    0.832085

одоакар    0.821026

деметриј    0.817918

анастасиј    0.814244

Top 30 analogous words or synonyms for зенон

Article Example
Зенон Зенон (околу 460 год.) од Елеја, бил ученик на Парменид. Тој си поставил задача да ги одбрани опонентите на неговиот учител. Всушност, тој настојувал да ја покаже апсурдноста (бесмисленоста) на познанието кое се темели на сетилните податоци и да се докаже, индирекно, дека она што го тврди разумот е над она што ни го покажуваат сетилата. Преку неговите апории (безизлез) докажувал дека поимот движење е апсурден, невозможен. Така, ако стрелата се движи кон целта, таа мора да прејде половина од патот, па половина од половината, па половина од таа половина итн., па бидејќи секогаш ќе има колку и да е мали половини од половините ќе произлегува дека стрелата никогаш нема да стаса на целта (апорија дихотомија, делење на две). Ниту брзиот Ахил, ако и' даде предимство на желка од 10 м, никогаш не ќе ја стаса, зашто кога тој ќе претрча 10 м, желката ќе мине неколку дециметри, кога тие ќе ги мине Ахил, желката ќе се помрдне за некој центиметар итн, до бесконечност Ахил не ќе ја стаса желката (апорија Ахил и желката).
Зенон (владетел) Императорот Лав I Тракиецот решил да ја зголеми улогата на исавриците како начин за спротиставување на силната фракција на Готите. Лав I го забележил Тарасикодиса, откако во ококу 464 година тој му покажал 466 документи кои го направиле Ардабур, синот на војсководец Аспар осомничен дека подготвува државен удар.
Зенон (владетел) Во управувањето на Зенон се водат многу конфликти со готските водачи во Мизија и Панонија. Балканските провинции на империјата биле жртва на постојаните упади на варварите. Уште во 474 година готскиот предводник Теодорик Страбон кренал востание и учествувал во превратот против Зенон. Подоцна царот безуспешно се обидувал да го привлече на своја страна друг готски војвода - Теодорик Амал. Според Јован Антиохиски, Зенон ги повикал Бугарите за сојузници, но мизиските Готи успеале да се заштитат од Бугарите и повторно кренале востание. Востанието продолжило до 487 година кога Зенон склучил договор со Теодорик според кој Остроготите биле испратени во војна против Одоакар во Италија, каде добиле право да се населат и да основат своја држава. Со ова, готското присуство на Балканот завршило.
Зенон (владетел) Во 479 и 480 година поддржувачите на Маркијан, внук на царот Маркијан, кренале две востанија против Зенон, и тоа во престолнината и во Мала Азија. Во востанието во Цариград, Зенон излегол како победник, а Маркијан бил испратен во манасрир но подоцна повторно учествувал во заговор против власта. Во 484 година исавријскиот генерал Ил и повторно Верина, тешта на Зенон, застанале против императорот, обидувајќи се да го наметнат неговиот ривал Леонтиј на престолот, но тие конечно биле разбиени во Мала Азија четири години подоцна.
Зенон (владетел) Во 482 година Зенон го издал едикт "Енотикон" (Henotikon, "Покајание") со цел да го реши спорот меѓу монофизитите и православните христијани. Во едиктот биле објавени решенијата од првите три вселенски собори, но најважното прашање за Христовата природа намерно не била засегната. Потпишувањето на ""Енотикона"" од египетскиот патријарх Акакиј станало повод за негово анатемосвање од папата Феликс. Така започнала т.н. Акакиева шизма која траела 35 година, во кој период немало никаков контакт меѓу источната и западната христијанска црква. Зенон во тоа време станал еден од најомразените императори во Цариград, што најмногу се должело на неговото потекло и постојаните немири во власта.