Top 10 similar words or synonyms for јулијан

тибериј    0.881799

флавиј    0.867270

максимијан    0.849298

никифор    0.848686

клавдиј    0.843864

зенон    0.843807

отпадник    0.841407

нерон    0.840276

галериј    0.834695

маркијан    0.832914

Top 30 analogous words or synonyms for јулијан

Article Example
Јулијан Отпадникот Се родил во Константинопол во семејството на Јулиј Константиј (консул во 335 година), брат на Константин Велики, и неговата втора сопруга Василина, двајцата христијани. Мајка му умрела скоро по неговото раѓане, а во 337 година како дете Јулијан го видел убиството на својот татко, извршено по наредба на чичко му Константиј II. Тој и неговиот полубрат Гал прво растеле во Витинија, а потоа во императорската вила Мацелум, Кападокија, Мала Азија. За нивното воспитание се грижел арианскиот епископ на Никомедија Еусебиј. За разлика од Гал, којшто бил свиреп и распуштен, Јулијан многу читал, имал одлична памет, освен грчки знаел и латински. Со голема желба учествувал во воените вежби, бил мошне мобилен и силен иако не бил висок. На 18 годишна возраст се преселил во Константинопол. Бидејќи му се допаѓало да се шета низ градот како обичен човек и да зборува со луѓето, почнале да зборуват за него дека би можел да управува добро со Римската империја. Тоа го загрижило императорот и наскоро по тоа го испратил во Никомедија. Тука се сретнал со Максим Ефески, прочуен со својата омраза кон христијанството. Во тие години почнал да учи неоплатонизам прво при философот Едесиј, а потоа и при неговиот ученик Максим, упорно читал и за пророкувањa. 354 година бил повикан во дворот во Милано и држан таму. На следната година добил дозвола да се школува во Атина, каде што се сретнал со свети Григориј Назијански и свети Василиј Кесаријски.
Јулијан Отпадникот Неговата лична религиозност била книжевна философска. Гледал на традиционите митови како на алегории, во кои античките богови се во аспект на философска божественост. Главни зачувани извори се негови слова за Хелиос и божицата-мајка се пофалби, а не теолошки трактати. Учил магија од Максим, чија система имала голема прилика со неоплатонизмот на Плотин. Исто така му се допаѓал и митраизмот.
Јулијан Отпадникот 351 година неговиот полубрат Гал бил прогласен за кајсар на истокот. Но тој се покажал неспособен раководител и бил осомничен во предавство кон императорот. Константиј II го повикал кај себе во 354 година, а по патот бил убиен. Јулијан исто така бил осомничен и затворен за седум месеци во Медиоланум, сè додека траела истрагата. По настојување на жената на Константиј II, Еусебија, Јулијан бил ослободен и му било дозволено да се врати во Атина да го заврши образованието. Константиј II немал деца, а Јулијан останал единствениот жив маж од неговото семејство. На следната година Константиј II го повикал кај себе, му доделил титулата „цезар“ и го прогласил за управител на галските и германските провинциј, коишто тогаш биле ограбувани од германските племиња. Го венчал за својата сестра Елена и го испратил начело на војската во Галија. На тој начин императорот покажал голема доверба во него. Но имало и сомежи дека тоа го направил со надеж дека младиот и неискусен војсководец ќе загине во жестоката војна. Дури зборувале дека не би го издржал ѕвекот на оружјето (Марцелин).
Јулијан Отпадникот Јулијан го востановил системот на тетрархија, воведен од Диоклецијан. За разлика од својот чичко не се стремел кон авторитарно управување, туку го идеализирал царувањето на Адријан и Марко Аурелиј. Во својата прва пофалба, посветена на Константиј II, го опишувал идеалниот владетел, којшто се подчинува на законот како секој обичен индивид. Функционално тоа значело проширување правата на локалните заедници, за сметка на централната власт. Така например сите земји што ги поседувал императорот биле вратени на градските управи. Самите тие биле натерани да доделат повеќе права на граѓаните, често против нивната волја. Данокот што се плаќал во злато, "aurum coronarium", веќе бил доброволен, а сите забавени даноци за земја биле простени. Освен либерализацијата на бирократијата, Јулијан презел и некои лични одговорности, како тоа да ги одобрува новите даноци, што дотогаш било пракса на бирократијата. Третирањето на градовите како автономни заедници, освен од економски причини, се вршело и со идејата дека императорската администрација треба да работи најповеќе да согледува за изведбата на законот и за обезбедувањето на предолгите граници на империјата.
Јулијан Отпадникот Оставнината на Јулијан, или она што не било уништено од христијаните, не е на никој начин мала. Сега се зачувани во целост или детали од следните творби: