Top 10 similar words or synonyms for мануил

никифор    0.859020

андроник    0.852875

алексиј    0.844866

комнин    0.835538

зенон    0.832085

палеолог    0.814196

констанциј    0.813619

кантакузин    0.811417

анастасиј    0.808301

теодосиј    0.805948

Top 30 analogous words or synonyms for мануил

Article Example
Мануил Ивец Мануил Ивец (11 век) бил македонски благородник од познатата фамилија Ивец, роднина на прочуениот Самуилов војсководец Ивец, војсководец на Петар Делјан. Направил кариера на византискиот дворец, припаѓал на кругот на најдоверливите луѓе на царот Михаил IV (1034–1041). За време на востанието на Петар Делјан (1040–1041) им се придружил на востаниците. При крајот на востанието, на Плетвар подигнал дема (дрвена пречка) за да го спречи напредувањето на Византијците. Демата била разурната, а тој бил заробен.
Мануил II Палеолог Во меѓувреме против османлиска крстоносна војна водена од унгарскиот крал Жигмунд Луксембуршки била неуспешна при Битката кај Никопол на 25 септември 1396 година, но османлиите биле и самите тешко поразени од Тамерлан во Битката кај Ангора во 1402 година. Мануил II испратил 10 бродови да им помогнат на крстоносците во Никопол. Како што синовите на Бајазит I се бореле за наследството на османлискиот интеррегнум, Јован VII успеал да ги врати во посед европскиот брег на Мраморното Море и Солун под византиска власт. Кога Мануил II се вратил дома во 1403 година, неговиот внук му ја предал контролата на Константинопол и бил награден со владение на новоосвоениот Солун. Мануил исто така од османлиите го освоил Несебар (1403–1453), Варна (1403–1415), и мраморното крајбрежје Скутари до Никомедија меѓу 1403–1421 година.
Мануил I Комнин Војниците биле господари во државата. Во споредба со времети пред Комнени ситуацијата од корен се изменила. Во времето на владеењето на цивилното благородништво под династијата Дука, воената служба се избегнувала. „Војниците“, како што кажува Јован Скилица, „го отфрлале оружјето и станувале адвокати и правници. Сега, напротив, воената служба станала особено привлечна. „Секој сакаше“, раскажува Никита Хонијат, „да биде војник, едни ја отфрлаа иглата, зошто таа со голем труд даваше само најскудни средства за живот, други ги напуштаа коњските обори, други пак ја тресеа од себе правта од тулите или саѓите од ковачницата, и сите итаа кон оние коишто врбуваа војници, им давале персиски коњи или неколку златници и веднаш бидувале примени во војска“. Воената служба била единствениот вносен занает. Се и се жртвувало на војската.
Мануил I Комнин Населението се наоѓало во тешка сиромаштија бидејќи даночните побарувања растеле, а вообичаените злоупотреби на собиралите на данок ги зголемувале и без тоа прекумерните товари. По градовите многумина ја продавале својата слобода и станувале робови во домовите на великодостојниците. За да ја спречи оваа појава Мануил со закон им ја вратил слободата на лицата слободни од раѓањето, коишто самите се продале во ропство, и се чинело дека, барем во престолнината, ги откупил таквите робови на државен трошок. Меѓутоа, целиот развиток, порастот на велепоседништвото од една, сиромаштијата и задолженоста на пошироките слоеви од друга страна, неизбежно водел ако не кон кметство на мнозинството од населението. Несопирливо развивајќи се процесот на феудализација се повеќе ја поткупувал отпорната моќ на државниот организам.
Мануил I Комнин И спрема Унгарија, Мануил ја продолжил политиката на својот татко, но и овде неговата активност била многу поголема, а неговата крајна цел многу поамбициозна. Тој се стремел кон потчинување на Унгарија и нејзино присоединување кон Византиското царство. Смртта на кралот Геза II (1161г.) дала повод за ново мешање во унгарските прилики. Против Стефан III, синот на Геза, Мануил со оружје и пари ги поддржувал браќата на Гејза - Стефан IV и Владислав. Поради тоа избила војна полна со тешки и променливи променливи борби. Најпосле, во 1164г. бил склучен договор врз основа на кој братот на Стефан III - Бела бил испратен во Цариград, откако бил признат за унгарски престолонаследник и откако му се доделени во апанажа Хрватска и Далмација. Меѓутоа, Мануил морал да води нови борби за да ги реализира големите предности кои му ги овозможил овој договор. Опсежни воени и дипломатски подготовки му претходеле на избивањето нови непријателства. Специјален пратеник на царот упатен бил дури во Русија да и осигура на Византија поддршка на киевскиот и галицискиот кнез. Резултатот одговарал на потрошените средства и напори: Хрватска, Далмација, Босна и Срем биле присоединети кон Византиското царство (1167г.).