Top 10 similar words or synonyms for присилувајќи

убедувајќи    0.899762

приморувајќи    0.889408

претекнувајќи    0.875445

советуваше    0.874833

бркајќи    0.873942

убедувал    0.872558

избркале    0.871659

замолила    0.867668

потиснала    0.863919

вознемируваат    0.862137

Top 30 analogous words or synonyms for присилувајќи

Article Example
Слобода Следниот чекор кон неслободата се состои од усвојувањето на претставата дека некои поединци се поразумни од другите и дека затоа се квалификувани да одлучуваат што е во најдобар интерес на останатите, помалку разумни луѓе. Тоа им дава за право да речат дека присилувајќи ги луѓето помалку разумни од нив да го направат правилниот избор и на тој начин да го остварат своето вистинско “јас”, тие всушност ги ослободуваат од неразумните, телесни желби.
Guns N' Roses Во мај 2010 година, Ексл го тужеше поранешниот менаџер Ирвинг Азоф со 5 милиони долари, изјавувајќи дека Азоф ја саботира продажбата на „камбек“-албумот на Ганс ен роузес и лажеше за потенцијална „супер-турнеја“ со Ван Хален (на кои Азоф им е менаџер) како план за да го присили Роуз повторно да се обедини со неговите отуѓени поранешни членови на бендот. Во неговата тужба, Ексл рече дека Азоф не успеа да го промовира неговиот албум „Кинеска демократија“ и намерно ги откажа концертите, „присилувајќи го Роуз во позиција во која тој ќе нема друг избор освен повторно да се обедини со оригиналните членови на Ганс ен роузес и да оди на турнеја“.
Сајмон Геранс Геранс имал несреќен почеток на сезоната, откако ја скршил клучната коска во јануари, додека тренирал за Тур Даун Андер. Негова прва трка потоа била Страде Бјанке, но го скршил своето колено во друг пад при италијанската трка. Барал резултат кога се вратил на тркањето, но неговата лоша среќа продолжила откако паднал два пати на Лиеж-Бастон-Лиеж и ја напуштил трката. Меѓутоа, не се здобил со некои посериозни повреди при падовите. Учествувал на Џиро д’Италија и повторно паднал на дождливата дванаесетта етапа, присилувајќи да ја напушти. На Тур де Франс, Геранс бил вклучен во масовен пад при голема брзина на третата етапа и морал да ја напушти трката поради скршен рачен зглоб.
Лошиот поручник (филм од 1992) Полицаецот не може да ја разбере милоста на калуѓерката и паѓа во очај. Потоа, оди во зградата каде што живеат силувачите (двајца млади момчиња), ги зема со себе и ги качува во автобус, присилувајќи ги да го напуштат градот полн со насилство и да отпочнат нов, подобар живот. Тој пак е очаен, зашто знае дека за него е премногу доцна да се ослободи од гревовите. Откако ќе ги испрати момчињата, неговиот автомобил го пресретнуваат криминалците на кои тој им должи пари и го убиваат.
Изгубени Првата сезона обработува 25 епизоди кои се емитуваа секоја среда во 20:00 во САД, почнувајќи од 22 септември, 2004. Авион се урива поставувајќи ги преживеаните патници на Оушеаник лет 815 на навидум напуштен тропски остров, присилувајќи ја групата непознати да соработува ако сака да преживее. Нивниот опстанок е загрозен од мистериозни ентитети вклучувајќи поларни мечки, невидено суштество кое талка низ шумата и злонамерните населеници на островот познати како „Другите“. Наидуваат и на Французинка по име Даниел Русо која преживеала бродолом на островот пред 16 години и пронашла мистериозно метално окно закопано во земјата. Направен е обид да се замине од островот на сплав.