Top 10 similar words or synonyms for purple

photographic    0.748726

rainbow    0.731866

cuts    0.715155

fritz    0.710570

sabbath    0.695194

blue    0.684862

дип    0.684789

talking    0.681880

парпл    0.680023

strangers    0.676961

Top 30 analogous words or synonyms for purple

Article Example
Deep Purple Бендот стартува во март 1968 година во Deeves Hall, кантри-клуб во Јужен Мимс, Хартфордшир. Бендот свиреше во живо, пишуваше и правеше проби во Deeves Hall, кој беше целосно опремен со најновите појачала на Маршал. После кратка турнеја во Данска и Шведска во април, каде настапуваа под името Roundabout, Блекмур предложи ново име: Дип парпл, според омилената песна на неговата баба. Групата го одбра тоа име покрај Concrete God, за кое мислеа дека е премногу грубо.
Deep Purple На жалост, продуцентската куќа на Дип парпл, Тетраграматон од Северна Америка, која имаше некои проблеми го одложи продуцирањето на албумот „Дип парпл“, за после завршувањето на американската турнеја на бендот во 1969 година. Ова, како и недоволната промоција од продуцентската куќа која беше пред распаѓање, предизвика мала продажба на албумот, кој не се ни најде на топ-листата Билборд 100. Кратко по издавањето на третиот албум, Тетраграматон се распадна и го остави бендот без пари и иднина (средствата од Тетраграматон беа одземени од Варнер Брос. Рекордс, кои ќе ги издадат албумите на Дип парпл во САД во седумдесеттите). Во текот на американската турнеја во 1969 година, Лорд и Блекмур се состанаа со Пајс да дискутираат за да продолжат во „потешка“ насока со бендот. Чувствувајќи дека Еванс и Симпер нема добро да се вклопат во хеви-рок стил, ги заменаа тоа лето. Пајс изјави „Мораше да дојде до промена. Ако тие не си заминеа, бендот би бил потполно дезинтегриран“.
Deep Purple После растурањето, многу од поранешните и сегашните членови достигнаа значителен успех во голем број други бендови, меѓу кои Гилан, Вајтснејк и Рејнбоу. Меѓутоа имаше доста промотери кои се обидуваа да го натера бендот повторно да се обедини, особено со оживувањето на хард рок пазарот кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите. Во 1980 година, некои членови од бендот кои беа на турнеја се соочија со Род Еванс (единствениот член кој некогаш бил во Дип парпл), кој го користеше името без дозвола. Поради тоа тој им плати 672 000 долари.
Deep Purple Во мај 1968 година, бендот отиде во студијата „Пај“ во „Марбл Арч“, Лондон, за да го снимат нивниот деби-албум „Сенките на Дип парпл“, кој беше издаден во јули. Групата имаше успех во Северна Америка со преработката од Џо Саут, „Hush“ и до октомври 1968 година песната достигна до 4 место на Билборд Хот 100 во САД и 2 место на канадската RPM топ-листа. Истиот месец, Дип парпл се договорија со Крим, да одат на нивната „Goodbye“ турнеја.
Deep Purple Вториот албум на бендот, „Книгата за Талисин“ (во кој се најде преработка од песната на Нил Дајмонд, „Kentucky Woman“), сбеше издаден во Северна Америка во склоп на турнејата, и достигна до 38 место на Билборд, и 21 место на RPM листата, иако во нивната земја нема да биде издаден дури до наредната година. На почетокот на 1969 година Дип парпл го снимија нивниот трет албум, едноставно наречен „Дип парпл“. Албумот содржеше стрингсови на една песна („April“), што го покажа влијанието на класичарите, како што се Бах и Римски-Корсаков, врз Лорд. Незадоволни од можностите за сингл од овој албум, бендот исто така ја снимија „Emmaretta“, именувана според Емарета Маркс, тогаш актерка во мјузикалот „Hair“, која Еванс проба да ја заведе. Ова ќе биде последната снимка со оригиналната постава.
Deep Purple Кратко по оркестралниот албум, Дип парпл тргнаа на избрзана турнеја и снимање што им остави малку време за одмор во наредните три години. Нивниот прв студиски албум во овој период, издаден на средина од седумдесеттите, беше „Во рок“, кој ги содржеше тогаш концертните „Speed King“, „Into The Fire“ и „Child in Time“. Бендот исто така го издаде синглот „Black Night“, кој беше помеѓу првите десет на листата во Велика Британија. Солирањето на гитара на Блекмур и дистрозираната органа на Лорд, заедно со „завивачките“ вокали на Гилан и ритам секцијата на Гловер и Пајс, сега почнаа да имаат уникатен идентитет што подоцна го одвои бендот од раните албуми. Заедно со албумот Лед Цепелин, Led Zeppelin II и Paranoid на Сабат, „Во рок“ го дефинираа хеви метал жанрот.
Deep Purple Албумот што резултираше, „Дојди вкуси го бендот“, беше издаден во октомври 1975 година. Покрај мешаните критики, колекцијата го оживеа бендот уште еднаш, додавајќи нов, екстремен фанк раб на нивниот хард рок звук. Влијанието на Болин беше суштинско, и со охрабрување од Хјуз и Ковердејл, гитаристот го разработи повеќето од материјалот. Подоцна, личните проблеми со дрога почнаа да се манифестираат, и после откажаните настапи и недовршените изведби на концертите, бендот беше во опасност.
Deep Purple Во април, 1984 година, осум години после распаѓањето на Дип парпл, се случи оригинално (и легално) повторно обединување со „класичната“ постава од раните седумдесетти – Гилан, Лорд, Блекмур, Гловер и Пајс. Реоформираниот бенд потпиша меѓународен договор со Полиграм, со Меркјури рекордс, издавајќи нивни албуми во САД, и Полидор рекордс во Велика Британија и други земји. Албумот „Комплетни странци“ беше снимен во Вермонт и издаден во октомври 1984 година. Солидно издание, се продаде добро (достигна до 5 место во Велика Британија и 17 место на Билборд 200 во САД) и ги содржи сингловите и концертните „химни“ „Knockin’ at Your Back Door“ и „Perfect Strangers“. Потоа следуваше турнеја за повторното обединување, започнувајќи во Австралија, па ширум светот до Северна Америка, потоа во Европа во наредното лето. Финансиски, турнејата имаше исто така огромен успех. Во САД, турнејата во 1985 година ги надмина сите освен таа на Брус Спрингстин. На 22 јуни 1985 година бендот одржа концерт во Небврт (со главна поддршка од Скорпионс; исто така на концертот настапија ЈуЕфОу и Мит Лоуф), каде времето беше лошо (пороен дожд и кал од 6 инчи) пред 80 000 обожаватели.
Deep Purple Во февруари 2007 година, Гилан ги замоли обожавателите да не го купуваат албумот во живо „Come Hell or High Water“, издаден од Сони БМГ. Ова беше снимка од настап во 1993 година во NEC во Бирмингем, кога Гилан и Ричи Блекмур едвај си зборуваа. Снимките од овој настап беа претходно издадени без отпор од Гилан или некој друг член, но тој рече: „Тоа беше еден од најниските моменти во мојот живот – всушност од нашите животи“.
Deep Purple Во 1967 година, поранешниот тапанар на Searchers, Крис Куртис, го контактира лондонскиот бизнисмен, Тони Едвардс, со надеж дека ќе може да состави нова група, која ќе се вика Roundabout. Визијата на Куртис беше „супергрупа“ каде што што членовите на бендот ќе варираат (свирејќи), како музичка дигресија. Импресиран од планот, Едвардс се согласи да го финансира неговиот проект со два бизнис-партнери: Џон Колета и Рон Хајр, двата од Hire-Edwards-Coletta (HEC) Enterprises.