Top 10 similar words or synonyms for lightning

rage    0.918529

remains    0.916609

truth    0.913298

beyond    0.910584

shady    0.909147

roots    0.907201

calling    0.906936

behind    0.905736

magnificent    0.905344

perfect    0.905314

Top 30 analogous words or synonyms for lightning

Article Example
Ride the Lightning Ride the Lightning е вториот студиски албум на Metallica, издаден во 1984 година. Овој проект следел по издавањето на нивниот деби-албум "Kill 'Em All". Овој албум се снимаше во Копенхаген, Данска, родната земја на тапанарот Ларс Улрих. Како продуцент на ова ЦД се потпишува Флеминг Расмусен, кој ги продуцирал и наредните два албуми од оваа група. Како ко-автор на две песни од албумот се јавува поранешниот член на Металика, Дејв Мастејн. По официјалното излегување во продажба на носачот на звук, Металика потпишале скап договор со големата продукциска куќа Електра. Што се однесува до комерцијалниот успех на албумот, од него во моментов се продадени преку 6 милиони копии само во САД. Овој материјал доживеал дигитално ре-издание со дел од песните изведени во живо како бонус нумери.
Ride the Lightning Петтата нумера по ред е демонстрација на треш металот во неговиот вистински сјај. Брзо темпо кое се граничи со лудило, текст за духот заробен во ледена школка. Доста забавна композиција за слушање, но без некое суштинско значење. Дел од фановите текстот го толкуваат како приказна за човек заклучен во операциона сала, на кој му се вршат експериментални хируршки зафати на екстремно ниска температура. Многу дет метал бендови имаат направено своја преработка на песнава, од кои највпечатлива е онаа на Exhumed.
Ride the Lightning Песната започнува со краток дел на акустична гитара, пример за музичкото созревање на Металика, како и за нивното пишување покомплексни композиции. Текстот се занимава со Армагедон и крајот на светот, додека музиката по воведот па сѐ до крајот е изведена со неверојатна брзина. Исто така и инструменталната изведба е технички совршена, заедно со целокупниот аранжман на албумот, кој е далеку подобрен. Инаку песната е ретко е изведувана во живо, последен пат на фестивалот „Orion Music + More“ во Њу Џерси, каде бендот го отсвирел целиот албум "Ride the Lightning".
Ride the Lightning „Creeping Death“ или "притаена смрт" е можеби најдобрата песна на албумот и втората најизведувана песна на концертите на Металика, (1362 пати досега). Содржи библиски мотиви, поточно ги раскажува 10-те проклетства со кои Бог го казнил Египет затоа што фараонот не ги пуштил Евреите да си заминат од таму. Има величествен почеток, а особено е познат мостот на средина од песната, каде фановите извикуваат „Die“ (умри), а Хетфилд продолжува „Die by my hand“ ("умри од мојата рака"). Текстот е пишуван од гледна точка на Мојсеј, кој е "Избраниот" од Господа да го извлече својот народ од египетската земја Гошен. Завршниот рефрен обично го пеел басистот Џејсон Њустед додека беше дел од Металика, додека по неговото заминување фановите го исполнуваат крајот на песната. Ако некој праша што е тоа треш метал, повеќето познавачи ја посочуваат токму оваа песна како класичен пример.
Ride the Lightning Автор на сите текстови е Џејмс Хетфилд.