Top 10 similar words or synonyms for dominos

derek    0.886913

thunderbolt    0.792911

beast    0.770515

yardbirds    0.755598

yoü    0.751460

clash    0.750328

damned    0.749507

stooges    0.743998

doors    0.735886

rattle    0.734762

Top 30 analogous words or synonyms for dominos

Article Example
Derek and the Dominos (бенд) По снимањето на „Layla and Other Assorted Love Songs“, групата отишла на турнеја во САД во кога не бил вклучен Дјуен Алман кој се вратил во својот бенд по снимањето на албумот. При сеќавањето на Витлок во врска со дрогата тој вели: Поради дрогата, турнејата резултирала со добро пречекан албум во живо, „In Concert“, кој бил снимен при неколку изведби во „Fillmore East“, Њујорк.
Derek and the Dominos (бенд) Бендот се распаднал во Лондон пред да ја снимат нивната втора плоча. Подоцна, при интервју со музичкиот критичар Роберт Палмер, Клептон рекол дека албумот „се распаднал на пола пат поради паранојата и тензијата, а бендот, едноставно, се распаднал“. Иако Редли и Клептон работеле заедно уште неколку години подоцна, истото не се случило по разделбата на Клептон и Витлок. Редли умрел во 1980 поради компликации од инфекцијата на бубрезите предизвикани од алкохол и дрога. Џим Гордон, кој бил недијагностициран шизофреничар, ја убил со чекан својата мајка во 1983 за време на психотична епизода. Во 1984 бил преместен во болница за ментално пореметени луѓе, каде што престојува и ден денес.
Derek and the Dominos (бенд) Почетоците на „Derek and the Dominos“ можат да се пронајдат во „Delaney, Bonnie & Friends“ каде што сите членовите претходно свиреле, вклучувајќи го и Дјуен Алман кој свирел пред Клептон. Тоа што ги натерало членовите да си заминат од овој бенд биле постојаните несогласувања помеѓу Диланеи и Бони Бремлит, а Витлок за тоа вели: Гордон и Редли ги напуштиле „Delaney, Bonnie & Friends“ за да свират со Џо Кокер на неговата турнеја со Лион Расел, но Витлок останал уште кратко потоа заедно со Бремлит.
Derek and the Dominos (бенд) Кога албумот бил издаден во декември, 1970, доживеал критички и комерцијален неуспех. Албумот не успеал да се искаче во првите 10 во САД, а во ОК не бил ни рангиран на листите. Добил многу малку внимание за што некои ги криват „Polydor Records“ поради лошата промоција и генералното незадоволство од анонимноста на Клептон во бендот..
Derek and the Dominos (бенд) По распадот, Клептон одлучил да оди на лекување поради неговата хероинска зависност што резултирало со краток прекин на неговата кариера, поточно од концертот концертот за Бангладеш на Џорџ Харисон во 1971 до „Rainbow Concert“ во 1973 (видете 1973 во музиката), концерт организиран од бендот на Пити Тоуншенд, „The Who“.
Derek and the Dominos (бенд) Derek and the Dominos биле блуз-рок бенд формиран во пролетта, 1970-та, од гитаристот Ерик Клептон, клавијатуристот Боби Витлок, басистот Карл Редли и тапанарот Џим Гордон, а сите овие свиреле заедно со Клептон во бендот „Delaney, Bonnie & Friends“.
Derek and the Dominos (бенд) За потеклото на името „Derek and the Dominos“ има повеќе варијанти кои се споменувале низ текот на годините. Според Џеф Декстер, името било одредено уште на 14 јуни, 1970, на една свирка во „Lyceum Theatre“, Лондон, каде што биле именувани како „Eric Clapton and Friends“. Декстер го прашал Клептон дали може кога ќе излезе за да го најави следниот дел од свирката да ги претстави како „Eric Clapton and Friends“, а на тоа Клептон и Харисон веднаш се сложиле. Декстер вели дека кога го запознал Ештон со Клептон, тој наместо да рече: „Мило ми е што те запознав Ерик“, тој наместо Ерик го нарекол Дерек што довело да до крајот на турнејата, членовите од бендот, Клептон да го нарекуваат Дерек.
Derek and the Dominos (бенд) Албумот "Layla and Other Assorted Love Songs" бил именува како еден од најдобрите албуми на сите времиња во листата на „VH1“ (#89). и на листата на магазинот „Rolling Stone“ (#115).
Derek and the Dominos (бенд) Трагедијата го проследила бендот во текот на неговата кратка кариера. За време на сесиите, Клептон бил разочаран поради смртта на неговиот пријател и професионален ривал Џими Хендрикс; осум дена претходно, бендот снимил верзија на „Little Wing“ која била додадена во албумот во чест на Хендрикс. Една година подоцна, Дјуен Алман загинал во автомобилска несреќа. Како додаток на сето тоа, „Layla“ добил само млаки критики сo слаба продажба по издавањето. Клептон ова го сфатил премнгоу лично, препуштајќи се на дрогата и паѓајќи во депресија.
Derek and the Dominos (бенд) Витлок барал место каде што може да свири, па Стиви Кропер го советувал да го посети Клептон во Англија. Витлок ќе живее во куќата на Клептон и во тој период тие ќе се дружат и заедно ќе го напишат поголемиот дел од песните на „Dominos“.