Top 10 similar words or synonyms for ќерката

сестрата    0.919996

вдовицата    0.889435

сопругата    0.879661

внуката    0.853463

синот    0.805297

сопругот    0.800433

братот    0.792736

принцезата    0.792708

маргарита    0.791731

хелена    0.784127

Top 30 analogous words or synonyms for ќерката

Article Example
Ќерката на Агамемнон "Соединувајќи ги атмосферите на Кафка и Орвел", диптихот "Ќерката на Агамемнон / Наследникот" се смета за „едно од најдобрите и најсовршените остварувања на Исмаил Кадаре" – како што го нарекува во воведот кон првото издание Клод Диран, тогашниот главен уредник на францускиот издавач на Кадаре, Фајар. Опишувајќи го како „хируршки директен“ во својата критика кон тоталитарниот режим, во еден подолг преглед на Кадареовиот опус за "Њујоркер", Џејмс Вудс ја нарекува "Ќерката на Агамемнон" „можеби најдобрата книга“ на Кадаре, сметајќи дека таа, заедно со "Наследникот", го конституира „несомнено еден од најпотресителните записи за умствената и духовна контаминација спроведена врз поединецот од страна на тоталитарната држава“. Иако смета дека во двата романи Кадаре „го губи некогашниот голем романескнен елан [од] "Генералот на мртвата војска", "Скршениот април" и "Палата на соништата"“, во „Универзумот на романескната уметност на Кадаре“, Луан Старова оценува дека, сепак, албанскиот автор успеал, „со не помал успех да го допише и со овие два сегмента големиот роман за жртвувањето, како можеби единствен потфат во светските литератури“.
Ќерката на Агамемнон Пишувана во текот на последните години од комунистичкиот режим во Албанија, "Ќерката на Агамемнон" е еден од трите манускрипти што Исмаил Кадаре успева да ги прошверцува од Албанија по смртта на Енвер Хоџа, со помош на својот француски уредник, Клод Диран. Со цел да ги изнесе во Париз, првите страници од трите ракописи Кадаре ги камуфлира како албански преводи на дела од Зигфрид Ленц; книгите ги комплетира Диран по две патувања во Тирана каде успешно го собира остатокот од манускриптите и истите ги депозитира во банкарски сеф во Париз. Преведен од страна на познатиот албански виолинист, Теди Папаврами, од оригиналниот и неревидиран ракопис, "Ќерката на Агамемнон" првпат се појавува на француски во 2003 година, откако Кадаре веќе го пишува и нејзиното продолжение, "Наследникот".
Ќерката на Агамемнон Како што е обично случај со Кадаре, судбината на дел од овие луѓе – со исклучок на Сузана, имињата на сите останати се заменети со иницијали – е сопоставена на еден древен балкански наратив, првпат воведен како разјаснувачки коментар на подемот на Р. З., сикофант што преживеал дел од комунистичките чистки на начин што никому не му е доволно јасен. Приказната зборува за ќелавиот човек кој е спасен од Пеколот од страна на еден орел, кого за возврат тој го храни со сопственото месо; кога стигнува на небото, од него не останува ништо повеќе од скелет.
Ќерката на Агамемнон На македонски, диптихот е објавен брзо по неговото печатење, во 2003 година, од страна на Табернакул, во превод на Луан Старова ("Ќерката на Агамемнон") и Фатбардха Шеху ("Наследникот").
Ќерката на Агамемнон Целото дејство од новелата се случува во текот на неколку часа додека главниот наратор, анонимен телевизиски новинар со либерални ставови, се движи од својот дом кон стадионот каде се одржува годишната првомајска парада. На парадата ѝ претходат два настани: наратарот добива неочекувана покана да присуствува на прославата со место во ложата, а Сузана, ќерката на претпоставениот наследник на Водачот – благо завиен портрет на албанскиот претседател Енвер Хоџа – ја раскинува својата врска со нараторот, повикувајќи се на стравот што таа би можела да го оцрни угледот на нејзиниот татко. Слично како во Џојсовиот "Улис", новелата е внатрешен монолог што ги следи размислите на нараторот за Сузана и за луѓето со кои тој се среќава додека се движи до трибините на стадионот. Како таква, новелата функционира како еден вид "портфолио на скици за човекиов распад – сублимиран Пекол, во текот на кој наратарот среќава низа режимски жртви".
Ќерката на Агамемнон Па, сепак, клучната аналогија е онаа што нараторот ја открива при прочитот на Грејвсовите "Грчки митови", онаа што континуирано го искушува да ја изедначи судбината на Сузана (како и судбината на Сталиновиот најстар син Јаков Џугашвили) со судбината на Агамемнонвата ќерка, Ифигенија – сите жртви на „цинична тиранска промисла“ чија задна цел е да им даде право на тираните – независно дали Агамемнон, Сталин, Хоџа, или, како во случајов, Наследникот на Водачот – право да го бараат животот на кој и да е друг во иднина.
Ќерката на математичарот/33,33 Ќерката на математичарот/33,33 — роман на македонскито писател Венко Андоновски, објавен во 2013 година од страна на издавачката куќа "Табернакул".
Ќерката на математичарот/33,33 Романот "Ќерката на математичарот/33,33" се состои од две книги, ставени една во друга, т.е. од едната книга (Ќерката на математичарот) се одвојува помалата книга (33,33). Во "Ќерката на математичарот" се сретнуваат бројни жанрови: детективски трилер, сатанистички хорор, љубовна новела, мистична приказна, транзициски роман итн. Притоа, во приказната се сретнуваат повеќето главни ликови од претходните дела на Андоновски. Во тој поглед, авторот користи бројни алатки, својствени за постмодерната литературна постапка, како: мешање на жанровите, нарушување на илузијата на раскажувањето, техники на објаснување на своите раскажувачки измислици, замаглени авторства, говор по смртта, сцени надвор од реалното итн.
Ќерката на математичарот/33,33 Помалата книга "33,33" претставува новела или прозна поема посветена на Тоше Проески, иако тој не се споменува отворено, туку тој е претставен преку името Тео. Притоа, Андоновски се послужува со книжевната форма хагиографија и користи архаизиран библиско-теософски параболичен говор.
Ќерката на Агамемнон Ќерката на Агамемнон () е новела од 2003 година на албанскиот писател и инаугурален добитник на престижната книжевна награда, „Меѓународен Ман Букер“, Исмаил Кадаре. Се работи за првиот дел од диптих чиј втор и подолг продолжеток е објавен истата година под наслов "Наследникот". Многу критичари го сметаат диптихот за негово најзначајно остварување.