Top 10 similar words or synonyms for цирозата

уретрит    0.769516

идиопатската    0.751538

копривкарите    0.743417

инфламација    0.741359

цироза    0.736073

дифтеријата    0.734463

rickettsia    0.734189

neisseria    0.733955

протеаза    0.732736

алопуринол    0.727798

Top 30 analogous words or synonyms for цирозата

Article Example
Хепатитис Како најтешка компликација од хепатитисот е настанување на хронична црнодробна инсуфициенција која води до цироза. Цирозата претставува состојба од која нема опоравување на црнодробното ткиво, и води до сигурна смрт доколку не се изврши трансплантација на црн дроб. Настанува и оштетување на белите дробови, бубрегот, мозокот и другите органи.
Хепатит Ц Цирозата на црниот дроб може да води до висок крвен притисок во вените што се поврзани со црниот дроб, насобирање на течност во абдоменот, лесни модринки или крварење, зголемени вени, особено во стомакот и езофагусот, жолтица (пожолтување на кожата) и оштетување на мозокот.
Вилсонова болест Болеста го носи името на британскиот лекар Самуел Александар Киниер Вилсон (1878-1937), невролог кој во 1912 година ја опишал состојбата што ги вклучува патолошките промени во мозокот и црниот дроб. Неговото дело било изградено врз основа на истражувањата и извештаите на повеќе доктори пред него; германскиот невролог Карл Вестфал, кој во 1883 го нарекол заболувањето "псевдосклероза", Британскиот невролог Вилијам Гауерс(1888), и Адолф Штрумпел, кој во 1898 ја забележал цирозата на црниот дроб.
Хепатит Ц Kaj oсумдесет отсто од оние што се изложени на вирусот се развива хронична инфекција. Повеќето луѓе искусуваат минимални или воопшто не искусуваат симптоми во првите децении од инфицирањето, иако хроничниот хепатитис Ц се поврзува со умор. Хепатитис Ц е главен причинител за цироза и рак на црниот дроб кај оние што биле инфицирани многу години. Кај 10–30% од инфицираните луѓе постари од 30 години се развива цироза. Цирозата е позачестена кај оние со хепатитис Б или ХИВ, алкохоличарите и кај мажите. Кај оние што заболуваат од цироза има дваесеткратно поголем ризик за рак на црниот дроб, што е годишна стапка од 1-3%. Кај алкохоличарите, ризикот е стократно зголемен. Хепатитис Ц е причинител на 27 отсто од случаите со цироза и 25 отсто од случаите со рак на црниот дроб.
Рак (болест) Вирусите на хепатит, вклучувајќи ги хепатитот Б и хепатитот Ц можат да предизвикаат хронична вирусна инфекција што на годишно ниво, кај 0,47% од пациентите заболени од хепатит Б доведува до рак на црниот дроб (особено во Азија, а помалку во Северна Америка), и кај 1,4% од заболените од хепатит Ц. Цирозата на црниот дроб, без разлика дали потекнува од хроничен вирусен хепатит или алкохолизам, е тесно поврзана со развивањето на рак на црниот дроб, и комбинацијата од цироза и вирусен хепатит претставува најголем ризик за развивање на рак на црниот дроб. Во светски рамки, ракот на црниот дроб е еден од најраспространетите и најсмртоносните видови рак, што се должи на лесната преносливост на вирусниот хепатит и болестите.
Хепатит А Акутниот хепатитис Б е со релативно кусо траење, кој ретко се открива. Околку 50 до 70% од инфекциите се асимптоматични. 5% прогресираат во хроничен хепатитис, цироза на црн дроб или примарен хепатоцелуларен карцином. Децата кои заболуваат од хепатитис Б во најголем дел се асимптоматски, но кај нив стапката на развој на хроничен хепатититс Б е повисока од 95%. Хепатитот Б дава симптоми кои се слични на симптомите на грипот, а тоа се: зголемена телесна температура, треска, мачнина, гадење, замор, општа слабост, темна боја на урината и жолта боја на кожата и белките на очите. Сите деца кои се изложени на опасност да се разболат од жолтица – хепатит Б, треба да бидат заштитени од оваа болест. Во крајни случаи, хепатитот Б може да го уништи црниот дроб и да предизвика смрт. Активноста на трансаминазите (ензими на црниот дроб) се 10-30 пати над референтните вредности. HbsAg може да е детектибилен во крвта дури и во почетниот период.Од друга страна пак, многу луѓе можат да бидат заразени од вирусот и да го „носат“ во себе долго време, па дури и цел живот, а без да се свесни за тоа.Тоа што не постојат симптоми и знаци на инфекцијата со хепатит Б кај некои луѓе, не значи дека таа и не постои. Вирусот е присутен во организмот и тој предизвикува оштетување на црниот дроб, кое со тек на време доведува до развој на цироза, а цирозата, пак, е еден од факторите на ризик за настанување на ракот на црниот дроб. Според тоа, како фактор на ризик за настанување на примарниот рак на црниот дроб е и инфекцијата со вирусот на хепатитот Б. Значајно е и тоа што ова е заразно заболување, а тоа значи дека лесно може да се пренесе од болен на здрав човек. Луѓето кои се носители на вирусот на хепатитот Б може да заразат други здрави луѓе, иако самите не знаат дека се носители на вирусот.