Top 10 similar words or synonyms for цевчести

сплескани    0.884750

црева    0.863411

паразитски    0.858160

црви    0.855478

клеточни    0.852432

мекотели    0.851826

лишаи    0.851261

грутки    0.841741

ткивни    0.837533

коскени    0.836484

Top 30 analogous words or synonyms for цевчести

Article Example
Цевчести црви Многу нематоди се способни да ги суспендираат своите животни процеси кога условите на животната средина станваат неповолни; во овие отпорни стадиуми тие можат да преживеат екстремно сушење, топлина или студ, а дури потоа да се вратат во живот кога повторно ќе настапат поволни услови. Ова е познато како криптобиоза и е карактеристика која цевчестите црви ја делат со ротиферите и тврдокрилците.
Цевчести црви Телото на цевчестите црви е долго и тенко, а понекогаш може да биде и во вид на конец. Токму од оваа особина доаѓа и името на овие животни - зборот "нематода" доаѓа од грчкиот збор "nema" што значи "конец". Епидермисот (кожата) на нематодата е многу необичен; тој не се состои од клетки како кај другите животни, туку од маса на клеточен материјал и јадра без јадрена мембрана. Тој секретира тенка надворешна кутикула која е жилава и флексибилна. Кутикулата е карактеристика која ја делат нематодите со членконогите и другите екдисозои. Како и кај другите групи животни со кутикула, така и кај цевчестите црви таа се слекува за време на животот на единката, обично четири пати пред таа да го достигне возрасниот стадиум. Кутикулата е најблиската обвивка која кружните црви ја поседуваат до скелетот, и всушност црвот ја користи својата кутикула како поддршка и лост при движењето. Долгите мускули лежат под епидермисот. Тие се наредени лонгитудинално низ внатрешноста на телото, така што нематодата може само да го совива своето тело од една на друга страна, а не да ползи или да се подигнува.
Цевчести црви Цевчестите црви (или кружни црви, односно Nematoda) се голем тип на животни со илјадници видови. Овие црви некогаш се класифицирале во многу голема и хетерогена група на животни, групирани врз база на нивната црвовидна форма, едноставната структура на телесната празнина (наречена псевдоцелом) и отсуството на некои други карактеристики, како трепки и добро дефиниран главен регион (глава). Оваа група, порано позната како "Aschelminthes" или "Pseudocoelomata", денес не е признаена како природна. Мошне е веројатно дека едноставниот план на градба на телото кај овие организми резултирал од редукцијата и упростувањето на повеќе од една група на предци. Едноставноста на градбата е резултат на секундарно упростување на покомплексен телесен дизајн. Поновите студии индицираат дека нематодите се всушност поврзани со членконогите и приапулидите во една релативно нова група - екдисозоа.
Цевчести црви Главата на цевчестите црви има неколку ситни сетилни органи и усна празнина која се отвора кон голтник, каде храната се раздробува. Понатаму, голтникот води до долга, едноставна цревна празнина чиј ѕид не е изграден од мускули, од каде несварените остатоци се исфрлаат преку анусот лоциран близу врвот на дорзалниот дел од животното. Дигерираната храна во цревото не се дистрибуира со циркулаторен систем, а исто така отсуствува и систем за дишење за дистрибуција на кислородот. Наместо на овој начин, хранливите материи и екскретите се дистрибуираат во телесната празнина, чија содржина е регулирана од страна на екскреторни канали на двете страни од телото.
Цевчести црви Пронајдени се фосилни нематоди во карпи. Повеќето цевчести црви се микроскопски, што значи дека откривањето на нивни фосили е многу тешко. Од друга страна, еден вид на паразитска нематода може да достигне 13 m во должина. Кај цевчестите црви отсуствуваат и основни цврсти елементи, што е една од причините за тешка фосилизација. Без разлика на овие проблеми, фосилните нематоди можат повремено да се најдат во смола од кенозоикот.
Цевчести црви Мускулите се активираат од два нерва кои се протегаат по должина на нематодата на двете страни (грбната и стомачната). За разлика од другите животни, каде нервите се разгрануваат до мускулните клетки, истите кај цевчестите црви се разгрануваат кон нервите. Вентралниот (стомачен) нерв поседува серии на нервни центри по неговата должина, и двата нерва се поврзуваат со нервен прстен и додатни нервни центри кои се лоцирани во главата.
Цевчести црви Цевчестите црви живеат насекаде на Земјата. Можат да живеат и во екстремни живеалишта, како мраз и топли извори, како и на речиси секое активно животно или растение. Слободните нематоди се многу застапени во почва и седименти, каде се хранат со бактерии и детритуси. Другите цевчести црви се паразити и можат да предизвикаат болести кај економски важни посеви. Останатите паразитираат на животни (вклучувајќи го и човекот); добро познати паразитски нематоди се кукестите црви, игличестите црви, Гвинеја црвот (од родот Dracunculus) и цревните цевчети црви од родот Ascaris.
Амброзија (растение) Машките цветови се бледожолти, цевчести, собрани во полутопчести, висечки, густи цветови во облик на класје, a женските се формираат во пазувите на горните цветови, под машките, во вид на поединечни цветови.
Нивелир Кај геодетските инструменти либелите служат за поставување на оската во вертикална или хоризонтална положба, а исто така се користат и кај геодетскиот прибор. Според обликот либелите може да се поделат ана цевчести и кружни.
Ксилем Ксилем или ксилемско спроводно ткиво се јавува како прилагодување на растенијата на копнен начин на живот. Со ксилемското спроводно ткиво се пренесуваат водата и растворените минерални материи од коренот до листовите. Kсилемот е изграден од надолжно поврзани цевчести клетки и ја пренесува водата нагоре од коренот кон стеблото и листовите.