Top 10 similar words or synonyms for христовски

јонче    0.914791

иваноски    0.882719

спасовски    0.881917

атанасовски    0.880474

цане    0.878951

ефтим    0.875872

аврамовски    0.873950

младеновски    0.873247

грујовски    0.872918

ѓорѓиевски    0.870329

Top 30 analogous words or synonyms for христовски

Article Example
Јонче Христовски Јонче Христовски (Битола, 1931 - Скопје, 15 април 2000) — истакнат македонски пејач, текстописец и композитор на песни во народен дух, исклучително популарен естраден yметник, кој славата на македонскиот мелос ја пронесувал низ целиот свет. Создал сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката. Најзапаметени меѓу народот ќе останат неговите сценски настапи со фрлање на палтото на земја, бакнување на земјата и боемскиот мераклиски начин на живот отсликан во неговите изведби на песните. Неговите песни изобилуваат со изворен македонски народен звук и ритмика и силен македонски патриотски дух на љубов кон Македонија, но и кон животот, песната, љубовта.
Стево Христовски Стево Христовски - Патако (1920-1943), македонски револуционер, личност која беспоштедно ѝ се предава на ослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ за слобода.
Јонче Христовски Се прославил со својата песна „"Македонско девојче китка шарена"“ (1964), чии препеани верзии се појавиле на англиски, германски, дански, италијански, руски, српски, француски и шпански јазик. Впечатливи му биле и изведбите на песните: „"Животе мој"“, „"Ај засвирете ми чалгии"“, „"Запеј песна Македонко"“ и многу други во извонредно богатиот репертоар. Како најзапаметени и највпечатливи негови песни кои се до денес се своевидни химни меѓу македонскиот народ, со огромна популарност се песните "„Едно име имаме“", "„Ако умрам ил загинам“", "„Ој, Вардаре македонски“", "„И ние сме деца на Македонија“"', "„Мој роден крај“", "„Куќа имам на Пелистер“" и многу други. Член бил на ансамблот „Танец“ (пејач и играорец), каде како кореограф изработил и создал кореографии за неколку ора, меѓу кои и Калајџиското Оро. Како одговорен за народната музика во ТВ Скопје, ја иницирал серијата „"Распеани градови"“ (1974), еден од најзначајните проекти на ТВС.
Стево Христовски Уште пред војната станал член на КПЈ и се пројавувал со својата активност во редовите на револуционерното движење во Битола. За време на окупацијата, поради борбените негови активности, на двапати бил затворан и мачен. После тортурите во битолскиот затвор, бугарската полиција го интернирала во Кавала. При враќањето од интернација, на битолската железничка станица успеал да ѝ избега на полицијата. Претрпените мачења, тортури и интернацијата не успеале да го скршат неговиот револуционерен дух, туку го правеле уште поцврст и длабоко убеден во идеите кои ги пропагирала Партијата. После бегството, илегално живеел и дејствувал во Битола. За тоа време поминато во илегала, не мирувал, туку неуморно работел за револуционерното движење. За потребите на Партијата извршувал најразлични одговорни партиски должности. На 28 јули 1943 г. бил откриен и обиколен од бугарската полиција. Влегол во борба, но увидувајќи дека борбата е осудена на неуспех, со последнот куршум се убил, за да не падне жив во рацете на непријателот.
Александар Христовски Александар Христовски (Лазарополе, 24 мај 1933 - Скопје, 23 јануари 2000) - македонски поет и преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како управник на Центарот за странски јазици при Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ во Скопје. Член на ДПМ од 1967 година.