Top 10 similar words or synonyms for урамнотежат

обесхрабри    0.830376

охрабрат    0.829398

унапредува    0.829068

унапредат    0.828748

принудат    0.823580

заобиколувајќи    0.823129

охрабрила    0.821765

натерала    0.816905

опустошила    0.815940

разоткрие    0.815235

Top 30 analogous words or synonyms for урамнотежат

Article Example
Местоположба на европските институции И одредувањето локации на нови тела не е без политички спорови. Седиштето на Европската централна банка (ЕЦБ) треба да ја означува нејзината независност од политичка контрола и затоа таа е сместена во град во којшто нема национална влада или европска институција. Од 2004 година, исто така, сместени се нови агенции во Источна Европа, со цел да ја урамнотежат распределбата на агенции низ ЕУ.
Кривично право Казна - Криминалците треба да страдаат на некој начин. Тоа е најраспостранета цел. Криминалците имаат несоодветна предност или нанесле неправедна штета врз другите и според тоа кривичното право ќе ги стави криминалците во незгодна положба за да ги „урамнотежат скалилата“. Луѓето се покоруваат на законот за да го добијат правото да не бидат убиени и ако ги прекршат овие закони, тие ги предаваат правата кои им се предвидени со законот. Така, оној кој убива може самиот да се убие. Теорија поврзана со ова ја опфаќа идејата за „исправање на размнотежата“.
Јавни финансии Владата може да плати за трошењето преку позајмување ( на пример,со државни обврзници), иако позајмувањето е метод на распределување на даночните оптоварувања одвреме-навреме отколку како замена за даноците. Дефицит е разликата меѓу владиното трошење и приходите. Акумулацијата на дефицити со текот на времето е вкупниот јавен долг. Дефицитните финансии им овозможуваат на владите со текот на времето да ги урамнотежат даночните оптоварувања и им даваат на владите важно средство за фискална политика. Дефицитите исто така може да ги ограничат можностите на владините следбеници.
Развојна психологија Кога децата посетуваат забавиште, тие ги прошируваат своите општествени хоризонти и повеќе се вмешуваат со тие околу нив. Нагоните се насочени кон фантазирање и задачата на воспитувачите е да ја урамнотежат желбата за авантура, креативност и самоизразразување со развојот на одговорност. Ако правилно се грижат за поттикнување и постојано одржување на дисциплината, децата се со поголема веројатност да развијат позитивно мислење за себе додека да станат поодговорни и ќе ги следат преку доделените активности. Ако не е дозволено да се одлучи кои активности да се преземат, децата можат да почнат да чувствуваат вина по размислувањето за преземање иницијатива. Оваа негативна асоцијација со независност ќе доведе другите да донесуваат одлуки наместо нив.
Црна јама За да разбереме како може да се формира црна јама првин треба да го разбереме животниот циклус на една ѕвезда. Ѕвездата започнува да се формира кога големо количество гас (најмногу водород) ќе започне да колапсира како последица на взаемното гравитационо привлекување на атомите на гасот. Додека гасотсе збива атомите се судираат се' почесто и со се' поголеми брзини, а тоа значи дека гасот полека се загрева. На крајот гасот ќе биде толку жежок што водородните атоми веќе нема да се одбиваат едни од други туку ќе се спојуваат во атоми на хелиум. Топлината што се ослободува при оваа реакција, а тоа е некој вид контролирана експлозија на водородна бомба, е причина за сјајот на ѕвездите. Оваа дополнителна топлина го зголемува притисокот на гасот се' додека тој не биде доволно голем да го урамнотежи гравитационото привлекување и гасот не престане да се збива. Целата ситуација помалку наликува на балон тука се урамнотежува притисокот на воздухот од внатре кој се обидува да го прошири балонот и затегнатоста на гумата која се обидува да го намали балонот. Ѕвездата ќе си ја задржи стабилната форма уште долго време, се додека топлината што се ослободува од нуклеарните реакции го урамнотежува гравитационото привлекување. Но на крајот ѕвездата ќе го потроши целиот свој водород и сите свои други нуклеарни горива. Парадоксално е тоа што колку што ѕвездата на почетокот има повеќе гориво толку побрзо ќе го потроши затоа што поголемите ѕвезди мора да бидат потопли за да го урамнотежат гравитационото привлекување. А колку што една ѕвезда е потопло толку таа побрзо го користи своето гориво. Нашето сонце веројатно има доволно гориво за уште пет милијарди години, но поголемите ѕвезди можат да го потрошат горивото за само стотина милиони години, многу помалку од староста на вселената. Кога една ѕвезда ќе го потроши нуклеарното гориво започнува да се лади и да се намалува. Што може да и се случи потоа за прв пат станало јасно дури кон крајот на дваесеттите години од дваесеттиот век.
Мартас Вињард Локалните жители го нарекуваат островот , Вињард’’ а самите жители се наречени ,вињарди’’. Луѓето кои се преселуваат од копното на островот се нарекуваат ,вашашорс’’ (wash-a-shores). Малиот број на население кое живее на островот преку целата година е прилично многу вклучено во секојдневните активности на островот. Туризмот, идниот развој, политиката и многу други гранки се од голем интерес на заедницата. Интерес од најолема важност за жителите на островот е одржување рамнотежа помеѓу економијата за туризам, екологијата и дивиот свет на островот. Во споредба со сезонскиот прилив на богати посетители на островот, округот Дјук е еден од најсиромашните во државата. Жителите умеат да ги урамнотежат спротивностите и стресот во дадени ситуации, особено Комисијата на МВ и Општински служби на МВ, основани од Др. Милтон Меизер, автор на Луѓе и тешки ситуации , Живот и незгоди на Мартас Вињард..Најголем дел од жителите кои престојуваат на островот се богати посетители во текот на летото од североисточниот брег на САД. Иако многу ,Вињарди’’ се жители кои живеат насекаде низ САД а и странство, островот се стреми да биде дестинација за луѓето од поблиската околина. Многу заедници низ островот се обидуваат за ги зачуваат семејните корени и во текот на животот се обидуваат да изградат добрососедски и пријателски населби. Покрај ова, многу посетители за време на летото изнајмуваат куќи, било за викенд или за цела сезона, па затоа островот е познат и како , дом настарна од дома’’. Заради многубројните високоугледни жители, филмските ѕвезди, политичарите, писателите и уметниците се здружуваат со нив и организираат добротворни настани и настани за собирање на средства за подигање на свеста за кревкиот екосистем на островот, како и за подршка на организациите и услугите на заедницата. Најголем од овие настани е годишната Аукција: можни соништа..Познати славни личности кои живеат на островот или доаѓаат на посета се: Мајк Тајсон (Mike Tyson), американскиот претседател Барак Обама)Barack Obama), поранешниот претседател Бил Клинтон (Bill Clinton), државната секретарка Хилари Клинтон (Hillary Clinton); комичарот и шоумен Дејвид Летермен (David Letterman); Бил Мареј (Bill Murray); Кралицата Елизабета (Queen Elizabeth); Роџер Мур (Roger Moore);Марко Борсато (Marco Borsato), Квинси Џонс (Quincey Jones); Тед Дансон (Ted Danson) и жена му Мери Стинбурген (Mary Steenburgen); Лери Дејвид (Larry David); Браќата Фарели (Farelli); Мег Рајан (Meg Ryan) и музичарката Карли Сајмон (Carly Simon). Журналистот Мајк Волис (Mike Wallace) од 60 минути исто така е жител на островот за време на летото. Телевизискиот новинар Волтер Кронкајт (Walter Cronkite) истотака беше угледен жител за време на летото. Други познати посетители кои редовно го посетуваат островот се филмскиот режисер Спајк Ли (Spike Lee), адвокатот Ален Дершовиц ( Alan Dershowitz), комичарите Ден Ејкројд (Dan Aykroyd) и Џим Белуши (Jim Belushi), политичарот Вернон Џордан (Vernon Jordan) и новинарките Дајен Сојер (Diane Sawyer ) и Чарлин Хантер-Голт (Charlayne Hunter-Gault). Многу познати посетители беа забележани во последните година како Ризи Витерспун (Reese Witherspoon), Џејк Гајленхал (Jake Gyllenhaal) како и Чарлиевите ангели Кејт Џексон (Kate Jackson), Стенли Тучи (Stanley Tucci), Бијонсе Ноулс ( Beyoncé Knowles), Џеј Зи (Jay-Z),Том Велинг (Tom Welling), Стивен Тајлер (Steven Tyler) и Реј Романо (Ray Romano). И покрај посетеноста од познати личности како , Источен Холивуд’’, островот е дискретно и тивко место; познатите доаѓаат тука за да уживаат во атмосферата , а не за да бидат видени.