Top 10 similar words or synonyms for ужаснат

стаписан    0.677082

запрепастен    0.669426

восхитен    0.666526

згрозен    0.659850

протестант    0.656247

хранет    0.645887

фасциниран    0.645267

негуван    0.641868

огорчен    0.641054

непопустлив    0.639141

Top 30 analogous words or synonyms for ужаснат

Article Example
Франсоа Волтер Неговата најпозната забелешка за ропството се наоѓа во „Кандид“, каде херојот е ужаснат со сознанието „по која цена јадеме шеќер во Европа“. На друго место пак, остро пишува за „белци и христијани кои продолжуваат да купуваат црнци на пазар за стоки, за да ги продадат скапо во Америка“.
Кевин Картер Картер бил првиот кој фотографирал јавно погубување во Јужна Африка, кон средина на 1980-те години. Подоцна за тие фотографии изјавил: „Јас бев ужаснат од она што го правеа. Но, потоа луѓето почнаа да зборуваат за фотографиите, и сфатив дека не е лошо да се биде сведок на нешто толку стравично.“
Фонтана на младоста Бимини и неговите закрепнувачки води беа позната тема и на Карибите. Хроничарот со италијанско потекли Петар Мартир де Англиера му раскажувал на Папата за нив во неговото писмо во 1513, но сепак тој не верувал во приказните и бил ужаснат поради тоа ногу други луѓе верувале.
Клетници Мариус полека заздравува од повредите и тој и Козета се венчаваат. Тенардие го забележува Валжан помеѓу свадбарите заземајќи ја страната на невестата, наредувајќи и на Азелма да ги следи. По свадбата Валжан му признава на Мариус дека тој е поранешен осуденик. Мариус е ужаснат од откритието. Убеден дека Валжан е човек со лош морал, ја отргнува Козета од него. Валжан ја губи желбата за живот и залегнува во неговиот кревет.
Маргарита Валоа Кога во 1582 година се разболела, кралицата Маргарита се вратила во дворецот на нејзиниот брат Анри III во Париз. Брат ѝ бил ужаснат од нејзината репутација со што таа била принудена да го напушти дворецот. По долги преговори ѝ било дозволено да се врати кај сопругот во Навара, но пречекот бил ладен. Решена да ги надмине овие тешкотии, испланирала државен удар и го превзела Ажен, еден од нејзините апанажи.
Терорист (филм) Јоханес се доселува во Минхен да работи како постдипломец на катедрата за вирусологија на техничкиот универзитет. Во кругот на младиот научник спаѓа и Алжирецот Фарид, кој им се посветува на истите истражувачки работи како и Јоханес. Уште пред да стапи на работното место, на Јоханес му приоѓа една соработничката за заштита на уставот. Од него се бара да доставува информации за Фарид. Јоханес ужаснат го одбива ова барање, но сепак, црвот на сомнежот влегува во него. Се менува начинот на кој го гледа својот колега.
Мон Сен Мишел "Роберт де Торињи", кој многу го поддржувал англискиот крал Хенри II (кој исто така бил Војвода од Нормандија ), ја зацврстил структурата на објектот и ја направил главната фасада на црквата во 12 век. Во 1204, Бретонецот "Гај де Туар", во сојуз со кралот на Франција, ја опсадил планината. Откако го запалил селото и го масакрирал населението, морал да се повлече позади моќните ѕидови на опатијата. За жал, огнот кој самиот тој го запалил се проширил и на објектите, како и на покривите. Ужаснат од суровоста на неговиот бретонски сојузник, Филип Августус му понудил грант на Игуменот Журден за изградба на нов архитектонски сет во готски стил во кој биле вклучени и трпезарија и манастир.
Јосиф Сталин Во северните делови на Кавкаскиот полуостров од глад починале над 1 милион луѓе. Голем дел од луѓето кои ги изгубиле животите поради ваквиот глад и ваквата сиромаштија низ целиот Советски Сојуз биле деца, кои биле жртви на канибализам, изедени од сопствените родители, кои не можеле повеќе да го трпат гладот. Се проценува дека од глад починале околу 10 милиони луѓе, бидејќи толку недостигале на пописот на население во 1937 година. Кога ги слушнал резултатите од пописот, Сталин бил ужаснат и наредил вршење на нов попис, од кој би излегле поповолни резултати за државата. За него, гладта која завладеала низ Советскиот Сојуз била приказна раскажувана како дел од "противреволуционерните лаги" од страна на "непријателите на народот".
Хуан Бош Бош пораснал во семејство што припаѓало во пониската средна класа. Ужаснат од бруталноста на диктаторот Рафаел Труџило, 24 години поминал во егзил, но се вратил по смртта на Труџило за да изгради левичарско антикомунистичко движење. Откако победил на првите слободни претседателски избори по 38 години, вовел либерални уставни промени, од кои многу промени биле во корист на сиромашните во земјата. Меѓутоа, неговите реформи ги отуѓиле земјосопствениците и индустријалците, и по само седум месеци поминати на функција, Бош бил сменет со воен удар. Кога неговите поддржувачи се побуниле против владејачката хунта во 1965 година, американскиот претседател Линдон Б. Џонсон, тврдејќи дека следбениците на Бош се комунисти, испратил трупи за да го задушат востанието. Во наредните три децении Бош повеќе пати се кандидирал за претседател но без успех.
Не гасете ги светлата (филм од 2016) Посвоената ќерка на Пол, Ребека, живее сама разделена од нејзината мајка Софи и братот Мартин. Софи има документирана ментална болест и депресија, која повторно се појавува, кога разговара со еден имагинарен пријател. Една ноќ, Мартин ја гледа Софи како разговара со личност и е ужаснат, добивајќи несоница. Ребека го зема Мартин во својот стан за да го заштити, против волјата на мајка им. Таа ноќ, таа се буди и ја затекнува жената на вратата од нејзината соба, едвај успевајќи да го избегне нападот благодарение на светлината од неонски знак на зградата кој се врти околу. Следното утро, Ребека наоѓа на подот испишано "Дајана". Таа се потсетува на Дајана од сопственото детството, причината поради која таа бргу морала да порасне кога нејзиниот татко навидум ги напуштил. Подоцна, таа започнува да истражува гледајќи датотеки за Софи и Дајана, и дознава дека таа била убиена кога била изложена на светлина за експеримент.