Top 10 similar words or synonyms for убава

прекрасна    0.870749

нежна    0.770177

весела    0.761419

чудна    0.749493

убавата    0.748494

прекрасната    0.741542

луда    0.730001

проститутка    0.726012

срамежлива    0.717733

малечка    0.717421

Top 30 analogous words or synonyms for убава

Article Example
Убава Убава (некаде се сретнува и како Убово) — планински врв на планината Караџица на масивот Мокра во средишниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.346 метри. Всушност, со името Убава, кое во денешно време најмногу се користи за највисокиот врв, се именува поголем предел на планината Караџица кој ја опфаќа висорамнината помеѓу врвовите Остри Врв, Пепелјак и Каменити Брег веднаш на сртот над двете Салаковски Езера, малата долина која од овој предел се спушта кон изворите на Кадина Река во месноста Јуручка Карпа и камениот (карпест) гребен кој ги ограничува оваа висорамнина и дол на запад и чија што надморска височина се движи по котите 2346, 2301, 2288, 2295, 2261 и завршува повторно со 2346 метри на југ. Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, запишал дека Црн Врв е соединет со основите на Јакупица преку гребенот Темна Бука, над којшто се издигнува пирамидалниот врв "Убово" (" Убава " н.з.), кој по височината и местоположбата го зазема средното место помеѓу врвовите Јакупица и Црн Врв, а некогаш на тој врв била убиена некоја убава мома, по што и врвот се нарекува така. За патникот од Скопје за Каршијак, четирите врвови: Ибраимица, Црн Врв, Убава и Јакупица стојат на изглед како истегната линија и по височината претставуваат еден столб со четири стапки коишто постепено се издигнуваат една зад друга, при што тоа место и оној дел од Салакова Планина, којашто се издигнува зад него, го нарекуваат "Мокра".
Убава жена Наредниот ден Едвард ја носи Вивиен на натпревар во поло каде што е заинтересиран за вмрежување за неговата бизнис зделка. Додека Вивиен разговара со Дејвид Морс, внукот на човекот кој бил вклучен во најновиот договор на Едвард, Филип Стуки (адвокатот на Едвард) се прашува дали таа е шпион. Едвард почнал да го уверува дека таа не е шпион кажувајќи му како се имаат сретнато, а Филип (Џејсон Александер) после тоа и пристапил на Вивијан и и понудил да ја вработи откако ќе ја заврши работата со Едвард, ненамерно навредувајќи ја. Кога се враќаат во хотелот Вивијан лута се расправа со Едвард поради тоа што Едвард му кажал на Филип за неа. Таа планира да го напушти Едвард, но тој и се извинува и ја замолува да остане со него до крајот на неделата. Следниот де Едвард ја напушта работата порано и си зема слободен ден носејќи ја Вивијан на љубовен состанок во операта во Сан Франциско со неговиот приватен авион. Таа е воодушевена од операта (Травијата, чије дејствие се однесува за богат човек кој трагично се заљубува во проститутка).
Убава жена Едвард се состанува со г-дин Морс со цел да го потпише договорот, но во последен момент се предомислува. Поминатото време со Вивијан му помага да сфати дека постои уште еден начин на живеење и работа, земајќи слободно време и уживајќи во активностите за кои претходно имал многу малку време. Како резултат на тоа неговиот голем интерес за бизнис решил да го стави настрана. Тој одлучил да му помогне на Морс отколку да му ја превземе компанијата. Откако Филип дознава за тоа оди во хотелот да се соочи со Едвард, но тој таму ја наоѓа само Вивијан. Тој ја обвинува неа за промената на Едвард и се обидува да ја силува. Едвард пристигнува на време да го запре Филип во намерата да ја силува Вивијан и луто му кажува да ја напушти хотелската соба.
Убава жена Примарното снимање на филмот започнало на 24ти Јули 1989 година. Снимањето главно поминало во пријатна атмосфера и било добро искуство за филмската екипа. Буџетот за филмот бил голем и поради тоа распоредите не биле тесни. Додека се снимала сцената каде што Вивијан лежи на подот од Едвардовиот пентхаус, гледајќи делови од „Ај лав Луси“ со цел да се насмее, Гери Маршал надвор од видокругот на камерата и ги голицкал стапалата за да се насмее хистерично, што е и прикажано во филмот. Исто така сцената во која Гир се прилепува до Робертс со парче накит е импровизирана од Гир, а ненадејното смеење на Џулија е вистинско. Фустанот кој го носеше Робертс на таа сцена се смета за еден од најнезаборавните фустани на сите времиња.
Убава жена Филмот „Убава жена“ е познат по неговата музичка селекција и успешниот тонски запис. Филмот го карактеризира песната „Ох убава жено“ од Рој Орбисон, кој што го инспирирал насловот на филмот. „Мора да е љубов“ од Роксет го достигна врвот на Билборд Хот 100 во Јуни 1990 година. Тонскиот запис исто така го карактеризира и „Кинф оф вишфул тинкнг“ од Го Вест, „Покажи ми ја твојата душа“ од Ред Хот Чили Пејперс, „Без објаснувања“ од Питер Кетера, „Дивите жени прават“ од Натали Кол, и „Паднат“од Лорин Вуд. Тонскиот запис три пати беше награден на американското здружение на дискографски куќи.