Top 10 similar words or synonyms for трупен

изворишниот    0.907502

инсубрија    0.876215

понискиот    0.869395

грапа    0.858216

естеро    0.854382

прицврстениот    0.853368

squama    0.852975

најширокиот    0.847776

рамниот    0.846171

полежански    0.843065

Top 30 analogous words or synonyms for трупен

Article Example
Водоземци Како потпора на предните екстремитети служи скелетот на раменскиот појас кој се состои од пар на лопатки, неколку мали ковчиња, а кај повеќето видови е присутна и клучната коска. Со појасот на предните екстремитети е поврзана градната коска. Како потпора на задните екстремитети служи карличниот појас кој се состои од карлични коски кои се соединуваат со израстоците на крсниот прешлен или со израстоците на последниот трупен прешлен.
Амфиоксус Амфиоксусите растат околу 5 cm во должина. Имаат јагуловидна телесна форма со добро развиена уста и опашка. Повеќето се полутранспарентни. Овие животни делат неколку особини со ‘рбетниците, како грбното нервно стебло кое е потпрено со несвитлива стапчеста структура позната како нотохорд - претходник на ‘рбетниот столб; потоа систем на голтникови цепнатинки помеѓу устата и желудникот кои се користат при хранењето; и серии од сегментирани и V-видни мускули долж градниот (трупен) дел.
Водоземци ‘Рбетникот на водоземците е во врска со нивниот полунадземен начин на живот и во споредба со тој на рибите е порасчленет. Се состои од вратен, трупен, крсен и опашен дел. Кај рибообразните водоземци, прешлените се сосема исти како тие на рибите; кај други, пак, се развиле прешлени со членеста глава напред и јамичка назад, од што е условена целосната артикулација. Напречните израстоци на прешлените кај сите водоземци се добро развиени, но обично ребра не се развиваат, а наместо нив има коскени или ‘рскавични израстоци. Напречните израстоци кај некои видови се значително подолги и ги заменуваат ребрата. Вратниот дел на ‘рбетникот е образуван од еден прешлен кој се соединува со черепот. Бројот на трупни прешлени е различен. Кај некои видови, на пример, кај тритоните, со трупните прешлени се зглобуваат слаборазвиени ребра. Крсниот дел кај повеќето водоземци се состои од еден прешлен. Опашниот дел кај безопашните водоземци е мал (прешлените се сраснати во една коска), додека кај опашкарите е добро изразен.
Боцкоглавци Телото на овие животни може да се подели на три дела: риличен дел (пробосцис), вратен дел и трупен дел. Рилката (риличниот дел, пробосцис) е потенок израсток на антериорниот крај, кој може да се испушти од телото и повторно да се врати во него (ретрактибилност). Таа е наоружана со кутикуларни израстоци – куки, со кои паразитот се прикачува за цревото на домаќинот. Всушност, по овие куки типот го добил своето име (грчки "akante" - трн, "kephale" - глава). Куките може да се распоредени во редови или надолжно, што е во зависност од видот. Некои претставници како дополнителна структура поседуваат еден апикален орган чија функција е најверојатно сетилна. Рилката се враќа (односно увртува) назад во телото со помош на активноста на мускулите ретрактори, кои ја сместуваат во риличен рецептакулум, едно шупливо мускулно мевче што виси во предниот дел од трупот. Меѓутоа, рилката се издава од телото со помош на хидрауличен притисок (причинет од псевдоцеломската и лакунарната течност). Риличниот рецептакулум со помош на парни мускули е прицврстен за телесниот ѕид и цревото. Странично од рецептакулумот се наоѓаат посебни шупливи органи наречени лемнисци (латински "lemniscus" - врвка) кои содржат систем од канали. Бидејќи епидермисот на боцкоглавците е исполнет со лакуни (меурести простори), се смета дека лемнисците служат како складишта за лакунарната течност која се истиснува во нив за време на ретракцијата на рилката. Вратниот дел обично нема боцки или куки, а поседува сетилни структури. Трупот е најголемиот телесен дел. Присуството на куки или боцки на трупниот дел е важен критериум при детерминацијата на овие животни.