Top 10 similar words or synonyms for теофано

царицата    0.752697

ефросина    0.750570

теофана    0.744738

евдокија    0.731261

комнина    0.729291

евдоксија    0.728077

крштевката    0.723757

карбонопсина    0.721099

тешта    0.720221

теодора    0.718350

Top 30 analogous words or synonyms for теофано

Article Example
Теофано На 15 март 963 император Роман II починал ненадејно на само 25 години. Според некои извори, Теофано го отровила својот сопруг, иако таа немала што да добие од неговото убиство, туку би загубила од тоа. Двајцата синови на Роман II и Теофано, Василиј II и Константин VIII станале наследници на престолот, а нивната мајка била назначена за регент. Сепак Теофано разбрала дека за да си ја зацврсти својата власт, таа треба да се сојузи со највлијателниот византиски генерал во тоа време - Никифор II Фока. Откако бил прогласен од армијата за император, на 15 август Никифор II Фока влегол во Константинопол и на 16 август бил крунисан за император во Света Софија. Откако ја добил царската круна Никифор Фока се оженил за вдовицата Теофано, за да ја легитимира власта како легитимен претставник на Македонската династија.
Теофано Плановите на Теофано да се омажи за новиот император овојпат пропадне. Причината за тоа била цврстата решеност на патријархот да се казнат криминалците. Тој инсистирал Јован да се покае, да се казнат убијците на Никифор и да протера Теофано од дворот. Само тогаш патријархот би се согласил да дозволи ЈОван да влезе во црква и да биде крунисан за император. Строгоста на патријархот го принудила Јован I Цимискиј да ги прифати неговите услови.
Теофано Теофано (грчки: "Θεοφανώ") била византиска царица, сопруга на императорите Роман II и Никифор II Фока, како и љубовница на императорот Јован I Цимискиј.
Теофано Набргу потоа Теофано станала љубовница на младиот и амбициозен генерал Јован Цимискиј со кого започнал заговор против Никифор Фока. Царицата го подготвила убиството на својот сопруг, a Јован Цимискиј и неговите луѓе го извршиле во текот на ноќта на 10 наспроти 11 декември 969 година по кое Јован Цимискиј бил прогласен за император.
Теофано Теофано била позната како убава, но аморална жена која играла важна улога во историјата на Византија во 10 век. Таа била ќерка на гостилничар и била родена со името Анастасија со грчко потекло. Околу 956 година идниот император, Роман II се вљубил во Анастасија и се оженил за неа. Потоа таа го прифатила името Теофано.
Теофано Бракот на Никифор и Теофано излегол како незаконски, бидејќи тој бил кум на барем едно од нејзините деца, поради што според Православната Црква Теофано и Никифор биле духовни роднини. Патријархот Полиевкт Цариградски одбил да се доближи императорот до светите тајни пред тој јавно да ја промени својата одлука. Во одговор на ова Вардех Фока, брат на императорот, дал заклетва пред патријархот дека Никифор не е кум на ниту едно од децата на Теофано. Патријархот поверувал на Вардех и дозволил на Никифор повторно да влезе во црквата, како и да ја задржи Теофано како своја сопруга.
Теофано Првично Теофано била заточена на Принцовските острови во Мраморно Море. Сосема ненадејно поранешната царицата се појавила во Константинопол, барајќи азил во црквата Света Софија. Но таа била исфрлена од црквата и однесена во заточение во Ерменија. Таа пред да замине имала средба со Јован I, каде таа физички го нападнала со неколку шлаканици. Таму, Теофано отворено признала дека нејзиниот син Василиј II бил вонбрачно дете.
Теофано Теофано била ставена под сомнение дека заедно со нејзиниот сопруг Роман го отрула својот свекор, императорот Константин Порфирогенит. Константин VII починал во 959 година по долготрајна треска и немало директни докази за труење. По стапувањето на престолот на Роман II, тој бил под големо влијание на неговата сопруга, кое и овозможило да доминира во политичкиот живот на империјата. Така на нејзино инсистирање, Роман II ги испратил сите пет сестри на заточение во манастир.
Теофано (сопруга на Ставракиј) На 26 јули 811 година император Никифор I бил убиен од Бугарите во битката кај Плиска, а заедно со него бил уништен огромен дел од неговата војска која тргнала со царот на воен поход против Бугарија. Меѓу ретките преживеани бил и сопругот на Теофано, Ставракиј кој останал единствен император на престолот.
Теофано (сопруга на Ставракиј) Ставракиј сепак не останал неповреден од битката. Тешко повреден во пределот на грбот, тој останал парализиран. Поради раната, парализата на нозете и постојаната болка, набрзо се увидело дека Ставрикиј нема да може да ја извршува власта. Како што се влошувала неговата состојба, дворот бил поделен помеѓу фракциите на неговата жена Теофано и неговата сестра Прокопија, која се надевала дека нејзиниот маж, Михаил Рангабе, ќе биде избран како наследник на царот. Бидејќи немал негови деца за да го наследат, набрзо станало познато дека Ставрикиј сака да ја назначи Теофано како негов наследник. Под влијание на жена му, започнал да ги запира командантот Стефан и магистрантот Теоктистос и да ја префрли моќта, се обидел да го ослепи Михаил на 1 октомври 811 година.