Top 10 similar words or synonyms for татковинската

шестдневната    0.827812

ирачката    0.826658

априлската    0.815102

стогодишна    0.810883

кримската    0.809874

бурската    0.805289

ирачка    0.798652

балканската    0.798151

корејската    0.796649

виетнамската    0.789714

Top 30 analogous words or synonyms for татковинската

Article Example
Леонид Канторович За овој подвиг и храброст, Канторович го добил орденот на Татковинската војна и му бил доделен медалот „За одбрана на Ленинград“.
Антон Дрекслер Роден во Минхен, Дрекслер работел како механичар во берлинската железница од 1902. Се приклучил на Татковинската партија за време на Првата светска војна. Бил поет и член на народните агитатори, кој, заедно со новинарот Карл Харер, ја основал Германската работничка партија (ДАП) во Минхен со Готфрид Федер и Дитрих Екарт во 1919 година.
Ежен Делакроа „Грција под руините на Мисолонги“ е втората изведба на платно која имала слична тематика со „Масакрот на Хиос“. Насликана е жена во традиционална грчка облека како жали по загинатите борци во татковинската битка која се одиграла кај Мисолонги. Мотивите кои провејуваат низ ова дело се поддршка во борбата против тиранијата и националното угнетување. Една од причините поради која Делакроа ја одбрал токму оваа битка како главна тема е тоа што на тоа место загинал поетот Бајрон, кого што Делакроа многу го почитувал.
ФК Риека Клубот ФК Риека е формиран во 1946 година под името "Кварнер". Основачи на клубот биле тогашните водечки спортски работници во градот: Драго Харапин, Едо Радети, Ренато Тих итн. Прв претседател во историјата на клубот бил др. Људевит Сошиќ, а прв тренер бил Ханс Блох. Првиот натпревар во својата историја, Риека го одиграла на домашен терен против сплитски Хајдук. Риека победила со резултат 2-0, а првиот гол во историјата на клубот го постигнал Риналдо Петронио. Под името Кварнер клубот се натпреварувал само до 1954 година кога го менува името во ФК Риека. Под ова име клубот ги остварува најголемите успеси во својата историја, кога стигнале до едно четвртфинале и едно осминафинале во европските натпреварувања. Во периодот на татковинската војна ФК Риека има мала промена на името во Хрватски Фудбалски Клуб Риека. Со тој потег Риека јасно заземала антијугословенски став и се декларирала како вистнски хрватски клуб. Клупска маскота е морското куче, популарно наречен пешекан.
Полска Со нападот на Германија врз Полска (1.9.1939 год.)почнала Втората светска војна. На 17.9.1939 год. од исток во земјата навлегла и Црвената армија и ја освоила Белорусија и западна Украина. При германскиот напад врз СССР (22.6.1941 год.) Хитлеровата војска ја освоила цела Полска. Западните делови се вклучени во Германскиот Рајх, а на преостанатата територија е воспоставен генерален гувернат кој веднаш почнал со истребување на Евреите и Полјаците во концентрациони логори. Наспроти насилството, во Полска дејствувале две ослободителни движења: Татковинска војска под водство на бегалската влада во Лондон и Народната војска под водство на Народната работничка партија. Кога во летото 1944 год. Црвената армија навлегла речиси до Варшава, Татковинската војска на 1.8.1944 год. почнала востание под водство на генералот Тадеуш Коморовски. По два месеци жестоки борби Германците го задушиле востанието, а Црвената армија не дошла да помогне и во Варшава влегла дури на 17.1.1945 год. До крајот на јануари 1945 год. ја зазела целата територија на Полска, а врз основа на Договорот во Јалта (11.2.1945 год.) во јуни 1945 год. била основана коалициона влада на националното единство. Со Постдамската декларација (2.8.1945 год.) сојузниците ги определиле новите полски граници: на исток границата ја повлекле по должината на т.н. Курзонова линија (во Полско-советската војна 1920 год. ја предложил британскиот државник Џорџ Н. Курзон), така што Полска изгубила голем дел од своите територии, а во замена ги добила дотогашните германски области источно од Одра и Ниса.