Top 10 similar words or synonyms for таормина

разорувањето    0.796389

поцуоли    0.789436

внуково    0.787802

océan    0.786142

шехремени    0.785611

слепчанска    0.781323

диркхајм    0.780388

cuny    0.780298

akram    0.779441

билеџик    0.776838

Top 30 analogous words or synonyms for таормина

Article Example
Византиско-арапски војни Со византиска помош, Лудвиг II во 871 година го зазел Бари од муслиманите. Градот станал византиска територија во 876 година, но византиската позиција на Сицилија била влошена кога Сиракуза паднала во 878 година. Катанија паднала во 900 додека тврдината Таормина во 902 година. Со зазимањето на Сицилија, муслиманите со островот владееле до норманската инвазија во 1071 година.
Авари На градот му пристигнала воена помош на чело со префектот Хариј. Кога видел дека не може да го освои градот, каганот почнал да изнудува дарови, но бил одбиен и заради одмазда ги запалил црквите надвор од градот. На карајот граѓаните морале да му удоволат на каганот и тој се повлекол, опсадата траела 33 дена. Истата година бил завземен Драч. „Аварите „валканиот народ“ се населиле во Драчката и атинската област. Пред нив Лакедајмонците побегнале во Сицилија каде се населиле во долината Демен, недалеку од Таормина и оттаму вршиле постојани поморски напади на Аварите кај Драч.
Лав VI Мудриот Војната против Симеон ги ослабела сили на Византија спрема Арабјаните, како на Исток, така и на Запад. Никифор Фока морал да го прекине успешното војување во јужна Италија за да ја преземе командата на Балканот. На исток, Ерменија била изложена на арабјанските напади, а во Киликија започнало навлегувањето на Арабјаните, следено со опсежни поморски операции долж јужниот брег на Мала Азија. На запад и на море, Византија трпела пораз по пораз. Во 902 година, паднала Таормина, последното византиско упориште на Сицилија. Со тоа арабјанското освојување на Сицилија било главно завршено, по тешките борби кои траеле 75 години и чинеле големи жртви. На исток, Арабјаните господареле не само со Средоземното, туку и со Егејското море, обрабено со византиски земји. Нивните напади ги погодувале час егејските острови, час бреговите на Пелопонез и Тесалија, а во 902 било разурнато богатото тесалско пристаниште Димитријада. Посебно катастрофални последици имала големата експедиција од 904 година под водство на грчкиот регенат Лав од Триполис. Лав најнапред тргнал на Цариград, но по заземањето на Абидос, што го отворало патот кон византиската престолнина, ненајдено го променил правецот и удрил на Солун. Овој културен и трговски центар, по Цариград најзначаен и најбогат град на Византиското царство, паднал по тридневна опсада, на 31 јули 904. Во освоениот град Арабјаните извршиле страшно колење пред да се повлечат со многубројните заробеници и огромниот плен. Овој тежок пораз имал реперкусии и на односите на Византија со Бугарите. Византијците морале да се согласат на поместување на бугарската граница, кој сосема му се приближила на Солун.
Византиска морнарица Растечката византиска моќ се покажала во 942 година, кога царот Роман I испратил скадрила во Тиренското Море. Користејќи течен оган, флотата уништила непријателска муслиманска флота на пирати во близина на Фраксинет. Во 949 година, сепак, друга експедиција од 100 бродови, испратена од Константин VII (945–959) против Критскиот Емират, завршила катастрофално, поради неспособноста на нејзиниот командант, Константин Гонгил. Обновените напади на Италија во 951–952 била поразена од страна на аглабидите, но друга експедиција од 956 година и загубата на туниската флота во бура во 958 година привремено ја стабилизирала ситуацијата на полуостровот. По бунтот на жителите на островот во 963-965 година визнатиска експедиција успеала да го освои градот Таормина, но тешкиот пораз на византиските сили од страна на фатамидите кај Месинскиот теснец во 965 година ја намалила византиската амктивност на западот. Морињата во околина на Италија биле оставени на месните сили на Византија и разните италијански градови држави се до 1025 година, кога Византија повторно земала активно учество во јужна Италија и Сицилија.
Византиска морнарица И покрај успехот на Василиј, за време на владеењето на неговиот наследник царот Лав VI (886–912), царството се соочило со нови закани. На север, започнала војна со бугарскиот цар Симеон, и дел од византиската флота била искористен во 895 година за пренос на армијата на унгарците преку Дунав за да ја ограбуваат Бугарија. Бугарската војна довела до неколку скапи порази, додека истовремено арапската поморска закана постигнала нови височини, со последователни грабежи кои го опустошиле крајбрежјето Егејското Море под контрола на Византија. Во 891 или 893 година, арапската флота го ограбила островот Самос и го земале тамошниот "стратег" заробеник, и во 898 година, адмиралот евнух Рагиб заробил 3.000 византиски морнари. Овие загуби ја ослабеле византиската одбрана, отворајќи го Егејот за грабежи на сириските флоти. Првиот тежок удар бил во 901 година, кога одметникот Дамијан Тарсуски ја ограбил Деметрија, додека пак наредната година ја опљачкал Таормина, византиското упориште во Сицилија, било освоено од муслиманите. Најголемата катастрофа, сепак, била онаа во 904 година, кога друг одметник, Лав Триполски, го ограбувал Егејот. Неговата флота навлегла дури и во Дарданели, пред да продолжи и да го ограби вториот по големина град во царството, Солун, и во тој период византиската флота била пасивна во лице на бројната арапска флота. Понатамошно, грабежите на Критските пирати достигнале таков интенитет, така што при крајот на владеењето на Лав IV, поголемиот дел од жителите на јужните острови биле приморани да го прифатат муслиманското владение или пак да плаќаат давачки на пиратите. Не е за чудење што во тогашните записи на Лав во ("Naumachica") велат дека треба да се води одбрандбена и внимателна одбрана.