Top 10 similar words or synonyms for стилихон

максимијан    0.761861

варда    0.755288

луциј    0.755236

орест    0.745236

антемиј    0.744448

гнеј    0.742433

вотанијат    0.737997

амалрик    0.735031

авит    0.732332

аларих    0.728385

Top 30 analogous words or synonyms for стилихон

Article Example
Магистер милитум Магистер милитумот обично бил во можност да ги контролира или многу да влијае на одлуките на царот, како што тоа бил случај со Стилихон, Рицимер, Одоакар и некои други.
Аркадиј Притиснати од Хуните на североисток, готските федерати во Мизија и Панонија ја обновиле својата агресија против Римската империја. Во 395-400 година еден од вестготските главатари, Аларих I, кренал востание на федератите против империјата и неколку години ги ограбувал Тракија, Илирик и Грција, по што се насочил на запад кон Италија. Соочен со оваа закана Руфин одбил воено помош на западниот регент Стилихон, стравувајќи од неговите амбиции да ги контролира и двајцата императоори. Сепак Стилихон ја одбранил успешно империјата и во 397 година постигнал превласт над Аларих, по неколку години воени дејствија во Илирија.
Западно Римско Царство Стилихон со поткуп краткотрајно го решил прашањето за Визиготите, но и неговата хегемонија на дворот била при крај. Од Цариград стигнала вест дека на 1. мај 408 г. починал царот Аркадиј и престолот му го оставил на својот малолетен син Теодосиј II. Стилихон и Хонориј потоа јавно се судриле околу прашањето кој од нив двајца ќе патува во градот на Kонстантин и ќе ги реши тамошните проблеми. На крајот, непријателите на Стилихон ја пуштиле веста дека восјководачот се подготвува да оди на Исток само за да го симне од престолот малиот Теодосиј и да го постави својот син Еухериј за источноримски цар. Ваквите гласини во Павија предизвикале бунт на војниците во кој настрадале приврзаниците на Стилихон. Самиот Cтилихон бил обвинет за предавство и бил убиен во Равена на 22. август 408 г. Неговото убиство предизвикало реакција кај сите оние кои биле антиварсварски расположени, така што биле убиени семејствата на околу 13.000 готски војници во Италија. Овие ветерани на Радaгајст, кои биле во служба на Рим во 406 г., сега му се придружиле на Аларих.
Ран среден век Бегајќи пред хунските напади, Вандалите, Свевите и Аланите извршиле напад преку смрзнатата Рајна во близина на Мајнц; на 31 декември, 406 година, границата попуштила и овие племиња навлегле во Галија. По нив следуваа Бургундите и групи од Алеманите. Како одговор на анти – варварската хистерија која следувала потоа, царот Хонориј по кратка постапка наредил Стилихон да биде обезглавен. Како што напишал Гибон, Стилихон го подал вратот, ,"со непоколебливост која му прилегала на последниот од римските генерали",”. Потоа на Хонориј му останале само бескорисните дворјани како советници. Во 410 година, Визиготите предводени од Аларих I, го зазеле Рим и во тие три дена само пожари и колежи се среќавале по улиците, палатите беа ограбувани, а за секој што се мислело дека крие некакво богатство бил испрашуван и мачен. Како новопокрстени христијани, Готите го почитувале црковниот имот. Но тие што успеале да се скријат во Ватиканот и другите цркви, биле само малкуте кои ја имале таа среќа.
Западно Римско Царство Разидувањето на двата царски сентра, Милано и Константинопол, современиците најдобро го согледувале низ ривалството на велокодостојниците кои ја имале вистинската власт, чуварот на Хонориј, Стилихон, римски војсководач со вандалско потекло, и низата достоинственици на Аркадиј. Стилихон, инаку зет на царското семејство, тврдел дека Теодосиј му ја доверил грижата над двајцата негови синови, а неговата популарност кај германските одреди го правела опасен противник за константинополските намесници. Меѓутоа, по веста за смртта на Теодосиј, Готите населени во тракија во 382 г. се побуниле и побарале да се направи нов договор со римските власти. Како римски сојузници, Готите дале големи жртви во текот на граѓанските војни на Теодосиј и сега повторно побарале ревизија на договорот. Здружени, потомците на Тервинзите и Грејтунзите, за свој крал го избрале Аларих од фамилијата Балти. Во понатамошниот период тој направил обединување на двете гранки на Готите кои оттогаш биле познати под заедничкото име - Визиготи. Со воени акции, грабежи и палења Аларих се обидувал да ги натера политичарите од Константинопол да преговараат, но по паѓањето на големиот коморник Евтропиј во 399 г. се покажало дека ниеден византиски великодостојник не сака да се дискредитира себе си со преговори со Визиготите. Бидејќи на неговиот народ му била потребно постојано престојувалиште и можност за обработка на земјата, Аларих почнал да соработува со Стилихон.
Аркадиј Додека брат му бил под влијание на Стилихон, Аркадиј бил под влијание на еден од своите министри - Руфин. Некои сметаат дека Стилхон имал амбиции да ги контролира и двата браќа, па затоа тој се посочува како нарачател на убиството на Руфин од страна на готски наемници во 395 година. Во исто време, тој бил под влијание и на неговата сопруга, Елија Евдоксија. На оваа ситуација се спротиставил Јован Златоуст, патриарх на Константинопол.
Аркадиј Во остатокот од своето управување Аркадиј бил под влијание на Антемиј, преторијански префект кој склучил примирје со Стилихон на запад. Самиот Аркадиј не бил ангажиран во управувањето на империјата, бидејќи сакал да остане побожен христијанин. Аркадиј починал на 1 мај 408 година и бил погребан со неговата сопруга во црквата на Светите Апостоли. Во негово време бил изграден форумот каде се наоѓал столб. Негов наследникстанал седумгодишниот Теодосиј II.
Западно Римско Царство Недостатокот на волја за соработка со Аларих меѓу дворјаните на Аркадиј е резултат на краткорочната доминација на војсководачот на Готите, Гајн. Неговата супериорност меѓу простите жители на Цариград разбудило големо непријателство кон Готите и варварските војници, генерално. Кога Гајн се одметнал и се обидел да избега преку Дунав во 400 г. го фатил и го убил кралот на Хуните, Улдин. Во историските извори тоа било прво спомнување на Хуните северно од Дунав. Се чини дека на долината Волга токму во ова време почнале да се населуваат во областите на север од Дунав и во Панонска низина. Натамошното населување на Хуните во почетокот на V век предизвикало реакција слична на настаните од 375. година, само што сега потешко било огодено Западноримското царство. Веќе во 405 г. готскиот крал Радагајст ги повел своите луѓе од горниот Дунав во Италија, но во 406 г. Стилихон го поразил и го погубил кај Фиренца. Цената на оваа победа била повлекувањето на главнината на римската војска од Рајна, која исто така ја притискале племињата кои се движеле – Вандалите, Свевите, Аланите, Бургундите... Поради постојаната потреба од луѓе, Стилихон му се јавил за помош на Аларих и потоа му наложил да му помогне на Западното царство во придобивањето на балканските територии. Во зимата 406/407 г. Готите се заседнале во Епир, но римската воена помош никогаш не стигнала, бидејќи во меѓувреме се појавиле неколку нови и сериозни проблеми за Стилихон. Првин, на 31. декември 406 г. групи на Вандали, Силинзи и Хаздинзи ја поминале Рајна во друштво со Свевите и Аланите, а ги следеле Бургундите и Алеманите. Второ, поголема опасност за положбата на царот Хонориј претставувал уште еден узурпатор од Британија, Константин III, кој летото 407 г. го преминал Ламанш и до мај 408 г. ја утврдил својата резиденција во Арелат (денешен Арл). Најпосле, војниците на Аларих, кои една година мирувале, се побуниле и нивниот крал ги повел во Италија, за да изнуди од Стилихон решавање на статусот на Визиготите. Директна последица од овие случувања било преместувањето на резиденцијата на Западот од Милано во посигурната Равена.
Ран среден век Царството немло доволно ресурси, а можеби и волја, за одново да ја формира професионалната мобилна војска која беше уништена кај Адријанопол и беше принудено да се потпре на варварските војски да се борат за него. Источното Римско царство успеа да ги поткупи Готите со поткуп. Западното Римско царство ја немаше таа среќа. Стилихон, воениот командант на Западното Римско царство со полу – вандалско потекло, ги собрал армиите сместени кас границата кај реката Рајна за да ја одбие визиготската инвазија во 402 – 03 и инвазијата од други Готи 406 – 07.
Хуни Покорувајќи ги Остроготите Хуните го продолжиле своето освојувачко движење кон запад. Во исто време тие превземале и напади кон југ, во Азија, на Кавказ, а продреле дури до Сирија, на Балканскиот полуостров(во Тракија) и стигнувајќи дури до Константинопол. Основале широк племенски сојуз со средиште во Панонија соединувајќи ги пред себе племињата: Остроготи, Гепиди, Скири, Хазари (кои во тоа време живееле на Понт), словенските племе Анти и др. Власта на тој сојуз се протегала на исток до Волга. Многу Хуни стапувале во војските на римските императори и служеле и во трупите на Аециј и Стилихон. Вујкото на најпознатиот хунски водач Атила, Руа (Ругила) добил римска воена титула, со годишна плата од 350 фунти во злато.