Top 10 similar words or synonyms for спартанската

либанската    0.769980

ирачка    0.765596

сојузничката    0.759302

селанска    0.747001

селанската    0.743923

боливиската    0.731808

тамерлановата    0.731263

хварезмидската    0.727186

стогодишна    0.717973

норманската    0.717606

Top 30 analogous words or synonyms for спартанската

Article Example
Ропството во Стар Рим Во периодот на римската империјална експанзија, зголеменото богатство на римската елита и значителниот пораст на ропството ја промениле економијата. Иако економијата била зависна од ропството, римската култура не била таа која во историјата била најзависна од ропството. На пример, според Херодот, спартанската класа на робови- хелоти го надминала бројот на слободни луѓе со пропорција од околу 7 наспрема 1.
Алкибијад Алкибијад, во Спарта успеал да ја заведе жената на спартанскиот басилеј Агис II додека тој бил отсутен во војна, дури јавно говорел дека детето кое таа го носи и кое еден ден ќе седне на престолот, е негово. Одкако добил закани по неговиот живот, Алкибијад пребегал во Персија, во служба на Персискиот сатрап Тисаферн, и овој пат се трансформирал во брилијантен персиски дворјанин. По кратка служба бил повторно повикан во Атина. Иако исходот од војната веќе бил очигледен, поради катастрофалниот пораз кај Сиракуза, Атина повеќе не можела да се бори со исто темпо. Последниот удар го дибила во поморската битка кај Ајгоспотами во 405 г. п.н.е. каде Спартанската флота под команда на Лисандар ги уништила преостанатите Атински морски сили, поставувајќи опсада на градот по копно и по море, и без достава на храна. Војната била завршена, а Спарта станала хегемон на Грција, се додека во 371 во битката кај Леуктра, тебанскиот генерал Епајменонда не ставил крај на Спартанската хегемонија.
Античка Македонија Друг архаичен елемент била истрајноста на системот на наследна монархија која значела голема, а понекогаш и апсолутна власт, иако понекогаш кралот бил проверуван и модериран од страна на аристократијата. Затоа меѓусемејните борби за власт не биле реткост. Ова претставувало голем контраст со хеленските полиси јужно каде владеела демократија; де факто -монархијата на тираните, во која наследноста била повеќе амбиција отколку фактички остварлива; и ограничената, највеќе војна и свештеничка моќ на спартанската дијархија. Истото ова важи за феудалните институции како крепосништвото, кое веројатно опстојале во Македонија многу години низ историјата. Ваквите институции биле укинати во грчките полиси во времето на Солон.
Пријам Тројанската војна започнала поради грабнувањето на спартанската кралица Елена од страна на Парис. Спарта не нападнала поради Елена туку поради богатството (златото) што го имало во Троја. Пријам имал многу деца меѓу кои најпознати се: Хектор, Парис, Диофоб, Касандра и други. Во Хомеровата Илијада тој е претставен како многу мудар (паметен) крал. Хектор (неговиот син) е претставен како многу силен, храбар, мудар воин. Париз е претставен како кукавица, но тој го направил убиството на векот, убивајки го Ахилеј (Ахил). Некои велат дека го погодил Ахил со отровна стрела во петата со помош на Аполон. Според друг мит тој бил одличен стрелец најпрецизен во редовите на Тројанските редови.
Битка на Термопилите Персиската војска бавно напредувала преку Тракија и Македонија. Персијците конечно влегле во Грција во август Во овој период од годината, Спартанците го славеле празникот Карнеи, а воените активности со закон биле забранети за време на овој празник. Поради ова, Спартанците предоцна пристигнале на Маратонската битка. Исто така, тоа било период во кој се одржувале Олимписките игри. Леонид тргнал против Персијците со само 300 мажи, сите дел од кралската гарда, како претходница, додека да се соберат останатите грчки војници, и додека да пристигне главнината на спартанската војска.
Атински aкропол Четврта голема градба на тој простор односно на западниот дел од Партенон бил изграден уште еден храм, наречен Ерехтеон. Овој храм исто така бил изграден од страна на Мнесикле. Но, само што се започнало со изградбата во 431 п.н.е., започнала триесетгодишната Пелопонеска војна меѓу Атина и Спарта, поради што изградбата била запрена. Во 429 година Перикле починал, а дури во 404 година Атина морала да се предаде и да се согласи на склучување на понижувачкиот мировен договор. Економската моќ на метрополата била исцрпена. Сепак, ја искористиле победата на атинската поморска флота над спартанската и храмот Ерехтеон бил довршен во период од две години. Делото било довршено од страна на Филокле – градба со неправилен нацрт, украсен со столбови во јонски стил. И овој храм потекнува од Перикле, а неговите противници го критикувале дека го украсува градот како “некоја дама“. Денес, времето на Перикле претставува еден од сјајните историски периоди во општеството.
Спарта Во спартанската држава главната сила и главната улога ја играла војската и воената организација. Моќта на војската зависела од физичката сила на војниците, а Спартанците воделе исклучително голема грижа за физичкото воспитување на своите деца. Од седмата до осумнаесеттата година сите машки деца биле одземани од родителите, и биле воспитувани во специјални државни училишта — гимназии. Во гимназиите, децата биле обучувани за што поголема физичка издржливост и моќ, биле учени да не чувствуваат страв од непријателот и да чувствуваат неизмерна омраза кон робовите. Наставата се состоела од куси прашања и куси одговори, што е познато како Лаконизам, бидејќи на војникот според Спартанците не му било потребно да зборува долго и убаво. По завршувањето на военото училиште децата стапувале во војска во која служеле до својата 60-та година. Благодарение на таквото сурово воспитување, Спартанците станувале храбри и издржливи борци, големи патриоти. На сличен начин биле воспитувани и женските деца, за да станат способни да раѓаат здраво поколение. Со ваквиот воспитен систем, Спартанците создале цврста воена организација и брзо го потчиниле соседното население. Спарта станала најсилна држава на Пелопонез. Другите држави околу неа слабееле и гледајќи како Спарта се засилува, почнале да се плашат да не бидат покорени од неа, и затоа почнале да бараат да станат нејзини сојузници. Така, во VI век п.н.е. бил создаден Пелопонески сојуз во кој раководна улога имала Спарта; таа била апсолутен хегемон во сојузот.
Алкибијад Тогаш Алкибијад наместо во Атина, заминал пред спартанскиот совет. Иако на почеток, спартанците го дочекале со недоверба, тој успеал да ги убеди во неговите искрени намери и неговиот план за пораз на Атина. Со голем напор, Алкибијад го променил имиџот од човек кој ужива во земските задоволства и доживеал трансформација налик на Спартијат. Одел босоног и со груба наметка, дури и уживал во истата т.н. "црна супа" направена од крв, сол и оцет познат специјалитет на спартанската војска. Во врска со случувањата на Сицилија, Алкибијад дал предлог Спарта да испрати помошни одреди на Сиракуза. Во меѓувреме Никија поставил опсада на Сиракуза и од копно и од море, но одкако спартанците испратиле засилување, работите тргнале во лоша насока за Атина и била донесена одлука за повлекување. Но Атинската флота била заробена во заливот на пристаништето и единствена опција била испловување на копно. Одкако атињаните ги напуштиле бродовите, непријателската војска ги запалила Атинските бродови. Преостанатата 40.000на војска се повлекла во внатрешноста на островот, мртвите останале непогребани а ранетите и болните оставени на секаква немилост. Уморни од глад и жед, армијата се поделила на два два дела, еден предводен од Никија а друг од Демостен. Демостен со еден дел од војската бил нападнат и принуден да се предаде а Никија со другиот дел од војската во потрага по вода пристигнале до реката Асинаро, во која многу војници загинале заради нередот кој настанал во обид да се измијат и напијат вода, а од другата страна на брегот ги дочекала војска од Сиракуза, и биле принудени да се предадат. Така завршила Сицилиската експедиција во 413 г. п.н.е.