Top 10 similar words or synonyms for рскавични

бодликави    0.873761

водоземци    0.863737

мекотели    0.854445

коскени    0.850825

мовови    0.850660

коскените    0.843941

рскавичните    0.840068

osteichthyes    0.836484

скакулци    0.835133

tetrapoda    0.827776

Top 30 analogous words or synonyms for рскавични

Article Example
Рскавични риби "’Рскавични риби"' () — една од трите класи на денешните риби и се карактеризираат со ’рскавичен скелет. Остри, забовидни лушпи познати како плакоидни плочки се својствени за сите ’рскавични риби и понекогаш тие се модифицирани во боцки. Забите, кои исто така се модифицирани плочки, обично не се споени со вилицата и периодично отпаѓаат и се заменуваат. Пловниот меур, кој кај коскените риби ја дава рамнотежата, отсуствува кај членовите на оваа класа; одговорен за рамнотежата на ’рскавичните риби е нивниот лесен ’рскавичен скелет. Некои ’рскавични риби имаат други модификации за лебдење во водата. Химерите, ајкулите, лизгачите и раите припаѓаат на оваа класа.
Дишник Трахеалните цевки можат да се изградени од кружни ‘рскавични прстени наречени тенидии, кои, пак, можат да бидат во различни форми (јазли или хеликси).
Акантоди Акантодите или понекогаш не сосема правилно нарекувани бодликави ајкули (Acanthodii) образуваат класа на изумрени риби кои имале особини како на `рскавични, така и на коскени риби. Во суштина, телото им било ајкуловидно, но нивниот епидермис бил препокриен со ситни ромбоидни плочички, слично како кај холостеите. Тие би можеле да бидат независна филогенетска гранка на риби кои еволуирале од помалку специјализираните форми блиски до денешните `рскавични риби.
Вилични ’рбетници Оваа група традиционално се смета за наткласа, разделена на две подгрупи: ‘рскавични риби и сите останати членови, како што се познатите класи на коскени риби, птици, цицачи, влекачи и водоземци. Таа е сестринска група на безвиличните ‘рбетници - "Agnatha".
Грклан Гркланот (лат. "larynx") е цевчест орган за дишење и создавање на гласот. Изграден е од ‘рскавични елементи, од кои најголема е штитовидната ‘рскавица - Адамово јаболко, парната лажичеста, прстенестата ‘рскавица, како и епиглотисот. Гркланот е постојано отворен, освен при голтање, кога се затвора со епиглотисот. Со тоа се спречува влегување на храна во душникот.
Ајкула Ајкулите се брзопливачки и генерално големи ‘рскавични риби познати по нивните остри заби, посебната грбна перка и вештина во лоцирањето на подводниот плен. Како и другите риби, ајкулите се генерално ладнокрвни и дишат со жабри. Но, за разлика од коскените риби, кои имаат скелет составен од коски, ајкулите и нивните роднини раи и химери имаат флексибилни внатрешни скелети изградени од ‘рскавица.
Риби ‘Рскавичните риби (ајкули, раи, химери) се разликуваат од коскените по нивните ‘рскавични скелети, потоа со отсуството на пливачки меур или бели дробови, по конструкцијата на нивните опашни перки, како и по отсуството на жабрена покривка или оперкулум. Кожата кај припадниците на оваа група е покриена со вкоренети забовидни структури наречени дентикули, давајќи и груб, шмирглест квалитет. Речиси сите ајкули се морски жители.
Черепни Во наједноставен смисол, черепните се хордови животни со глави, па затоа ова ги исклучува животните од хордовите потколена плаштари и бесчерепни, но ги опфаќа лигавите јагули, кои имаат ‘рскавични черепи и забести образби составени од кератин. Во черепните спаѓаат и сите змиулки и оклопни безвилични риби, оклопни риби, бодликави ајкули, ајкули, раи и лизгачи, коскени риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи. Главата на черепните се состои од мозок, сетилни органи (вклуч. очи) и череп.
‘Рбетен столб ‘Рбетниот столб (на латински "columna vertebralis") е осков скелет на ‘рбетниците кој се состои од ‘рскавични или коскени прешлени. Кај човекот тој е изграден од 32-34 прешлени (7 вратни, 12 градни, 5 карлични, 5 крсни и 3-5 опашни). Крсните и опашните прешлени се сраснати и ги образуваат соодветно крсната (лат. "os sacrum") и опашната коска (лат. "os coccygis"). Познато е дека сите ‘рбетници поседуваат 7 вратни прешлени.
Ребро Кај повеќето форми на животни кои подоцна се развивале, многу од овие ребра кои порано постоеле биле загубени, а кај некои водоземци и влечуги кои денес постојат, има голема варијација во структурата и бројот на ребрата. На пример, желките имаат само осум пара ребра, кои се развиени во коскени или ‘рскавични черупки и наградници, додека змиите имаат голем број на ребра по должината на целиот труп. Жабите обично немаат ребра, освен крстниот пар, кој е дел од карлицата.