Top 10 similar words or synonyms for рибоза

кетоза    0.897677

хидрокси    0.889995

киназа    0.887662

синтетаза    0.884994

малат    0.884700

бензил    0.882475

фумарат    0.882160

диметил    0.881517

трифлуорид    0.880029

глукозо    0.879408

Top 30 analogous words or synonyms for рибоза

Article Example
Рибоза Рибозата е јаглехидрат, моносахарид изграден од пет јаглеродни атоми (пентоза). Терминот се однесува на двата енантиомери: најчесто -рибоза, која е широко распространета во природата; или нејзиниот синтетски добиен лик во огледало -рибоза, која не се среќава во природата. Влегува во состав на молекулот на рибонуклеинската киселина - РНК.
Пентоза Пентоза претставува јаглехидрат од групата на моносахаридите, кој содржи пет јаглеродни атоми. Пентозни шеќери се на пример рибоза и деоксирибоза.
Нуклеозид Нуклеозидите се гликозиламини, кои може да се сметаат за нуклеотиди без фосфатна група. Нуклеозидите се составени од азотна база и пентоза (рибоза или деоксирибоза). Тие се поврзани со бета-гликозидна врска.
Ретка болест Многу од ретките болести се генетски, и се присутни во текот на целиот живот, иако не секогаш симптомите се јавуваат веднаш. Со само еден дијагностициран пациент дефициенцијата на рибоза-5-фосфат изомераза се смета за најретка генетска болест.
Пентозо-фосфатен пат Во зависност од релативните потреби на клетката за рибоза-5-фосфат, NADPH и ATP, пентозо-фосфатниот пат може да се одвива во различни насоки за да го зголеми количеството на различни продукти. Тој може да се одвива на три начини:
Пентозо-фосфатен пат Останатиот, нелинеарен, дел од пентозо-фосфатниот пат се состои во претворба на пентозата (кетоза) рибулозо-5-фосфат во друга (алдозна) пентоза – рибоза-5-фосфат. Тоа се врши со учество на ензимот рибулозо-5-фосфат изомераза. Меѓутоа, може да настане претворба во која Р-5-Ф се трансформира во својот стереоизомер ксилулозо-5-фосфат со рибулозо-5-фосфат епимераза. И во двете реакции се случува депротонација и се формира ендиолатен меѓупродукт, по што доаѓа до репротонација и се добива конечниот продукт. И двете реакции се повратни.Освен во рибоза-5-фосфат, рибулоза-5-фосфатот може да се претвори во 3С глицералдехид-3-фосфат и 6С фруктоза-6-фосфат.
Пентозо-фосфатен пат Тиазолниот карбоанјон кој резултира од дисоцијацијата на протонот, реагира со карбонилниот С на ксилулоза-5-фосфатот во реакција на адиција. Позитивно наелектризираниот N во тиазолниот прстен се однесува како депо на електрони, со тоа промовирајќи го раскинувањето на С-С врската. Со тоа се ослободува 3С глицералдехид-3-фосфат, а останатиот 2С фрагмент останува на ТРР. Комплетирањето на реакцијата се состои во обратна насока на овие чекори. 2С фрагментот кондензира со една од алдозите еритроза-4-фосфат (4С) или рибоза-5-фосфат (5С) и формира 6С или 7С кетозно-фосфатен продукт. Преносот на 2С фрагментот до 5С алдозната рибоза-5-фосфат дава седохептулоза-7-фосфат. Ако, пак, овој фрагмент се пренесе на 4С алдозната еритроза-4-фосфат се добива фруктоза-6-фосфат.
Фосфодиестерска врска Фосфодиестерските врски се група на силни ковалентни врски, образувани од фосфорниот атом од фосфатната група и две други молекули од две естерски врски. Фосфодиестерските врски се многу важни за целокупниот живот на планетата Земја, бидејќи го градат скелетот на низите од ДНК. Кај ДНК и РНК, фосфодиестерската врска се наоѓа меѓу 3' јаглеродниот атом на една шеќерна молекула и 5' јаглеродниот атом на друга (и тоа деоксирибоза кај ДНК и рибоза кај РНК).
Јаглехидрат Алдехидната група на првиот јаглероден атом и хидроксилната група на петтиот С-атом кај јаглехидратите можат да реагираат меѓусебно бидејќи се просторно блиску. Кога на алдехидната група се адира хидроксилна (алкохолна) група, се добива соединение наречено полуацетал. Ваква интрамолекуларна реакција настанува кога јаглехидратите се наоѓаат во воден раствор. Притоа, доаѓа до образување на полуацетални петто- или шесточлени прстени кои содржат кислород како хетероатом. Петточлените прстени се деривати на фуранот и се нарекуваат фуранози, додека шесточлените се деривати на пиранот и се викаат пиранози. Во слободна состојба, моносахаридите се наоѓаат во пиранозен облик, додека фуранозниот облик на шеќерите се среќава кај олиго- и полисахаридите (сахароза, рибоза и нуклеинските киселини).
Нуклеинска киселина Рибонуклеинската киселина, или РНК (RNA), го добила своето име од јаглехидратната група во скелетот на молекулата - рибоза. Постојат неколку сличности и разлики помеѓу РНК и ДНК. Како и ДНК, и РНК има јаглехидратно-фосфатен скелет со нуклеотидни бази сврзани за него. Како и ДНК, и РНК ги содржи истите бази - аденин (А), цитозин (С) и гванин (G); меѓутоа, РНК не содржи тимин, туку четвртиот нуклеотид на РНК е претставен со базата урацил (U). За разлика од двојно-синџирестата молекула на ДНК, РНК е едносинџиреста молекула. РНК е главниот генетички материјал користен во организмите наречени вируси, а исто така е и важна во производството на протеини кај другите живи суштества. РНК може да се движи околу клетките на живите организми и поради ова служи како еден вид на генетски месинџер, пренесувајќи ја информацијата чувана во ДНК во клетката од јадрото до другите делови на клетката, каде се користи за биосинтеза на протеините.