Top 10 similar words or synonyms for резноперки

sarcopterygii    0.897143

acanthodii    0.892280

tetrapoda    0.887691

tetrapodomorpha    0.883928

наткласа    0.880113

placodermi    0.875804

osteichthyes    0.875307

vertebrata    0.874732

reptilia    0.874005

chordata    0.870319

Top 30 analogous words or synonyms for резноперки

Article Example
Резноперки Многу систематичари кои се приврзаници на кладистичкиот пристап во систематиката ја сместуваат групата "Tetrapoda" (четириношци) во оваа класа, што се состои од сите ‘рбетници со четири екстремитети. Месестите перки и коската во нив покажуваат многу силна сличност со претпоставениот предок на четириножните ‘рбетници, така што резноперките нашироко се сметаат за директни претци на четириношците во научната литература.
Резноперки Резноперките се коскени риби со месести, резнести перки, кои се приврзани за телото на рибата со една коска. Овие перки еволуирале во екстремитетите (нозете) на првите четириножни копнени ‘рбетници - водоземците. Тие исто така поседуваат и две грбни перки со одделени основи, што е спротивно на единечната грбна перка кај зракоперките. Черепот на резноперките има зглоб, но оваа одлика се губи кај четириношците и белодробките. Многу попримитивни резноперки поседуваат симетрична опашка.
Резноперки Четириноголиките ја имаат истата идентична анатомија како и белодробките, но по сè изгледа дека тие останале во водата нешто подолго, и тоа сè до доцниот Девон. Четириношците или четириношците - ‘рбетниците со четири екстремитети - се потомци на четириноголиките. Четириношците се појавиле во доцниот Девон.
Резноперки Нечетириножните резноперки продолжиле да опстануваат до крајот на палеозојската ера. Тие претрпеле силни загуби за време на пермско-тријаската екстинкција.
Резноперки Резноперките или ракоперките (латински: "Sarcopterygii" или "Crossopterygii") сочинуваат класа на риби со месести перки, каде припаѓаат белодробните риби и целакантините. Името Sarcopterygii доаѓа од грчките зборови σαρξ, "саркс", што значи месо и πτερυξ, "птерикс", што значи перка.
Резноперки Општо е прифатено дека резноперките припаѓаат на групата коскени риби, кои се карактеризираат со коскен скелет (наместо ‘рскавичен). Меѓутоа, како резултат на големите разлики кои постојат во градбата на перките, органите за дишење и циркулаторните структури кај резноперките и коскените риби, некои систематичари ја сметаат групата резноперки ("Sarcopterygii") за сестринска наткласа на наткласата коскени риби ("Osteichthyes"), наместо за класа во неа. Најстарите резноперки се пронајдени во најгорниот Силур. Првите резноперки биле многу слични на бодликавите ајкули ("Acanthodii"). Најблиските сродници на резноперките се зракоперките. Резноперките веројатно еволуирале во океаните, но подоцна ги населиле и слатките води за да ги избегнат предаторските оклопни риби ("Placodermi") кои биле доминантни во раниот-среден Девон.
Резноперки Со еволуирањето на резноперките во раниот Девон, нивната главна еволутивна линија се разделила на две други линии - линија на целакантините и линија на рипидистите ("Rhipidistia"). Целакантините се појавиле во раниот Девон и останале во океаните; врвот на развиток на целакантините бил доцниот Девон и Карбон. Целакантините сè уште живеат во океаните. Рипидистите се појавиле во истото време како и целакантините, но, за разлика од нив, овие го напуштиле океанот и мигрирале во слатководни станишта, од што се заклучува дека нивните претци веројатно живееле блиску до вливот на реките во океанот (естуари). Понатаму, рипидистите се поделиле во две главни групи - белодробките (белодробните риби) и четириноголиките ("Tetrapodomorpha"). Белодробките биле најраспространети во Тријас, но денес се останати помалку од десетина родови. Кај нив еволуирале првите прабели дробови и праекстремитети. Древните и денешни белодропки ги користеле нивните перки (праекстремитети) за движење по копното во потрага по нова водна површина (кога таа каде што живееле ќе пресушела), и ги користеле белите дробови за дишење на атмосферски воздух.