Top 10 similar words or synonyms for пустошењето

аварско    0.724321

таормина    0.715246

разорувањето    0.711990

marsch    0.707956

пустинско    0.699624

тироидитис    0.698898

предаторство    0.698828

широконосни    0.698029

хеморагична    0.696790

улцер    0.695406

Top 30 analogous words or synonyms for пустошењето

Article Example
Историја на Иран По пустошењето на Монголците и падот на Абасидите, Сунитите не само што го загубиле Калифатот туку и статусот на мезхебот. Загубата на Сунитите значело добивка за Шиитите, но нивниот центар тогаш не се наоѓал во Иран, но таму почнале да се формираат неколку шиитски династии како што биле Сарбадарите.
Леон Пајонски дошол непосредно по навлегувањето и пустошењето од Галите (280/279 г. пр.н.е.). Тој успеал да ја консолидира и да ја возобнови опустошената земја. Неговото име се среќава на еден натпис од Олимпија и ваза од Делфи. Освен тоа, зачувани се и негови монети од бронза.
Стојаково Првобитната локација на Стојаково се наоѓала крај месноста Шипков Дол, во близина на денешната населба. Старото име на оваа населба е Трнова. Но, пред неколку векови со пустошењето на болеста чума, жителите на ова место биле принудени да ги напуштат своите родни огништа и да побараат ново место на кое ќе подигнат нова населба. Местото на кое се населиле е всушност денешната територија на која се наоѓа Стојаково.
Сетина Неуспехот на Илинденското востание имал тешки последици врз населението. Од 40 Лерински села, 12 биле целосно уништени. Особено настрадало селото Сетина. Во борбата која се водела на 12 август, 1903, загинале 93 мажи. Дополнително биле заклани 229 лица, а 227 жени и девојки биле силувани. Поради пустошењето и физичкото малтретирање од страна на турските војски, останатото население се разбегало во шумите или, пак, барало засолниште во околните села.
Отомански интеррегнум По крајот на биктката, емиратите Ајдин, Сарухан, Ментеш и Караманија ги повратиле своите поседи, Константинопол се спасил од опсадата а византискиот император Мануел II ја задржал власта во некои делови во Мала Азија и Европа. Тимур продолжил со пустошењето на анадолските земји. Веднаш по Ангорската битка, тој го испратил својот син Мухамед кон османлиската престолнина Бурса каде на 3 август успеал да ја ограби. Неговиот друг син Абу Бакар го разгромил Јенишехир, и стигнал дури до бреговите на Егејско Море. Тимур го зазел Измир по кое тргнал кон исток.
Андреј Рубљов (филм) Потресен од настаните што се случуваат во тогашна Русија (наездата на Татарите, големата сиромаштија и неписменост на народот и самоволието на власта), Рубљов запаѓа во длабоки морални дилеми и не е способен да слика. Еден ден, со помош на братот на Големиот Кнез, Татарите го опустошуваат градот Владимир и ги убиваат жителите кои се скриени во црквата, притоа уништувајќи ги иконите што тој ги насликал. За време на пустошењето, Рубљов извршува убиство, во желба да заштити една глувонема девојка. Разочаран од предавството на кнезот, од уништувањето на црквата и убивањето на луѓето, тој се заветува на молчење и одлучува дека повеќе нема да слика.
Османлиско-бугарски војни Во овој период двете империи сеуште претставувале главна политичка сила на Балканот и единствени земји способни да се спротивстават на Османлиите. По смртта на Стефан Душан на 20 декември 1355 година Душановото царство го изгубило своето политичко влијание а земјата се распарчила на повеќе мали кнежества. Во периодот од 1354 година до 1364 година Османлиите зазеле многу важни тврдини и градови во Тракија заедно со Пловдив и Стара Загора. Од крајот на 50-тите години на векот некои отомански одреди дури пристигнале во околината на главниот град и византискиот император зел мерки за поправање на ѕидините на тврдината. Многу градови во текот на овој период биле уништени (Пловдив, Стара Загора, Сливен), додека други како Венец и Сотирград исчезнале засекогаш. Пустошењето било придружено со масовни колежи или иселување на луѓе во Мала Азија.
Ран среден век Маврикиј и Ираклиј, наследниците на Јустинијан, морале да се соочат со аварските и словенските инвазии. По пустошењето од страна на Словените и Аварите, големи области од Балканот биле раселени. Во 626 година, Константинопол, најголемиот и далеку најнаселениот град во раната средновековна Европа, издржал здружени напади од Аварите и Персијанците. Во рок од неколку децении, Ираклиј ја завршил светата војна против Персијанците, заземајќи го нивниот главен град и убивајќи го нивниот сасанидски монарх. Сепак, Ираклиј не успеал да ужива во неговиот неверојатен успех поради муслиманските освојувања на Сирија, три палестински територии, Египет и северна Африка, што било олеснато од верското неединство и зголемувањето на еретичките движења (особено монофизитство и несторијанство) во областите преобратени во ислам.
Француска книжевност Со напредокот на граѓанскиот сталеж, особено во XIII век, се негуваат нови литературни родови: политичка и сатирична лирика, шеговити приказни во стих (т.н. "fabliaux"), приказни од животинското царство (на пример, "Роман за лисецот"), алегорични поеми (прочуениот "Роман за ружата") и други. На импровизираните театарски сцени се изведуваат литургиски драми, а се појавуваат и дела со светска содржина, понекогаш изведувани со пеење и играње (како "Играта на Робен и Марион" од Адам де ла Ал). Историографијата е застапена во делата со литературна вредност (од Вилардуен и Жолервил). Во XIV и XV век, по политичките и општествените потреси (промена на династиите, селски буни), големите епидемии на чума и пустошењето на стогодишната војна, феудалното општество е во распаѓање, а литературната дејност опаѓа (притоа исчезнуваат многу стари дела). Меѓутоа, тие и тогаш покажувале виталност. Драмата станува омилениот литературен род и се збогатува со многубројните миракули и мистерии со религиозен дух, како и дела со светска содржина во кои преовладува комиката (моралитети, сотии и лакрдии). Најпозната лакрдија е "Адвокатот Патлен". Во лириката на XV век се истакнува Франсоа Вијон со својот прочуен спев "Заветување".
Поважни истражувања по големите географски откритија Со сигурност може да се каже дека главната причина поради која навигаторите не успевале да го поминат јужниот мраз до 1750 е бидејќи не се држеле до правилниот курс и без да си постават цел. Исклучок можеби може да се направи во корист на патувањето на Едмонд Халеј во бродот Парамур кој бил создаден за магнетна истрага во Јужен Атлантик,каде тој се сретна со мраз на 52 ° Јужно во јануари 1700, но таа географска ширина беше неговата најдалечна јужна точка. Огромниот напор од страна на францускиот поморски офицер Пјер Бувет кој се направил за да се открие Јужното земјиште опишано од полу-легендарниот господин од Гонивил резултирало само со откривањето на островот Бувет на 54 ° 10 ' Јужно, и во навигацијата од 48 ° географска должина се открило море со ситно искршен површински мраз со локација во близина на 55 ° Јужно во 1730. Во 1771, Ив Џозеф Кергелен испловил од Франција со инструкции да продолжи јужно од Маврициус во потрага по "многу голем континент." Налетал на земјиштето со локација 50 ° Јужно што тој го нарече Јужна Франција, а се верува дека било централната маса на јужниот континент. Тој бил испратен повторно да го заврши истражувањето на новата земја, и на крај пронашол само негостопримлив остров кој тој со одвратност го преименувал Остров на Пустошењето, но во подоцнежниот период тој ги прифатил неговите храбри напори со тоа што го преименувал во земјата Кергелен .