Top 10 similar words or synonyms for полчиште

врпско    0.882496

мајден    0.877796

бардовци    0.876704

бешиште    0.870396

живово    0.870027

кокре    0.869875

брусник    0.868142

радња    0.866571

витолиште    0.863510

пополжани    0.861942

Top 30 analogous words or synonyms for полчиште

Article Example
Полчиште Селото Полчиште се наоѓа во прилепскиот дел на областа Мариово, во јужниот дел на Општина Прилеп. Поточно, Полчиште се наоѓа во ридско-планинскиот дел на Големо или Старо Мариово од десната страна на Црна Река, во подножјето на планината Козјак. Полчиште е планинско село до расположено на надморска височина од 910 метри. Сместено е во долот на Полчишка Река, лева притока на Бутурица, помеѓу височините Скрка со врвот Панделе (1344 м.н.в.) од југозапад, Гарван (1265 м.н.в.) од југоисток и познатиот превој Трибор (1442 м.н.в) на исток. Недалеку во источен правец од Полчиште се и највисоките врвови на планината Козјак, Балтова Чука (1822 м.н.в.) и Перун (1703 м.н.в.). Според ваквата местоположба селото Полчиште се наоѓа токму во средината помеѓу мариовските села Бешиште веднаш на запад, Градешница и Старавина на југ, Витолиште на север и раселеното село Мелница кај познатиот манастир „Св. Илија“ на северозапад.
Полчиште Според составот на атарот селото Полчиште има мешовита земјоделска функција. Најзастапена стопанска дејност во Полчиште и неговиот атар се сточарството и шумарството. Од сточарството најзастапено е одгледувањето на значаен број стада овци кои што преку целата година се напасуваат на бујните ливади непосредно околу селото, а во помал обем се одгледуваат и кози. Од добиените и помешани видови на млеко се прави познатото и прочуено "мариовско биено сирење". Во сосема мали размери се одгледуваат жита претежно пченица, 'рж и јачмен и сточна храна. Дел од некогашните жители кои сѐ уште ги посетуваат и престојуваат во своите куќи и имоти, се занимаваат и со пчеларство и производство на ливадски мед, како и со одгледување на градинарски производи како пиперки, патлиџан (домат), кромид, краставица, марула во дворовите за тамошни сопствени потреби.
Полчиште Полчиште — село во Општина Прилеп, во областа Мариово.
Полчиште Во однос на народно-ослободителната и револуционерната борба за слобода на Македонија од втората половина на XIX век па сѐ до НОБ во Втората светска војна, селото Полчиште со своите жители - борци и учесници, се истакнува во целото бунтовно Мариово. Кон крајот на XIX и почетокот на ХХ век во времето на револуционерните и народно-ослободителни борби во Мариово била многу засилена грчката црковно-просветна и вооружена пропаганда при што Полчште било до линијата на нејзината граница. Во 1899 година во селото Полчиште бил формиран првиот областен комитет на ТМОРО со Трајко Бешот како началник и познатиот Крсте Гермов – Шакир како сектретар. За време на НОВ од многу младинци од селото заминале во партизани, а својот живот за слободата на Македонија го положиле 3 млади борци во своите 20 години: Спасија Шаоска, Дано Јолевски и Ристе Трајкоски, во чија чест е подигнат споменик кај селските гробишта на влезот од селото.
Полчиште Селото влегува во рамките на големата Општина Прилеп, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Витолиште, во која влегувале сите села од прилепскиот дел на Мариово.
Полчиште Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Витолиште, во која покрај селото Полчиште, се наоѓале и селата Бешиште, Витолиште, Врпско, Живово и Манастир. Општината Витолиште постоела и во периодот 1950-1952 година.
Полчиште Името на селото Полчиште потекнува и има значeње на македонски јазик и најверојатно доаѓа, односно е поврзано со местоположбата на селото. Имено, на север од селото кон запад во правец на Бешиште и кон исток се отвора доста пространа и широка зарамнета низнина при што и самите тие предели ги носат имињата Поле (на запад) и Долното Поле (на исток). Имајќи предвид дека селото се наоѓа во дол кој се отвора помеѓу овие две полиња, најверојатно неговото име настанало за означување на местото кое што се наоѓа меѓу двете полиња.
Полчиште Според пописот од 1953 година во Полчиште живееле 914 жители. Според последниот попис од 2002 година, во Полчиште живеат 31 жител, сите Македонци. Селото се наоѓа во фаза на раселување.
Полчиште Селото Полчиште од секогаш па сѐ до денес во целост е населено исклучиво со Македонци од православна христијанска вероисповед. Поради одалеченоста и непристапноста на целиот мариовски крај, речиси сите родови во селото се староседелски или пак потекнуваат од предци кои повремено се преселувале во разните околни мариовски села како Бешиште, Витолиште, Мелница, блиското и одамна раселено село Сатока, Чаниште и др. Македонски родови и семејства кои живеат и потекнуваат од Полчиште се: "Колонџоски, Чуруковски, Црниколевски, Ракиџиоски, Севдикоски, Салилоски, Бешовски, Јовчески, Ѓуроски, Шаовци, Трајкоски, Јолевци".
Полчиште До селото се стигнува од исклучувањето на регионалниот пат Прилеп - Витолиште непосредно пред манастирот во Мелница по асфалтиран, наместа уништен земјен пат, кој потоа од крстосницата за Бешиште кон лево продолжува како широк и натапкан земјен пат до самото село Полчиште. По овој пат до Полчиште води големата велосипедска тура на фестивалот Mariovo Off-Road Experience. Полчиште има мошне голем атар кој зафаќа простор дури од 83 км², поради што тој се дели на Полчиште I и Полчиште II. На него пасиштата заземаат површина од 3646 хектари, на шумите отпаѓаат 3096 хектари, а на обработливото земјиште 336 хектари. На планинскиот источен дел на атарот кон Трибор и Витолиште постои многу густа и разновидна висококвалитетна зимзелена шума од која особено се истакнува црниот бор, додека нискостеблестата претежно дабова шума е застапена на ридскиот западен дел на атарот кон Бешиште.