Top 10 similar words or synonyms for поврзување

насочување    0.715799

преклопување    0.704982

рутирање    0.702109

делење    0.696739

пренесување    0.690989

користење    0.690947

комуницирање    0.690689

поврзувањето    0.690156

вметнување    0.686502

напојување    0.686170

Top 30 analogous words or synonyms for поврзување

Article Example
Протокол за директно поврзување на два мрежни јазла Но, следната генерација на партнерски системи (рееr-to-рееr) ја елиминира централната база на податоци со тоа што секој корисник одржува база на податоци ло-кално, како и овозможува листа на другите корисници кои се членови на системот. Потоа нов корисник може да оди до кој било постоечки член за да види што тој има и да добие листа од другите членови за да пребара повеќе музика и повеќе имиња. Овој процес на пребарување може да се повторува до неодредено време за на крајот да се изгради голема локална база на податоци од тоа што постои. Ова е активност која може да стане досадна за корисниците, но е активност во која се истакнува моќноста на компјутерите.
Протокол за директно поврзување на два мрежни јазла Рамките разменети за време на воспоставувањето на врската PPP преку модем со повикување на телефонскиот број (dial-up) на семрежниот услужник. Првите девет рамки се поврзани со протоколот за контрола на врска. Секој крај на врската испраќа рамки LCР со барање за конфигурација, со кои предлага множество на конфигурациски опции. Другиот крај одговара со потврда за конфигурацијата LСР (LCP Configuration-ACK) доколку опциите се прифатливи, со негативна потврда (Configuration-NAK) а сите опции се препознаваат, но не се прифатливи, како и со одбивање на LCP конфигурацијата (Configuration-Reject) ако некои опции не се препознатливи или не се прифатливи за договарање. Може да се забележи дека договарањето за опциите може да бара одреден број размени на рамки. Содржината на последната рамка LСР за договарање на опции е прикажана во средниот прозорец на сликата, која потврдува дека треба да се употреби протокол за докажување на автентичноста на лозинката (РАР) за да се утврди автентичноста.
Протокол за директно поврзување на два мрежни јазла Особената моќ на РРР е во тоа што тој вклучува и протокол за докажување на автентичноста, што е главно прашање кога еден компјутер се поврзува со далечинска мрежа. Откако LСР ја воспоставило врската, овие протоколи може да се користат за докажување на автентичноста на корисникот. Протоколот за докажување на автентичноста иа лозинката (Password Authentication Protocol/РАР) бара иницијаторот да испрати идентификациони податоци и лозинка. Потоа рамноправниот процес одговара со порака со која кажува дека докажувањето на автентичноста е успешно или неуспешно. Во зависност од видот на ситуацијата, системот може да дозволи неколку повторни обиди. Кога РАР ќе реши дека барањето е неуспешно, тој му дава инструкции на LСР да ја прекине врската. РАР е чувствителен на прислушкувања и затоа идентификационите податоци и лозинката се испраќаат како нешифриран облик на шифрирана порака поради тоа РАР е чувствителен на многу различни видови безбедносни напади.
Протокол за директно поврзување на два мрежни јазла Рамките 10 и 11 ја вршат размената РАР. Потсетете се дека РАР испраќа лозинка како нешифриран облик на шифрирана порака, и ако ја погледнеме содржината на рамката 10 ќе можеме да jа видиме лозинката. Крајната фаза на воспоставувањето на врската го вклучува протоколот за контрола на мрежата. Тука се покажува употребата за контрола на Интернет-протоколот (Internet Protocol Control Protocol/IPCP), кој ги договара адресата IP и употребата на компресија на датаграмите IP. Рамкита 21 е конечна потврда за конфигурацијата IPCP. Врската PPP дека е подготвена за трансфер на податоци. Ослободувањето на врската PPP вклучува размена на рамка за барањето за прекинување LCP и на рамки за потврда на прекинувањето LCP.
Протокол за директно поврзување на два мрежни јазла Протоколот за директно поврзување на два мрежни јазли (Point-to-Point Protocol/РРР) обезбедува метода за вметнување на пакети IР преку директно поврзување на две мрежни точки. РРР може да се користи за управување со податочна врска за поврзување на два рутера, или може да се користи за поврзување на персонален компјутер и семрежен услужник преку телефонска линија или модем. Протоколот РРР може да работи во секаков вид двонасочни преносни врски и преносни врски од точка до точка. Тој, исто така, може да работи и во традиционалните асинхронизирани врски, врските со синхронизациски битови и во новите преносни системи, како што се АDЅL или ЅОNЕТ.