Top 10 similar words or synonyms for персијскиот

ончо    0.727474

натакамани    0.726565

боспорско    0.725239

ханаб    0.724741

тахмасп    0.722054

катувелауни    0.715691

кинич    0.713690

аспург    0.709297

тинкомар    0.707821

атамбел    0.705172

Top 30 analogous words or synonyms for персијскиот

Article Example
Парфем Персијскиот хемичар Ибн Сина (уште познат како Авиценна) го вовел процесот на екстракција на масло од цветовите со дестилација, денес најчесто употребуван метод. Тој најпрво експериментирал со трендафил. Пред неговото откритие, течните парфеми биле мешавина од масло и здробени билки или ливчиња од цвет, што претставувало силна смеса. Водата од трендафилите била понежна и веднаш станала популарна. Двете суровински состојки и технологијата на дестилирање значително влијаеле врз производството на парфеми и научните достигнувања на Запад, особено во хемијата.
Јулијан Отпадникот Религиозните творби, химните за боговите, се зеплеткуваат со философски размислувања. Тие го покажуваат неговото религиозно чувство. Центар на неговата религија е култот кон сонцето, создаден под влијание на персијскиот култ на богот Митра. Уште од младич ја сакал природата и најповеќе сонцето. Според неговата теорија постоеле три света во три сонца. Првото, Високото Сонце, сочинувало идејата за општото постоење, духовно и мислено. Свет на абсолутната вистина и егзистенцијалност. Вториот свет е на видливото сонце, светот што се гледа. Тоа се јавува одраз на првиот свет. Меѓу нив се наоѓа третиот свет, кој мисли со сопствено сонце. Така се создава едно тројство на сонца, духовно, ментално и материјално. Менталниот свет се јавува одраз на духовниот и сам на свој ред е огледало на чувствениот или материјалноот свет. Т.е. материјалниот свет се јавува одраз на одраз, двојна репродукција на абсолутниот образец. Високото Сонце е недостапно за човекот, сонцето на чувствениот свет е премногу материално, за да се почитува. Затоа Јулијан го концентрира своето внимание на менталното сонце, го нарекува "Крал-Сонце" и го почитува.
Фока (византиски цар) Фока (лат."Flavius Phocas Augustus") бил цар на Византија од 602 година до 610. Бил прогласен за император при буната на римската војска на Дунав. Со помош на партијата на зелените, влегол во Константинопол.Императорот Маврикиј бегал во Халкидон и пратил најголемиот син Теодосиј да бара помош од персијскиот цар Хозрој II. Маврикиј бил фатен и убиен, а пред тоа по наредба на Фока натеран да гледа како се убиени неговите синови. Теодосиј бил фатен во Никеја и исто така убиен. Користејќи смртта на Маврикиј за повод, Хозрој II нападнал Византија. За да може да се бори со него, Фока заклучил срамен мир со Аварите, задолжувајќи се да им плаќа огромен данок. Оставен без заштита, Балканот бил заземен од словенските племиња. На исток римската војска трпела тешки порази. Персијците ги истерале од Месопотамија, Феникија, Палестина, навлегле и во Мала Азија. Незадовоството против Фока растело бргу, а тој со силен терор се обидувал да ја задржи властта. Африканскиот екзарх Ираклиј откриено се побунил, запрел да плаќа данок и влегол во сојуз со зетот на Фока, талентираниот војсководец Приск. Нивните војски од Египет преку море и копно во октомври 610 година влегле во Константинопол под водството на Ираклиј помладиот. Фока бил убиен заедно со сите негови приврзаници.
Византија под Јустинијановата династија Тибериј II Константин се прославил како добар војсководец. Кога императорот се разболел, по совет на неговата сопруга Софија, го избрал Тибериј за совладетел и неколку години потоа, по неговата смрт бил прогласен за император. Уште кога бил жив Јустин II, во 576 персијскиот цар Хозрој Ануширван преку Ерменија се обидел да пројде во Кападокија, но бил пресретнат од силна римска војска и победен. Во 578 година генералот Маврикиј повторно ги победил персијците во Месопотамија и зазел градот Сингара. Тогаш на власт дошол Тибериј, кој се обидел да договори мир со персијците, но нивниот цар умрел, а новиот Хормизд ја продолжил војната. Во 581 година Маврикиј тешко ги поразил персијците и за награда Тибериј го оженил за својата ќерка и го прогласил на наследник на тронот. На запад успеал да договори мир со Западните Готи во Шпанија. Во тоа време почнале масовните наезди на Словените на Балканот. Бидејќи империјата била зафатена со војна на исток, не можела да го брани западот. Така и прашањето за помош на римскиот патрициј Памфрониј против лангобардите во Италија, останало без одговор. Сакајќи да го намали влијанието на наемниците во војската составил корпус од откупени робови, кој го зел неговото име, а чиј број пораснал до 15 000 и со нив командувал Маврикиј. Во 582 година се разболел и наскоро потоа умрел, како постојат сомнежи дека бил отровен.
Тибериј II Константин Тибериј II Константин (лат."Flavius Tiberius Constantinus Augustus") бил цар на Византија од 574 година до 582. Уште за време на Јустин II, Тибериј се прославил како добар војсководец. Кога императорот се разболел, по совет на неговата жена Софија, го избрал Тибериј за совладетел и 4 години потоа, по неговата смрт бил прогласен за император. Тогаш и го додал кон своето име популарното тогаш "Константин". На почеток, Софија се обидела да организира заговор, но се било разокриено. Уште кога бил жив Јустин II, во 576 персијскиот цар Хозрој Ануширван преку Ерменија се обидел да пројде во Кападокија, но бил пресретнат од силна римска војска и победен. Во 578 година генералот Маврикиј наново ги победил персијците во Месопотамија и зазел градот Сингара. Тогаш на власт дошол Тибериј, кој се обидел да договори мир со персијците, но нивниот цар умрел, а новиот Хормизд ја продолжил војната. Во 581 година Маврикиј тешко ги поразил персијците и за награда Тибериј го оженил за својата ќерка и го прогласил на наследник на тронот. На запад успеал да договори мир со Западните Готи во Шпанија. Во тоа време почнале масовните наезди на словените на Балканот. Бидејќи империјата била зафатена со војна на исток, не можела да го брани западот. Така и питањето за помош на римскиот патрициј Памфрониј против лангобардите во Италија, останало без одговор. Сакајќи да го намали влијанието на наемниците во војската составил корпус од откупени робови, кој го зел неговото име, а чиј број пораснал до 15 000 и со нив командувал Маврикиј.