Top 10 similar words or synonyms for лизимах

антигон    0.893017

касандар    0.882819

селевк    0.881744

деметриј    0.867417

полиперхон    0.851844

антипатар    0.847233

пир    0.819898

остроготите    0.819434

киликија    0.807084

едноокиот    0.798822

Top 30 analogous words or synonyms for лизимах

Article Example
Лизимах Лизимах (~ 360 – 281 п.н.е.) — македонски офицер и „наследник“ (дијадох) на Александар Македонски, подоцна и крал (306 п.н.е.) на Тракија и Мала Азија.
Лизимах Се родил во Пела, Македонија како син на Агатокле. За време на походот на Александар во Персија бил еден од неговите непосредни телохранители и се истакнал во Индија. По смртта на Александар во (323 п.н.е.) бил назначен да управува со Тракија и Херонез. Долго време главна преокупација му била борбата со одрискот крал Севт III.
Лизимах Во 315 п.н.е. им се придружил на Касандар, Птоломеј и Селевкид против Антигон, кој меѓутоа му го свртел вниманието со подбуцнување на тракиските и скитските племиња против него. Во 309 п.н.е., ја основал Лизимахија во командна позиција кон грлото каде Херонез се врзува со главното копно. Го проследил примерот на Антигон, па се прогласил за крал. Во 302 кога била направена втората "свршувачка" помеѓу Касандар, Птоломеј и Селевкид, Лизимах, потпомогнат од единици на Касандар, навлегол во Мала Азија, каде не нашол на отпор. При доаѓањето на Антигон тој се повлекол да презими во Хераклеја, па се оженил со вдовицата Амастрида, персиска принцеза. Селевк му се придружил во 301 п.н.е., и во битка кај Ипс Антигон бил поразен и убиен. Неговите територии си ги поделиле победниците, со тоа што Лизимах го добил поголемиот дел од Мала Азија.
Лизимах Роден е во 362/361 п.н.е., како син на Тесалиецот Агатокле од Кранон. Живеел во Македонија и своето образование го стекнал во Пела. Најверојатно бил избран за "телохранител" за време на кралувањето на Филип II Македонски. За време на воениот поход на Персија од страна на Александар Македонски, тој бил еден од неговите најверни телохранители. 324 п.н.е., во Суса, тој добил признание за неговите походи во Индија.. По смртта на Александар, 323 п.н.е., тој бил назначен за управител на Тракија како "стартег".
Лизимах Домашните проблеми ги загорчиле последните години од животот на Лизимах. Амастрида била убиена од нејзините двајца синови; Лизимах предавнички ги погубил. При неговото враќање Арсиноја ја побарала Хераклеја како подарок, а тоа тој ѝ го одобрил, иако ветил дека ќе го ослободи градот. Во 284 п.н.е. Арсиноја, во желба за наследство за нејзините синови наместо Агатокле (најстариот син на Лизимах), почнала со интриги против него со помош на нејзиниот брат Птоломеј Керавн; го обвиниле дека тој со Селевк заговарал да го заземе престолот, па бил погубен.