Top 10 similar words or synonyms for лешочки

лешански    0.801590

бигорскиот    0.784759

моклишки    0.780610

кокре    0.759210

требичино    0.753007

калишта    0.751690

водочкиот    0.747201

седларци    0.745512

печерски    0.740243

монастырь    0.739242

Top 30 analogous words or synonyms for лешочки

Article Example
Лешочки манастир Имено, црквата Свети Атанасиј има долги традиции, богата и славна, ама и полна со трагични настани историја, при што повеќе пати е пален или уништуван и обновуван.
Лешочки манастир Лешочки манастир — православен манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовско. Манастирот е сместен во природен амбиент во близина на селото Лешок, на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век.
Лешочки манастир Постоењето на манастирот може да се подели на два периоди, кои се поврзуваат и со двата негови локалитети. Првиот е периодот од 1321 до 1600 година, кога манастирот се наоѓал на шарпланинската падина кај црквата „Свети Атанасиј“, и вториот период, започнат од 1600 година, па сè до денес, кој се однесува на денешната положба на манастирот, кај епископалниот храм на Успението на Пресвета Богородица.
Лешочки манастир Својата мисија, преподобниот Кирил ја крунисал со следната забелешка:
Лешочки манастир Со возобновувањето на Охридската архиепископија во 1967 година, сестринството во Лешок (во најголем дел со српско етничко потекло) го напушта манастирот во 1968 година и заминува во Србија. Македонската православна црква назначила неколку парохиски свештеници за старешини на манастирот.
Лешочки манастир Во разни документи се споменува дека во Лешок со околината имало дури 44 цркви. Денес во Лешок има три активни цркви и една капела-параклис; Св. Атанасиј од 14 век, Св. Атанасиј од 20 век, Св. Богородица од 19 век и капелата-параклис Св. Кирил и Методиј од 20 век сместена во конакот, како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век („Св. Никола“, „Св. Врача“, „Св. Петка“, „Св. Марена„ и „Св. Илија“).
Лешочки манастир Во манастирските конаци има параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски т.н. Стар манастир. Манастирот за прв пат е основан во 1321 година од страна на епископот полошки Антониј. Комплетното заживување кое е видливо и денес се должи на доаѓањето на Пејчиновиќ од Света Гора, во 1818 година, кога се обновени манастирските конаци и кога е основана манастирската библиотека. Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Манастирските конаци денес се реновирани, располагаат со сместувачки капацитети и особено се погодни за летен манастирски туризам.
Лешочки манастир Вториот период од постоењето на манастирот може да се подели на два помали периоди, и тоа: од 1600 до 1690 година, и вториот од 1818 година, до денес. Во првиот помал период, манастирот бил под јурисдикција на епископот Никанор; со повлекувањето на монасите од стариот манастир, во дворот на епископскиот храм на Пресвета Богородица изградил конаци, а во самиот храм доградил припрата. Околу положбата на конаците и нивната големина не се знае многу затоа што биле срушени во 1690 година. Дворот на храмот бил заграден и му биле ставени четири врати.
Лешочки манастир Од неговото возобновување во 1818, до ден денес, познати се сите игумени.
Лешочки манастир Посебно се истакнуваат културните и духовните вредности на црквата Св. Атанасиј од 14 век, која има древна старост и била седиште на првиот полошки епископ Јоаникије, и која со закон е прогласена за споменик на културата.