Top 10 similar words or synonyms for касам

јоанидис    0.858709

симос    0.819569

чауш    0.803730

антониос    0.797983

трлис    0.797533

продромос    0.794078

ќосе    0.794076

кушиново    0.787934

пападас    0.784525

скумско    0.781615

Top 30 analogous words or synonyms for касам

Article Example
Варвара (Скопско) Во XIX век селото Варвара било чифлиг на скопскиот митрополит. Во втората половина на истиот век македонското население од селото било насилно почифлигувано од албанскиот насилник Касам-ќаја од село Гургурница, кој почнал да населува Албанци во селото. По зачестените комитски акции, Касам-ќаја и албанското население се повлекле, а македонското население со помош на селаните од Ракотинци и Добри Дол си ја откупиле земјата.
Васил Котев Роден е во селото Кономлади, Костурско. Се вклучил во редовите на ТМОРО од самото нејзино основање во Костурско. Бил комита во четата на војводата Атанас Петров. Учествувал во убиството на Касам ага.
Хамас Хамас (на арапски: حماس Хамас ", ентузијазам", акроним на حركة المقاومة الاسلامية Ха̀ракат ал-Мука̀ууама ал-Исламија, ""Исламско движење на отпорот"") е палестинска сунитско исламистичка политичка партија, која управува со Газа. Хамас има воено крило: "Бригадите на Из Ад-Дин Ал-Касам". Од јуни 2007 година Хамас е на власт во Газа на палестинските територии, откако го освои мнозинството на места во палестинскиот парламент во палестинските јануарски парламентарните избори во 2006 година, а потоа ја победи политичка организација Фатах во серија на насилни судири. Европската унија, Соединетите Американски Држави , Канада, Израел и Јапонија ја дефинираат Хамас како терористичка организација, додека земјите како Русија, Турција и Швајцарија ја третираат како политичка и воена организација.
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ракотинци Црквата Успение на Пресвета Богородица е македонски православен христијански храм кој се наоѓа во селото Ракотинци, близу Скопје. Точниот период на изградбата на црквата не е познат, а денешниот храм датира од поново време, односно од 2000 година, кога на 28.10. е поставен и осветен камен-темелникот. Црквата претставува главен селски храм во кој се одржуваат редовни богослужби, крштевки, венчавки за кои постојат и услужни објекти како крстилница непосредно до црквата. Во дворот на црквата постои стар камен крст. Во повеќе пишани извори за селото се споменува дека постои црквата Света Богородица, за која селаните не го знаат датумот на изградба, но според изгледот таа била многу стара, веројатно повеќе од 350 до 400 години. До 1879 година, црквата имала и рушевини од манастирски конаци, при што истата година за нивна обнова, селаните на Ракотинци позајмиле пари од познатиот албански сточар, поседник и насилник Касам - ќаја, за што тие потоа 3 години бесплатно ја обработувале земјата на неговиот чифлик во Маркова Сушица
Маркова Сушица Непосредната околина на селото Маркова Сушица е полна со старини од античкиот и средновековниот период. Југозападно од селото се наоѓа возвишението Марково Кале со остатоци од тврдина (ѕидини дебели до 1 метар) за која населението верува дека ја изградил Крали Марко, која поради самата положба во долината на Маркова Река имала одбранбена функција. Во околината на Марковиот манастир во средновековниот период биле изградени и повеќе други тврдини, помали цркви и испоснички ќелии, денес во рушевини, како што се Св. Архангел, Св. Богородица, Св. Атанасиј и денес возобновената Св. Никола. Први пишани податоци за селото Сушица се сретнуваат во 1300 година на почетокот на XIV век, во повелбата на кралот Милутин, со која се потврдиле имотите и се дарувала шума кај селото Сушица на манастирот Свети Ѓорѓи - Горг Скоропостижник во Скопје. Во Средниот век селото Сушица повторно се споменува во пописот на црковните храмови во нејзината околина. Во минатото постоело предание дека Марковиот Манастир поседувал голем земјиштен имот по течението на Маркова Река се до Драчево, меѓутоа по еден немил настан кога манастирскиот коњ убил некој селанец, игуменот на манастирот бил осуден на 16 години затвор во Битола, при што за негово ослободување се заложил некој Турчин, кој за возврат го добил манастирскиот земјиштен имот. Во втората половина на XIX век, Сушица била чифлик во сопственот на албанскиот сточар и насилник Касам ќаја од селото Гургурница на Сува Гора, но поради тоа што овој западнал во долгови, во 1880 година чифликот морал да го продаде на Аџи Ибраим Бег. Чифчиството од кое Сушица се ослободила делумно во 1912 година, а целосно преку аграрна реформа во 1946 година, било многу тешко и поради тоа македонското население живеело во многу тешки и бедни услови, при што морало често да се иселува, а еднаш селото од 90 македонски христијански куќи спаднало дури на само 3 домови.