Top 10 similar words or synonyms for ибзен

петрарка    0.783178

хенрик    0.780323

албер    0.767257

достоевски    0.766727

готје    0.764768

цвајг    0.763395

шопенхауер    0.757593

рабле    0.756552

аугуст    0.754143

софокле    0.749123

Top 30 analogous words or synonyms for ибзен

Article Example
Хенрик Ибзен Во 1956 година, по повод педесетгодишнината од смртта на Ибзен, ширум светот биле објавени бројни есеи, статии и студии во кои било истакнато дека тој претставува една од најзначајните појави во развојот на светската драма. Сепак, постоеле различни толкувања на значењето на неговото творештво: според едни, Ибзен бил гигант на своето време и извршил големо влијание врз повеќе драмски писатели, но тој повеќе ја нема истата вредност за денешниот читател; други истакнувале дека тој е основач на современата драма, а неговото денешно значење повеќе е литерарно-теориско отколку практично-сценско; според трети, Ибзен и понатаму е едно од најголемите имиња на светската драма, така што тој сè уште е актуелен и модерен.
Хенрик Ибзен Творештвото на Ибзен опфаќа една збирка поезија и 24 драми, отсликувајќи една крива линија на уметничкиот развој во кој неговите идеи и уметнички постапки се менувале со текот на времето. Оттука, произлегува тешкотијата да се даде единствена оцена на неговите драми. Кон тоа придонесува и големиот временски период во кој творел тој: неговата прва драма „Катилина“ датира од 1848-1849 година (а била прикажана во 1850 година, без некој поголем успех), додека последната драма „Кога ние мртвите ќе се разбудиме“ е напишана половина век подоцна, во 1899 година.
Хенрик Ибзен Жената кај Ибзен е робинка, често извонредно убава, храбра, и по умот и по духот посилна од својот господар, но сепак е робинка. И покрај разновидните женски ликови кај Ибзен, кај него нема јунакиња која си поставила цел пред себе, а да не е во врска со некој маж. Поетскиот лик на Нора би изгубил од својот шарм ако нејзините ум и лукавство се надвор од волјата и желбите на мажот. Мажите може да се градители, проповедници, научници, но жените се само поддршка или одмор за мажите. Така зборувал Заратустра, а Ибзен само ги олицетворил тие идеи за жената.
Хенрик Ибзен Хенрик Ибзен ( - Осло, ) — норвешки писател и драматург. Во своите дела го критикувал современото буржоаско општество. Негови најзначајни дела се „Нора“, „Комедија на љубовта“, „Привиденија“ и „Непријател на народот“.
Хенрик Ибзен Во почетниот период од творештвото Ибзен пишувал драми инспирирани од норвешките легенди, исполнети со национален романтичен занос. Во својата триесет и четврта година, Ибзен ја напишал драмата во стихови „Комедија на љубовта“ во која за првпат директно ги анализирал општествените процеси на своето време. Како последица на тоа, норвешката буржоазија реагирала остро: во една прилика, кога ја побарал паричната помош што во тоа време им се доделувала на младите писатели, еден член на комисијата, инаку професор на Универзитетот во Кристијанија, изјавил дека Ибзен не заслужува помош, туку ќотек. Сепак, подоцна му била доделена помош, а една негова историска драма постигнала успех. По напуштањето на Норвешка, за време на престојот во Рим, Ибзен ги напишал драмските поеми „Бранд“ и „Пер Гинт“, но по преселбата во Германија започнал да пишува реалистични драми во кои обработувал разни општествени проблеми. Кога во 1874 година повторно ја посетил Норвешка, Ибзен слушнал за една афера поврзана со норвешките бродоградилишта и тоа го инспирирало да ја напише драмата „Столбови на општеството“, завршена во Германија, во 1877 година. Со оваа драма Ибзен станал славен: само во февруари 1888 година, дури пет берлински театри истовремено ја прикажувале драмата! Подоцна, тој ги напишал драмите „Нора“ и „Привиденија“ со кои предизвикал бурни дискусии (првата) и огорчени реакции и цензура (втората), но затоа пак, неговите драми биле топло примени во натуралистичките театри во Париз, Берлин и Лондон. Понатаму следеле драмите „Дива патка“, „Ромерсхолм“, „Жени од морето“ и „Хеда Габлер“, сите напишани во Германија. Последните четири драми („Градежникот Солнес“, „Малиот Ејолф“, „Јон Габриел Боркман“ и „Кога ние мртвите ќе се разбудиме“) ги напишал по враќањето во Норвешка.