Top 10 similar words or synonyms for зрзе

лесново    0.840757

вељуса    0.834440

манастирец    0.823137

калишта    0.817631

селиште    0.814710

кокре    0.813050

коњух    0.812344

маргари    0.811402

слепче    0.810796

крушевица    0.809210

Top 30 analogous words or synonyms for зрзе

Article Example
Зрзе Зрзе — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп, познато по својот манастир „Св. Преображение“.
Зрзе Од најстарите доселеници потекнуваат следниве македонски родови: "Стамболџиовци" (слават Митровден), "Срмановци" (слават Пречиста), "Влкановци" (слават Митровден), "Брајановци" (слават Митровден), "Заревци" (слават Свети Никола), "Барбешковци" (слават Пречиста), "Димовци" (слават Свети Никола). Првиот род е по потекло „од Дебарско“, а за останатите родови местото на нивната старина е непознато. Други доселени македонски родови се: "Гебевци" (слават Пречиста) по потекло се од селото Патеец во околината на Кичево. Дошле во време на турското владеење. "Бујуковци" (слават Свети Ѓорѓи – „посен“) дошле од Долгаец каде што припаѓале на родот Поповци. "Ветовци" (слават Свети Ѓорѓи – „посен“) и тие се од Долгаец каде припаѓале на родот Куковци. Сите овие жители во Долгаец биле старинци. "Соповци" (слават Петковден) дошле од Барбарас, сега пусто селиште на превојот меѓу Порече и Прилепско Поле (Пелагонија). "Глаучовци", "Црцановци" и "Бошковци" слават Свети Никола, а местото на потекло не го знаат.
Зрзе Некогаш Зрзе имало само седум доселени македонски христијански домаќинства. Од нив се намножиле родовите: Барбешовци, Брајановци, Заревци, Стамболџиовци, Влкановци и Саботковци. За време на турското владеење во Зрзе постоеле два чифлига чии сопственици биле Адерман-бег (нему му припаѓала и Бегоа Корија) и Сали Марко, кои биле Македонци-муслимани од Дебар. Во тоа време и селскиот манастир имал 136 хектари земја од кои 50 хектари под шума. Во Зрзе имало и малку „рајатска“ (слободна) земја во сопственост на семејства од селото. После 1912 година селаните ја купиле земјата од чифлизите. Манастирот имал поголема површина своја земја до 1946 година, кога му биле оставени само 10 хектари посед. Селска слава е Петровден кога секоја куќа прима 15 до 30 гости. Бројот на домаќинства низ ХХ век изнесувал: 78 во 1921 г., 103 во 1948 г., 106 во 1961г., 108во 1971 г. Во 1954 година во селото имало 103 домаќинства.
Зрзе Зрзе од секогаш па сѐ до денес е населено само со православни Македонци. Во почетокот на XX век во Зрзе живееле околу 400 жители. Според пописот во 1953 год. во Зрзе живееле 753 жители. Наредните години селото го зафатило масовна миграција од типот село-град, но и во други држави. Бројот на жители постојано се намалувал и тоа на: 702 жители (во 1961 год.), 503 (во 1971), 260 (во 1981), 102 (во 1991), 97 (во 1994). Според последниот попис од 2002 год. во Зрзе живееле 64 жители, сите Македонци. Од нив 38 биле мажи, а 26 биле жени. Во селото доминирало постарото население. Од сите жители, 48 имале повеќе од 60 години.
Зрзе Климент, епископ Хераклејски и викарен епископ Пелагониски, е човекот којшто го обнови монаштвото во овој регион. Епископ стана во 2005 година.