Top 10 similar words or synonyms for заштитничката

архиерејска    0.595827

воскресение    0.588325

упокојување    0.565575

ширшаја    0.562299

победоносец    0.562286

амвросиј    0.554931

рождество    0.552378

великомаченик    0.551652

елисавета    0.549099

рождеството    0.548300

Top 30 analogous words or synonyms for заштитничката

Article Example
Науки за Земјата Магнетното поле создадено од внатрешните движења на јадро ја произведува магнетосферата која што ја штити Земјината атмосфера од соларниот ветар. Како што Земјата е стара4.5 милијарди години , до сега би ја изгубила својата атмосфера ако не постоеше заштитничката магнетосфера.
Осоговски манастир Во ова предание се потенцира духовната мисија на пустиножителите св. Јоаким, св. Прохор и св. Гаврил Лесновски. Во него доаѓа до израз духовната сила и заштитничката моќ на св. Јоаким врз својот манастир, онака како што е запишано и во неговото житие, односно дека тој самиот ќе се грижи за него.
Ана Болејн Во Франција, Ана била придружничка на кралицата Марија а потоа на 15 годишната кралица Клаудија, со која останала скоро седум години. Во дворецот на Клаудија, таа продолжила со усовршување на францускиот јазик и пројавила интерес за мода и религиозна философија. Исто така, се здобила со знаење за француската култура и францускиот бонтон. Поголемиот број докази за животот на Ана во францускиот двор се несигурни. Ерик Ајвс во неговата последна статија за целосната биографија на Ана, претпоставува дека таа се запознала со сестрата на кралот Франсоа I, Маргарет, заштитничката на хуманистите и реформистите. Маргарет била и писател, најчесто пишувала за христијански мистицизам и реформи. Поради неа, Ана почнала да се интересира за реформите, поезијата и литературата. Во последната верзија за биографијата на Ана, Ерик Ајвс мисли дека таа имала евангелистичко верување и богат духовен живот.
Петар Илич Чајковски Најважното дело што го напишал во Москва е Концертот за клавир и оркестар бр. 1 во б- мол, опус 23. Го компонирал во 1874 и набргу на својот пријател Николај Рубинштајн му го отсвирил на клавир, кому имал намера да му го посвети. Разочарувањето од реакцијата било големо и трајно. Во едно свое писмо до заштитничката Надежда фон Мек пишува:„"Му го отсвирив првиот став. Ниеден збор, ниеден коментар...Добив сила да го отсвирам целиот концерт. И натаму тишина, „Па?“ го прашав кога станав од клавирот. На почетокот полека, како да сакаше да собере сила, а потоа почна да беснее со Јупитеров тонанс. Мојот концерт беше безвреден, не би можел да се отсвири. Пасажите се толку фрагментирани, неповрзани и лошо напишани што тоа не довело до подобрување. Композицијата е лоша, вулгарна (...) Една или две страници можеби нешто вредат, остатокот мора да биде уништен или мора сосема поинаку да се компонира (...)“."
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје По долги години, на почетокот на XIX век, повторно започнала изградбата на црквата посветена на заштитничката на Скопје. Според скопскиот трговец Хаџи-Коста, неимарите и копаничарите започнале со работа уште во 1809 година, а по 10 години чекање на одобрението за изградба од страна на султанот во Цариград, црквата била свечено осветена на 1 мај 1835 година. Според записите на Васил К'нчов, одобрението за градба стигнало во 1834 година. Изградбата и иконостасот ја извршиле прочуените дебарски мајстори и копаничари, односно тајфите на Рензовци-Зографски во поголем и Фрчковски во помал дел. Во периодот од 1848-1857 година, во оваа црква на повик на скопските граѓани, училиште на македонски народен јазик отворил и го водел македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот. Тој стекнува голема почит и популарност меѓу граѓаните, а во дворот на црквата ги одржува првите претстави и драмски обиди на учениците, напишани од него.
Осоговски манастир Длабокото верување на кривопаланчани во моќта на св. Јоаким Осоговски наоѓа најавтентичен израз во колективната меморија која на пластичен начин од колено на колено регистрирала и зачувала повеќе преданија во кои доаѓаат до израз чудата, исцелителноста и заштитничката моќ. Чудотворното дејство на св. Јоаким Осоговски во повеќето кривопаланечки преданија е поврзано со неговиот манастир, за кој, како што е кажано во житието, тој самиот се грижел. Оттука и преданијата посебно ја афирмираат светителската заштитничка функција врз манастирот, но и пошироко врз Кривопаланечко, со што се потхранува влијанието кај верниците изразено низ психолошкото и моралното воздејство на интерактивната врска на народот со манастирот и народната традиција во Кривопаланечко воспоставува врски на Свети Јоаким Осоговски со Свети Јован Рилски, со Свети Прохор Пчински и со Свети Гаврил Лесновски, која доаѓа до израз и во житието на Свети Јоаким Осоговски, каде што тие се споменуваат како „чесна четворка, богоизбрано друштво, трудољубиви Христови работници, кои излегоа со ралото да направат бразда и да посеат семе духовно и да го дожнеат достасаното класје добродетелен плод на Христа да му принесат. Припадноста на иста вера, на иста идеја, ја поттикнува народната традиција да го прифати тврдењето дека тие биле браќа, испуштајќи ја на моменти духовната врска која е основа за воспоставување на Љаков однос. Најстаро кривопаланечко предание, кое подоцна е пренесено и во други краишта и од разни автори толкувано и како пчинско или лесновско, освен што покажува дека се проширило. Со ништо не ја загубило својата автентичност и изворност. „Четворицата големи сподвижници, браќата Јоаким Осоговски, Прохор Пчински, Јован Рилски и Гаврил Лесновски целосно посветувајќи се на христијанското учење, решиле ова да го остваруваат одделени од светот во една пештера во Лесновската Гора. Речиси триесет години браќата се подвизувале, не потклекнувајќи им на искушенијата.
Црвоточина На пример, замислетен два часовника на двете усти и двата ја покажуваат годината 2000. По патувањето со релативистични брзини, забрзаната уста се враќа на истиот регион како стационарната уста, кадешто часовникот кај забрзаната уста покажува 2005 додека кај стационарната покажува 2010. Патникот кој влегол преку збарзаната уста, во овој момент, ќе излезе преку стационарната, кадешто неговиот часовник исто покажува 2005, во истиот регион, меѓутоа 5 години во минатото. Таква конфигурација на црвоточините би им овозможила на чесичките да оформат затворен вртлок во времепросторот познат како затворена временска крива. Се смета дека не е возможно црвоточината да се преобрази во временска машина на овој начин, предпоставките се направени во контекст на теоријата за релитивитет, меѓутоа оваа теорија не ги вклучува квантните ефекти. Некои анализи кои се служат со полукласичниот пристап за да ги вметнат класичните ефекти во теоријата за релативитет индицираат дека повратен јазол од виртуелни честички би циркулирал низ црвоточината со постојано зголемувачки интензитет, уништувајќи ја уште пред било каква информација да премине преку неа содествувајќи со хронолошки заштитничката претпоставка. Ова беше доведено до прашање поради претпоставката за распрснувачка радијација при патувањето низ црвоточина, затоа е спречена бесконечна акумулација. Дебатата за оваа тематика е опишана од страна на Кип С. Торн во книгата Црни дупки и временски вртлози, а постручна дискусија може да се најде во Квантната физика на Хронолошка протекција од Мет Визер. Ито така тука е и Римскиот прстен, којшто претставува конфигурација од повеќе црвоточини. Овој прстен најверојатно овозможува затворена временска јамка со стабилни црвоточини кои се анализирани преки полукласичната гравитација, иако без целосна теорија за квантната гравитација непотврдено е дали полукласичниот пристап е доверлив во конкретниов случај.