Top 10 similar words or synonyms for задачите

целите    0.775592

процедурите    0.758524

насоките    0.749909

способностите    0.745586

должностите    0.738462

одговорностите    0.733388

одлуките    0.732882

извршувањето    0.730052

барањата    0.725988

активностите    0.724006

Top 30 analogous words or synonyms for задачите

Article Example
Задачите на Херакле Херакле талкал низ областа сѐ додека не дошол до градот Клеона. Таму сретнал едно момче кое му рекло дека ако тој го убие Немејскиот лав и се врати жив за 30 дена, градот ќе му жртвува лав на Зевс, но ако не се врати за 30 дена или умре, момчето ќе се жртвува на Зевс. Друга верзија на митот тврди дека тој го сретнал Молорх, овчар чиј син бил изеден од лавот, велејќи му дека ако се врати за 30 дена, ќе му биде жртвуван овен на Зевс. Ако не се врати за 30 дена, овенот ќе му биде жртвуван на мртвиот Херакле како жртва при оплакувањето.
Задачите на Херакле Откако го убил Немејскиот лав, Евристеј го испратил Херакле да ја убие хидрата, која Хера ја одгледала за да го убие Херакле. Кога стигнал до мочуриштето близу до езерото Лерна, каде хидрата живеела, Херакле ги покрил устата и носот со платно за да се заштити од отровните гасови. Истрелал огнени стрели во дувлото на хидрата, изворот на Амимона, длабока пештера која се појавила за да ги тероризира соседните села. Тој потоа се соочил со хидрата со жетварски срп (според некои рани слики на вазни), меч или неговиот славен боздоган. Рак и Стејплс (1994: 170) укажале дека реакцијата на хтонското суштество била ботаничка: откако ќе ги исечел сите глави, дознал дека повторно израстувале по две нови. Израз на безнадежност на таква борба за секој, но не и за херојот. Слабоста на хидрата била таа што само една од нејзините глави била бесмртна.
Задачите на Херакле Петтата задача на Херакле била да ги исчисти Аугиевите штали. Оваа должност била со намера да биде и понижувачка и невозможна, бидејќи добитокот бил божествено здрав (бесмртен) и поради тоа произведувал огромно количество измет. Овие штали не биле исчистени повеќе од 30 години, а во нив живееле повеќе од 1000 говеда. Сепак, Херакле успеал преку пренасочување на реките Алфеј и Пинеј да ја измие нечистотијата.
Задачите на Херакле Успехот на неговата задача на крајот бил отфрлен бидејќи брзите води ја завршиле работата со чистењето на шталите и бидејќи на Херакле му било платено. Евристеј, изјавувајќи дека Херакле сѐ уште има преостанатото седум задачи да ги изврши, го пратил Херакле да ги победи Стимфалиските птици.
Задачите на Херакле Свиркајќи весело поради својот досегашен успех, Херакле бил испратен да го зароби бикот како негова седма задача дадена од Евристеј. Тој отпловил до Крит, при што кралот Миној му дал дозвола да го однесе бикот и му понудил помош (која Херакле ја одбил од гордост) бидејќи опустошувал на Крит корнејќи ги жетвите и рамнејќи ги расадниците. Херакле се прикрадил зад бикот и ги искористил своите раце да го задави (запирајќи пред да го убие), и потоа го истоварил назад во Атина. Евристеј, кој се скрил во својот питос при првиот поглед на суштеството, сакал да го жртвува бикот на Хера, која го мразела Херакле. Таа го одбила жртвувањето бидејќи ја отсликувала славата на Херакле. Бикот бил пуштен и залутал во Маратон, каде станал познат како Маратонскиот бик. Тезеј подоцна го жртвувал бикот на Атена и/или Аполон. Евристеј го испратил Херакле да ги донесе човекојадните кобили на Диомед.