Top 10 similar words or synonyms for забелски

сопотнички    0.937393

белчишка    0.920708

бројанец    0.913710

апен    0.907550

алистратик    0.906758

zovik    0.905341

dewing    0.904343

modestep    0.904046

еурометропол    0.903130

слепчанска    0.902640

Top 30 analogous words or synonyms for забелски

Article Example
Забелски манастир Внатрешните преградни ѕидови се од дрвена бондручна конструкција изработена од полутесана граѓа и опшиена со дрвени летви кои се малтерисани со малтер од кал и варосани во бела боја од страната на собите, додека самиот ѕид одвнатре е воздушен. Сите соби од внатрешната страна се малтерисани. Таваните на вториот кат се обоени во бела боја, додека на првиот кат се видливи дрвени меѓукатни греди. Дрвената кровна конструкција е од полутесана дрвена граѓа, оплата од штици на која се поставени летви и фалцовани ќерамиди. Стреите се широки и се изработени од дрвена полуобработена граѓа.
Забелски манастир Кујната со фурна денес е во урнатини, но забележителен е отворениот трем во кој била сместена. Од источната страна на тремот, на околу 50 цм под нивото на теренот се наоѓала кујната; а од западната страна, исто така на околу 50 цм под тремот била сместена просторијата за намирници. Кујната во својата внатрешност имала огниште и изѕидан парапетен ѕид кој служел како работна површина. Ѕидовите од внатрешната стрна не биле малтерисани, додека однадвор биле малтерисани со малтер од кал и варосани во бела боја. Северната страна на овие простории била изѕидана со кршен камен и малтер од кал, а останатите страни со непечена тула, малтер од кал и обоени во бела боја. Кровната конструкција била изработена од дрво и имала покрив од стари турски ќерамиди.
Забелски манастир Во склоп на манастирот спаѓаат манастирската црква, конак, кујна со фурна и визба во урнатини, чешма, остатоци од стариот конак и новоизграден помошен објект. Според остатоците на конаци од источната страна може да се заклучи дека манастирот бил затворен со конаците околу црквата. Новиот конак е сместен од јужната страна, на западната страна се наооѓа новоизградениот помошен објект, додека остатоците од кујната со фурна и визба се на северната страна. Оградниот ѕид на дворот на манастирот бил изѕидан со парапет од кршен камен и малтер од кал во висина до 50 цм. Остатокот од ѕидот во висина од 200 цм бил изѕидан од непечена тула во малтер од кал и либажни слоеви од дрвени кушаци, а малтерисан бил со малтер од кал и варосан во бела боја, што може да се забележи од остатоците.
Забелски манастир Според кажувањето на мештаните, манастирот во минатото бил сместен на крстопат и него го посетувале многу верници, како и патници намерници кои преноќувале во конаците. Благодарение на плодната земја и густата шума, манастирот бил еден од најбогатите во земјата, а него го опслужувале дваесетина семејства кои одгледувале над 200 овци и 20 грла крупен и ситен добиток. Во дворот на манастирот имало бунари, амбари, воденица за мелење брашно и фурна. Во манастирот бил развиен и калуѓерскиот живот, но по Втората светска војна калуѓерите биле протерани.
Забелски манастир Во 2004 година било откриено дека од манастирот биле украдени 10 икони од познати иконописци од 19 век, вклучувајќи и четири икони изработени од Дичо Зограф во 1857 година.