Top 10 similar words or synonyms for доневски

дупенски    0.955245

миовски    0.928911

илиев    0.928120

стојко    0.925503

стерјо    0.919549

велко    0.919124

цветко    0.914957

петко    0.911345

гелев    0.908496

спиро    0.907033

Top 30 analogous words or synonyms for доневски

Article Example
Историја на П’пли Партиската организација во селото П’пли започнала да се формира пред почетокот на војната. Група на симпатизери од напредното работничко движење и на комунистичката партија од ова село биле следните селани: Васил Арнаутовски, Фоте Доневски - Дупенски, Ристо Миовски, Ламбро Иљовски - Миовски, Сотир Марковски, Ристо Кочовски и Петре Доневски - Дупенски (кого селаните го ословувале со прекарот „социјалистот“).
Историја на П’пли Жените што биле однесени во селото Желево биле задржани 20 дена. За целиот престој тие биле физички малтретирани. Заробеничките биле: Стоја Доневска - Дупенска, Ристана Доневска - Дупенска, Петра Доневкса - Дупенска, Цвета Ангелова, Елена Петровкса, Трајковица Диманова, Фанија (Миовска) Иљовска, Петре Поповски и Петре Доневски - Дупенски. Поради измачувањата животот го загубила селанката Трајковица Диманова. Од горе споменатата група селани, во селото Желево каде што биле приведени во селското училиште, селаните Фанија Иљовска (Миовска), Стоја Доневкса - Дупенска, Ристана Доневкса - Дупенска, Петра Доневска - Дупенска и Петре Доневски - Дупенски биле префрлени во затврот во градот Лерин каде што биле осуденина 3 месеци.
Историја на П’пли Во оваа војна активно учество земале и жителите од селото П’пли. Во 1946 од селото П’пли заминале 7 борци кои активно учествувале во редивите на ДАГ, а тоа биле Трајко Доневски - Дупенски, Илија Доневски - Дупенски, Михаил Доневски - Дупенски, Доне Доневски - Дупенски, Ристо Арнаутовски, Цветко Трајковски и Јанкула Петровски. Овие лица во составот на ДАГ остануваат се до поразот и расформирањето на единицата на ДАГ. Согледувајќи ја поставеноста на демократската армија и противничката воена сила, потпомогната од западните светски воени сили, главната команда на ДАГ упатува апел до населението во Егејска Македонија за масовно вклучување во редовите на аримијата по што од селото П’пли во редовите на ДАГ, во 1947 година, заминуваат уште 12 селани жртвувајќи ги своите животи за Македонија. Втората група П’плени ја сочинувале Алексо Петровски, Васил Ангелов, Михаил Наумов - Ангелов, Василка Геровска, Гоче Геровски, Стоја Кочовска, Танас Беговски, Глигур Каранфиловски, Олга Тутуновска, Ристо Стефовски, Ристо Петровски и Стојан Поповски. При крајот на 1948 во редовите на демократската армија се приклучуваат и последната, трета, група на жители од ова село во која се наоѓале Вангел Миовски, Ристо Марковски, Филип Тутуновски, Стојанка Доневска - Дупенска, Фанија Доневска - Дупенска, Германија Томовска, Павлевица Бегутому, Фотејца Каранфиловска, Доста Марковска и Стоја Димова. П’пли и П’плени дале сè за војанта. Освен оние кои биле воено ангажирани, голем придонес давало и останатот население со тоа што пренесувало оружје, храна, копале ровови и сè друго со што можело да се помогне во движењето.
Историја на П’пли На 18 ноември, 1944, во слободна Битола била формирана првата ударна бригада на македонците од Грција. Во нејзините редови се бореле и следниве П’плени: Михаил Доневски - Дупенски, Атанас Доневски - Дупенски, Илија Доневски - Дупенски, Цветко Трајковски, Вангел Миовски, Трајко Димановски, Јане Миовски, Ристо Арнаутовски, Гоче Миовски и Гоче Геровски Божаровски. Во текот на 1945 година во составот на правата ударна бригада се приклучиле и други П’плени и тоа: Коста Доневски - Дупенски, Трајко Доневски - Дупенски, Доне Доневски - Дупенски, Ристо Марковски, Алексо Петровски, Ристо Каранфиловски, Крсте Кичи Стерјовски и Јанкула Петровски. Во првата половина на 1945 година дошло до расформирање на оваа бригада на македонците од Грција. Летото, истата година, во селото П’пли се враќаат реакцинерните власти кои повторно им нанеле големи неправди на селаните. Властите тоа го правеле заедно со просфигите. Грчките монархофашистички власти во селото поставиле и своја полициска станица, а како шеф на станицата бил назначен озогласениот Сарандопулос. Тогаш тој го забранил одењето од село во село и за посебни случаеви восјката издавала пропусници. Истиот ден, тој наредил полските работи да се извршуваат од изгрејсонце до зајдисонце, а во спротивно кој ќе се најдел после ова време на нива, ќе го стрелале. Накратко кажано - во селото П’пли и во останатие села во Преспа завладеал полициски час. на 18 јуни, на пладне, жителите од селото биле собрани на сре село и биле заобиколени од вооружени војници кои ги командувал Сарандопулос. Ги претресувале сите куќи и плевни, зеле 10 мажи и жени (со врзани раце), ги натовариле во камиони и ги однеле во затворот во Лерин. Помеѓу затворениците биле: Фоте Доневски - Дупенски, Ристо Кочовски, Ламро Иљовски (Миовски) кои биле осудени на 6 години затвот по логорите во Крит, Солун, Касандра, Лерин и Ѓура со образложение дека соработувале со движењето на отпорот (последниот останува сè до 1952 година кога пребегнува во ФНРЈ, односно Македонија). Помеѓу притворените биле и Коле Кочовски (осуден на 2 години во споменатите логори), Алексо Миовски (на 1 година затвор во Солун и во Лерин). Во истиот настан биле приведени и Васил Ангеловски, Ристо Миовски, Методи Филиповски, Стојо Стефовски и Стојан Дамјановски кои останале еден месец во затворот во Лерин. Гореспоменатите п’плени (Ристо Миовски и Стојан Димановски) во мај, 1947 година, биле убиени во Лерин што предизвикало многу селани да излезат од своите села и во планините да формираат вооружени групи.
Историја на П’пли Кон почетокот на 1943 година биле поставени и темелите на партиската организација во чиј состав биле вклучени селаните: Цветко Трајковски - секретар, Ристо Арнаутовски, Фоте Доневски - Дупенски, Јанкула Петровски, Ристо Кочивски и Ристо Миовски како членови на организацијата. Подоцна, кон крајот на годината, во организацијата била вклучени и следните селани: Коле Кочовски, Вангел Миовски, Фанија Иљовска - Миовска и Михаил Тутуновски.