Top 10 similar words or synonyms for долари

фунти    0.811654

евра    0.773922

милијарди    0.706221

франци    0.680975

билиони    0.668458

денари    0.667220

рубљи    0.658173

милјарди    0.652692

заработка    0.650911

усд    0.648857

Top 30 analogous words or synonyms for долари

Article Example
За грст долари Еден осамен револвераш по име Џо (го игра Иствуд) пристигнува во мексиканското гратче Сан Мигел, кое се наоѓа на границата со САД и веднаш се спријателува со сопственикот на локалната кафеана, Силванито. Тој дознава дека во градот владеат две банди: едната предводена од Џон Бакстер, а другата под водство на суровиот Рамон Рохо (го игра Волонте). Во една престрелка, Џо убива четворица од бандата на Бакстер и затоа, добива покана да ѝ се придружи на групата на Рохо. Така, тој одлучува да работи истовремено за двете банди со цел да ги раскара.
Девојка од милион долари Девојка од милион долари (англиски: "Million Dollar Baby") е американски филм од 2004 година, во режија на Клинт Иствуд (Clint Eastwood), кој е и еден од продуцентите на филмот. Сценариото го напишал Пол Хагис(Paul Haggis) според книгата „Јажето гори (Rope burns)“ на Ф.Х. Тул (F.X. Toole). Главните улоги во филмот ги толкуваат: Хилари Свонк (Hilary Swank), Клинт Иствуд и Морган Фримен (Morgan Freeman). Директор на фотографијата е Том Стерн (Tom Stern), а монтажата ја направил Џоел Кокс (Joel Cox). Филмот добил четири награди „Оскар“, и тоа во категориите: „најдобар филм на годината“, „најдобра главна женска улога (Свонк)“, „најдобра машка споредна улога (Фримен)“ и „најдобра режија (Иствуд)“. Покрај тоа, филмот имал уште три номинации за наградата „Оскар“. Исто така, филмот добил две награди „Златен глобус“, и тоа за најдобра глумица и за најдобра реѓија. Вкупно, филмот бил добитник на 75 награди и имал 41 номинација на бројни филмски фестивали.
За грст долари Сепак, неговата двојна игра е откриена и Џо е брутално претепан. Сепак, додека луѓето на Рамон се пијанат, Џо успева да избега од заробеништвото, а потоа, засолнет надвор од градот, со помош на Силванито се опоравува. Бидејќи не е целосно подготвен за борба, Џо изработува челичен оклоп и го предизвикува Рамон на двобој. Рамон неколкупати успева да го погоди, но не може да сфати зошто Џо не умира. Потоа, Џо смртно го ранува Рамон и тогаш му ја открива тајната на оклопот.
Девојка од милион долари Френки Дан (го игра Иствуд) е боксерски тренер и сопственик на сала за вежбање во која тренираат млади боксери. Нему му помага поранешниот боксер Еди Скреп (го глуми Фримен), единствениот пријател на Френки, кој е затворен во себе и страда поради оддалеченоста со ќерка му. Еден ден, во салата доаѓа девојката Меги Фицџералд (ја игра Свонк), која бара од Френки да ја научи да боксува. На почетокот, Френки одбива, но подоцна се нафаќа да ѝ биде тренер и менаџер на Меги, која многу брзо напредува во боксерската вештина. Кариерата на Меги се развива брзо и таа лесно ги победува противничките. Притоа, Френки секогаш ѝ го повтороува основното правило во боксот: Заштити се себеси!
Девојка од милион долари Подготвувајќи се за борба против британската шампионка, Френки ѝ купува на Меги боксерски мантил на којшто на галски јазик е напишано „Моја мила, моја крв“, но одбива да ѝ го каже значењето на натписот. Како што напредува кариерата на Меги, таа собира доволно пари за да купи куќа за своите најблиски (мајката и сестрата), но тие се однесуваат многу лошо кон неа, сакајќи да ѝ ги земат парите. Во една борба за награден фонд од еден милион долари, противничката на Меги се служи со нечесни средства и за време на паузата меѓу рундите ја удира по тилот, по што Меги паѓа и со главата удира во дрвениот стол. Потоа, таа завршува во болница, а Френки ѝ обезбедува првокласна нега. Во болницата доаѓа мајка ѝ на Меги, која сака да ја наговори да ѝ го препише богатството. Бидејќи Меги е парализирана, постепено ѝ атрофираат мускулите и поради тоа ѝ ги ампутираат нозете. И покрај поддршката од Френк, Меги ја губи волјата за живот и го моли да ѝ го прекрати мачниот живот. Френк не може да го прифати тоа, но гледајќи ја како се мачи, една ноќ, тој ја посетува Меги и ѝ го шепнува значењето на натписот на галски јазик, по што ѝ го исклучува апаратот за вештачко дишење и ја убива со помош на инјекција со големо количество адреналин. Потоа, Френки исчезнува, а салата му ја остава на Еди.