Top 10 similar words or synonyms for гуѓаково

возарци    0.887816

безово    0.884028

пополжани    0.882058

стипона    0.881783

јачинце    0.878211

саждево    0.876449

пендак    0.876332

грекање    0.875897

ливоишта    0.874772

пешталево    0.873775

Top 30 analogous words or synonyms for гуѓаково

Article Example
Гуѓаково Гуѓаково е село во Општина Прилеп, во областа Мариово.
Список на населени места во Македонија Гуѓаково.
Мариово Прилепско Мариово: Витолиште, Бешиште, Вепрчани, Врпско, Дуње, Живово (на народен говор: Жиово), Кален, Кокре, Крушевица, Манастир, Полчиште, Пештани, Чаниште и Гуѓаково (на народен говор Гудјаково).
Мариовци Мариовците живеат во следните села во Мариово: Старавина, Маково, Рапеш, Зовиќ, Градешница, Будимирци, Груништа, Орле, Брник, Ивени и Петалино во т.н. битолско Мариово, Витолиште, Бешиште, Вепрчани, Врпско, Дуње, Живово (на народен говор: Жиово), Кален, Кокре, Крушевица, Манастир, Полчиште, Пештани, Чаниште и Гуѓаково (на народен говор Гудјаково) во т.н. прилепско Мариово, Рожден, Клиново, Р’жаново,Мајден и Галиште во тиквешкиот дел на Мариово.
Општина Прилеп Во составот на општината влегуваат и 58 села: Алинци, Беловодица, Беровци, Бешиште, Бонче, Вепрчани, Веселчани, Витолиште, Волково, Врпско, Галичани, Голем Радобил, Големо Коњари, Гуѓаково, Дабница, Дрен, Дуње, Ерековци, Живово, Загорани, Кадино Село, Кален, Канатларци, Клепач, Кокре, Крушевица, Крстец, Леништа, Лопатица, Мажучиште, Мал Радобил, Мало Коњари, Мало Рувци, Манастир, Марул, Никодин, Ново Лагово, Ореовец, Пештани, Плетвар, Подмол, Полчиште, Прилепец, Присад, Ракле, Селце, Смолани, Старо Лагово, Топлица, Тројаци, Тополчани, Тројкрсти, Царевиќ, Чаниште, Чепигово, Чумово, Шелеверци и Штавица.
Вепрчани Селото Вепрчани се наоѓа во областа Мариово, јужно од градот Прилеп. Се наоѓа на северната страна на прилепскиот дел на областа Мариово. Сместено е во дол на јужното подножје на планината Дрен од левата страна на Црна Река. Селото Вепрчани е од збиен тип и има издолжен изглед со куќи сместени од десната страна на долот на Вепрчанска Река, со правец на протегање од исток кон запад. Вепрчани е ридско село расположено на надморска височина од 800 метри. Од три страни селото Вепрчани е заградено со високи планински гребени, од југ го заградува висок планински гребен со највисокиот врв Бутковец (1191 м.н.в), на исток кон Гуѓаково сѐ до Црна Река се испушта рамка со врвовите Бадниево Гноиште (1225 м.н.в.) и Трите Страги (1476 м.н.в.), на север е главното било на Дрен Планина со врвовите Четири Буки (1462 м.н.в.), пределот Сува Планина со врвот Маркови Кули (1510 м.н.в.), пределот Вепрчка Скрка со превојот Лигураса и веднаш од северозапад е гребенот Крајни Стени. Долот на Вепрчанска Река е отворен кон запад каде во близина на Дуње се спојува со Ореовдолска Река и заедно ја сочинуваат богатата со риби Дунска или Лисичка Река кој се влева во Црна Река. Од градот Прилеп, селото Вепрчани е оддалечено 34 километри. До него се стасува преку исклучувањето од регионалниот пат за Витолиште пред Дуње до каде води асфалтен пат, а од каде што продолжува макадамски пат посипан со чакал во должина од 11 километри. Атарот на Вепрчани е доста голем и зафаќа пространство од 29,9 км. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1778,4 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 664,7 ха, а на шумите само 11,6 ха. Доста густа дабова шума е застапена на падините под Бутковец и манастирот Св. Богородица јужно и југоисточно од селото. На атарот на селото има големи и квалитетни наоѓалишта на мемер на север од селото како и кварц и порцелан. Местности во атарот на Вепрчани се: Доќимот, Крив Рид, Бутковец, Лозја, Скокот, Миличино, Градиште. Селото се дели на Горно и Долно Маало кои потоа се поделуваат во помали маала според родовските имиња: Ролево, Чорапарово, Леково и др. Со вода се снабдува од една чешма во средина на селото, а постои и доста издашен извор во рудникот за мермер од кој со цевки е спроведена вода до манастирот „Св. Димитрија“. Блиски и соседни села на Вепрчани се: Дуње на запад со чиј атар граница претставува Дуњска Река, Пештани на северозапад, Беловодица, Царевиќ и Дрен преку Дрен Планина во долината на Раечка Река на север, мариовско Гуѓаково на исток, Врпско на југоисток и Живово на југ преку реката Црна.
Вепрчани Селото Вепрчани е населено исклучиво со Македонци од православна христијанска вероисповед. Староседелски македонски родови во Вепрчани се: "Тодоровци" (слават Петковден) биле еден од поимотните родови со најмногу земја во селото, а од нив како деленици поттекнуваат родовите "Ролевци", "Шакировци" чиј предок кој бил помал брат на трговецот Пројче бил комита кај Шакир војвода, "Мурџевци", "Брдевци", "Поповци" од овој род попот Димко се оженил со ќерката на митрополитот во Прилеп и бил прв учител по веронаука, а за неговата ќерка во Прилеп имало и народна песна, "Мутевци", "Чиричевци". Македонски родови во Вепрчани за чија старина и место на доселување се знае, се: "Мијаковци" (слават Митровден) се доселиле од с.Гари во Мијачијата во западна Македонија и "Рожденовци" чиј предок дошол како домазет од кавадаречкото село Рожден во тиквешко Мариово. Останати староседелски родови или родови со непознато место на доселување се: "Чорпаровци" можно е прекарот да го добиле по тоа што биле сиромашни и оделе по чорапи или пак дека плетеле чорапи за селото, "Личовци", "Краиновци", "Корлевци", "Рабевци", "Бурназовци", "Мачниковци", "Лековци", "Головци" кои прекарот го добиле по предокот Ристе „Гола Сабја“ кој со голи раце како со сабја му откинал глава на некој турчин во Прилеп, "Шулевци", "Благиовци", "Љутовци" или "Лутиовци", "Ѓумишовци", "Пилевци", "Чекановци", "Заечковци", "Јаничовци", "Василовци", "Шмантевци", "Шпарловци", "Шабановци", "Тасевци", "Аџиовци", "Пупевци", "Куцаровци". Брачни врски надвор од селото се склопувале најчесто со невести донесени од селата Дуње, Гуѓаково и Галиште.