Top 10 similar words or synonyms for григориј

игнатиј    0.861824

макариј    0.855930

патријархот    0.850353

епископот    0.850171

владиката    0.847886

антиохиски    0.847552

георгиј    0.843751

александриски    0.838667

софрониј    0.830063

фотиј    0.825530

Top 30 analogous words or synonyms for григориј

Article Example
Григориј Акиндин Григориј Акиндин бил исклучителен теолог, философ и книжевник во чиишто јавни настапи и книжевни дела се претставувал како длабок мислител и полемичар со рационално чувство. Поставувајќи се на страната на рационалистичките идеи, тој не ги поддржувал формите на веќе откриените философски и културолошки погледи во западната цивилизација - како што бил обвинет од неговите противници, исихастичките мистичати. Напротив, тој правел обид да ги дефинира новите хуманистички и ренесансни пројави и истите да ги акомодира во православно-догматска теорија и суштина. Општествено-политичката криза во центарот на Византиската империја била причина полигонот за судирот меѓу идеите и развојните тенденции да се дислоцира на македонски терен. Во Света Гора и во Солун престојувале најистакнатите претставници на обете идеи од она време. Во педизвиканите идејни конфронтаии се вклучувале и словенските монаси од светогорските манастири. Голем интерес пројавувале и словенските ученици во Солун, кои ги следеле предавањата на идејни протагонисти од двете спротивни идејни страни. И токму македонскиот „Словен“ од Прилеп Григориј Акиндин се издигнал и до рангот носител на идејна страна во веќе споменатата конфронтација.
Григориј Акиндин Во 1616 година се издале само првите две книги од страна на Јакоб Грецер, а истото издание го препечатил опатот Ж.П. Мињ во 1865 година. Своевиден епиграфски прилог кон овој текст дал и Ј.Филоски, кој во 1972 година пронашол примерок од ова дело во венецијанската библиотека "Марциана" што содржело шест книги.
Григориј Распутин При секоја криза во здравјето на престолонаследникот, монахот успевал истата да ја уништи. По ова, тој станал многу влијателен во кралското семејство. Кралицата Александра дури верувала дека Бог зборувал со неа преку Распутин. Аристократијата во Санкт Петербург, сепак, не се согласувало со неговото брзо влијание. Помеѓу населението во престолнината се шириле и гласините дека царицата всушност е шпион кој работи за Германија токму преку Распутин. Во текот на својот живот во престолнината, тој станал една од најголемите контроверзни личности во поновата историја на Русија. Често пати бил гледан со проститутки, се опивал, бил многу нечист, ретко се бањал и некултурно се однесувал на јавните места. Царската гувернанта Марија Ивановна Вишњакова тврдела дека Распутин ја силувал, пролетта 1910. Вишњакова тврдела дека царицата не ѝ поверувала и дека говорела како Распутин прави само свети дела. Големата кнегиња Олга Александровна рекла дека тврдењата на Вишњакова веднаш биле испитувани, но наместо Распутин, Вишњакова е фатена во кревет со еден Козак од царската гарда. Вишњакова повеќе не го видела Распутин, а во 1913 год. била отпуштена.Сепак, покасно се ширеле трачеви како Распутин не само што ја завел царицата, туку и нејзините четири ќерки. Тој трач добил на тежина кога Распутин дозволил околу да кружи писмото до него од царицата и нејзините ќерки. Анастасија напишала "Мој драг, ценет. единствен пријателу. Колку долго сакам повторно да те видам. Денес ми се појави во сонот. Секогаш ја прашувам мама кога ќе дојдеш... Секогаш мислам на тебе, мој драг, бидејќи ти си толку добар спрема мене."
Григориј Грабовој Григориј земал пари од оние што доаѓале на неговите предавања, а најамбициозните кои сакале индивидуална обука плаќале по 1.500 евра. Освен ова, тој продавал книги и свои видеокасети. На Григориј навистина искрено му поверувале некои мајки од Беслан. Меѓу нив била и Сузана Дудиева, раководителка на комитетот ""Мајките од Беслан"°. Дудиева поверувала во тврдењата дека ""современата технологија може да ги оживее мртвите"°. По средбата со Владимир Путин во Кремљ, десетина несреќни мајки од Беслан отишле на разговор кај Григориј.
Григориј Акиндин Григориј Акиндин бил Македонец роден на почетокот на четиринаесетиот век во Прилеп, Македонија, тогаш во Византија. Родното му име не е познато, а Григориј е неговото монашко име. "Акиндинос" пак е прекарот му, што значи „непогрешлив“. Осуден е како еретик посмртно на Соборот во 1351 година.
Григориј Акиндин Речиси сите дела на Акиндин се однесувале на спорот меѓу исихастите и рационалистите. Неговите дела, поради своите идеи биле масовно забранувани и уништувани како еретички творечки пројави. Затоа и не е целосно согледан корпусот на неговите философски и книжевни дела.
Григориј Акиндин Главно негово дело е „"Шесте приговори против ереста на Палама"“. Евидентирани се уште неколку состави, од кои попознати се: пет „"Книги против Варлаам"“, две „"Паламини испоеди на верата"“, многубројни писма, „"509 јампски стихови за заблудите на Палама"“, „"Говор испратен до патријархот Јоан Калека во почетокот на спорот"“ и други. Нему му се припишува и авторството на делото „"За суштината и енергијата"“, чијшто број книги е меѓу 6 и 8.
Григориј Чуриловски Григориј умира во 1912 година , а во 2004 година во Чуриловскиот манастир е подигнат негов споменик.
Григориј Грабовој Григориј Грабовој (руски: "Григо́рий Петро́вич Грабово́й", роден на ) е автор на „"Доктрина на универзалното спасение и хармоничен развој"“, основач на партијата ДРУГГ и човек кој себе си се смета дека е новиот Исус Христос.
Григориј Грабовој Григориј Грабовој е роден во јужен Казахстан. Во Ташкент, главниот град на Узбекистан, завршил Технички факултет во 1986 година и по струка е инженер. Десет години подоцна во Московската област завршил и медицинска школа и добил титула фељдшер, односно медицински брат. Тоа минимално медицинско знаење му било потребно за да може полесно да ги манипулира луѓето, работејќи како екстрасенс. Во периодот на процутот на измамите во Русија, кога се отворале разни академии, кои продавале дипломи, Григориј Грабовој станал член на академијата на природни науки. Потоа добил диплома од уште неколку други академии. Сите академии немале никаква врска со Руска академија на науки. Грабовој дури успеал да докторира, а неговата дисертација била под наслов ""Начин за спречување катастрофи"°.