Top 10 similar words or synonyms for глукозо

лактат    0.896595

синтетаза    0.894396

малат    0.886575

киназа    0.885982

кетоза    0.885541

алкин    0.884518

етилен    0.883073

дифосфат    0.882082

монофосфат    0.881609

рибоза    0.879408

Top 30 analogous words or synonyms for глукозо

Article Example
Пентозо-фосфатен пат Линеарниот дел од овој пат се состои во оксидација и декарбоксилација на глукозо-6-фосфатот, произведувајќи притоа пентозен шеќер рибулозо-6-фосфат. Најпрво ензимот глукозо-6-фосфат дехидрогеназа ја катализира оксидацијата на алдехидот на С1 атомот (во вид на хемиацетал) глукозо-6-фосфат (1) до карбоксилна киселина во која постои естерска врска (лактон) – 6-фосфоглуконолактон (2). NADP служи како примател на електрони. 6-фосфоглуконолактоназа ја катализира хидролизата на естерската врска (лактонот) на 6-фосфоглуконолактон во 6-фосфоглуконат (3), што резултира со отворање на хетероцикличниот прстен. Иако отворањето на прстенот се случува во отсуство на катализатор, 6-фосфоглуконолактоназата ја забрзува реакцијата со тоа што го отстранува токсичниот 6-фосфоглуконолактон. Фосфоглуконат дехидрогеназа ја катализира оксидативната декарбоксилација на 6-фосфоглуконатот и ја дава 5С кетозата рибулозо-5-фосфат (4). Хидроксилната група на С3 атомот (С2 на продуктот) се оксидира во кетон. Со ова се поттикнува губење на карбоксилната група од С1 атомот во вид на јаглерод диоксид (CO). NADP повторно служи како оксиданс, односно електронски акцептор.
Пентозо-фосфатен пат Регулацијата на одвивањето на пентозо-фосфатниот пат е во зависност од концентрацијата на NADP која се зголемува со искористувањето на NADPH во редуктивните анаболички патишта. Самиот ензим со кој и започнува пентозо-фосфатниот пат, глукозо-6-фосфат дехидрогеназа, дејствува во зависност од достапноста на NADP.
Вогес-Проскауеров опит Бактериите кои ќе се тестираат се засејуваат на глукозо-фосфатен бујон и се инкубираат најмалку 48 часа. Се додаваат 0,6 ml на алфанафтол на бујонот и се промешува. Се додаваат 0,2 ml од 40% KOH на бујонот и повторно се промешува. Епруветата треба да отстои 15 минути. Појавата на црвена или розова боја се зема за позитивен тест. Негативните епрувети мора да се држат еден час, бидејќи максималното развивање на бојата се случува до еден час по додавањето на реагенсите.
Тест со метил црвено Бактеријата која ќе се испитува се засејува во глукозо-фосфатен бујон кој содржи глукоза и фосфатен пуфер и се инкубира на 37° С за време од 48 часа. За време на тие 48 часа организмот кој врши мешана ферментација мора да произведе доволно киселина за да го надвладее фосфатниот пуфер и средината да стане кисела. pH на медиумот се тестира со додавање на пет капки од метилен црвено реагенс. Развитокот на црвен слој на врвот од бујонот се смета за позитивен тест. МЦ негативните организми даваат жолта боја.
Аланин Аланинот игра клучна улога во глукозо-аланинскиот циклус кој се одвива помеѓу ткивата и црниот дроб. Во мускулите и другите ткива кои ги согоруваат аминокиселините со цел да добијат енергија, аминогрупите се собираат во форма на глутамат по пат на трансаминација. Глутаматот потоа ја пренесува својата аминогрупа преку дејството на аланин аминотрансферазата до пируватот, кој е продукт на мускулната гликолиза, притоа формирајќи аланин и алфа-кетоглутарат. Формираниот аланин се пренесува во крвта и се транспортира до црниот дроб. Обратен тек на аланин аминотрансферазната реакција се случува во црниот дроб.