Top 10 similar words or synonyms for водочкиот

бигорскиот    0.780726

карпински    0.758312

бигорски    0.754032

лешочки    0.747201

кнежинскиот    0.747068

полошки    0.736079

чудовиот    0.735169

лесновскиот    0.732898

чебренски    0.725270

куклиш    0.722050

Top 30 analogous words or synonyms for водочкиот

Article Example
Константин Кавасила Тој бил роден во Илирија, најверојатно на територијата на Епирското деспотство. Пред да застане на охридскиот трон, тој бил епископ во градот Струмица, поточно во водочкиот манастир и митрополит во Драч.
Беровски машки манастир На ова место пред да биде изградена денешната црква имало друга црква посветена на Успение на Пресвета Богородица која била обновена и прилагодена за монашки живот, па со тоа е преобразена во манастир. Во 2002 година, од Водочкиот манастир со благослов на владиката Наум Струмички се доселило тричлено братство. Така за првпат во Берово биле ставени почетоците на машкото монаштво.
Струмичка епархија Во периодот 1998-2002 година од темел биле подигнати околу дваесетина цркви: црквата на Св. Григориј Палама и Св. великомаченик Димитриј во Струмица, монашката црква посветена на Св. Григориј Палама во Водочкиот манастир, параклисната црква во монашкиот конак на Велјушкиот манастир, посветена на Св. Апостол Павле и на Св. Григориј Палама, манастирската црква на Св. Климент и Св. Наум Охридски во Хамзали, малата манастирска црква посветена на Св. Петка во манастирскиот комплекс во Банско, двете манастирски цркви - на Св. новомаченик цар Николај Романов со семејството и на Св. Григориј Палама и Св. Максим Исповедник - во рамките на манастирскиот комплекс Партениј Зографски во Стар Дојран, манастирската црква посветена на Св. великомаченик Георгиј и на Св. новомаченичка Елисавета во с. Три Води, малата црква посветена на Св. Трифун и на Св. Григориј Григоријатски којашто му припаѓа на скитот во непосредна близина на Водочкиот манастир, манастирската црква на Преподобна Параскева во близина на Пехчево и други.
Фрескопис Фреските во Света Софија, катедралниот храм на Охридската архиепископија, во Охрид (меѓу 1040-1045 година), претставуваат најдобро сочуван живопис од сите постоечки фрескописни програми во една катедрална црква во Византија во 11 век. Се смета за еден од клучните артефакти во општата историја на Византија. Од овој период, во истиот фреско-опус, спаѓаат и делумно сочуваните фрески во Водочкиот и Велјушкиот манастир, во близина на Струмица.
Берово На ова место имало црква посветена на Успение на Пресвета Богородица која била обновена и прилагодена за монашки живот, па со тоа е преобразена во Манастир. Во 2002 година, од Водочкиот манастир со благослов на владиката Наум тука се доселило тричлено братство. Така за првпат во Берово беа ставени почетоците на машкото монаштво. Самиот локалитет има посебно значење за беровчани, како место на поклонение и молитвено почитување на Пресвета Богородица.
Струмичка епархија Во своите матични манастири, Велјушкиот и Водочкиот, Струмичката епархија развива самостојна, сеопфатна но селективна црковна издавачка дејност. Издадени се над дваесет наслови, од кои: оригинални пастирски текстови и есеи со аскетска тематика, преводи од поуките за молитвата на современите Старци од 20 век, текстови од историјата на исисхазмот, преведени изданија од современата светска теологија, апологетски текстови како одговор на состојбите во јавноста кон возобновеното монаштво итн.
Водочки манастир Живописувањето на ентериерот на водочкиот комплекс цркви се одвивал во три временски периоди во X, XI и XII бек. Иако сочуван фрагментарно поседува високи ликовни квалитети, а во сликарскиот израз се присутни влијанија од античката ликовна традиција и отпори кон влијанија од современите византиски стилско ликовни струења од Цариград и Солун и желба за раскинување со византиските сликарски принципи. Античкото сликарско влијание е застапено во еден мал фрагмент од половичен неиндитификуван лик од светител од X век, кој припаѓал на најстарата источна црква за чијашто моделација на инкарнатот се користени широки намази на пигментите и акцентирање на експресија на очите и драматизмот.
Водоча Селото Водоча е населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Врз основа на долгите историски традиции за што сведочи повеќе од илјадагодишното постоење на Водочкиот манастирСите македонски родови од селото се староседелски односно старински, кои уште одамна живееле во ридскиот предел западно и јужно од Струмица при што нема доселеници од други подалечни краишта, односно можно е да постоеле преместувања во блиските соседни села Вељуса, Седларци, Попчево, Рич. Родови или семејства кои што живеат во Попчево се: "Ќечеви", "Стојанови", "Маџункови", "Ширкови", "Илиеви", "Ристови", "Милеви", "Трајкови", "Доневи", "Котеви", "Вучкови".
Водочки манастир Во периодот од 1018 до 1037 година изградена е западната, мала крстовидна куполна црква поцветена на Св. Богородица Елеуса и Воведение. Во струмичкиот крај во овој период постоеле три цркви на Св. Богородица Милостива (Елеуса) - Воведение, втората во Велјуса од 1080 година и во Струмица од 12-13 век. Овој специфичен случај дава повод да се верува дека Струмица и блиската околина во далечното минато била област на "Пресвета Богородица Милостива". Средната куполна црква на водочкиот комплекс е посветена на Св. Леонтиј, Христијански маченик од градот Триполи, област Феникија кој е убиен во времето на римскиот император Веспазијан во 69 и 79 год. поради прифаќањето на христијанството. Подигната е во почетокот на 12 век, таа е епископско седиште со сочуван синтронос во олтарната апсида, со нартекс на западната и со отворени тремови на јужната страна. Како епископско седиште се споменува во еден хилендарски акт во 1376 год. во кој водочкиот епископ Данил и банскиот епископ Григорие со претставници на световната власт ги решавале споровите околу границите на хилендарските имоти во околината на Струмица. Некрополата која се наоѓа на југозападната и северозападната страна исто така го отсликува богатиот духовен и културен живот на локалитетот.
Пимен Европски Пимен е роден во Ресен во 1971 година. Уште како студент на Теолошкиот факултет, кај него се родила желбата да отиде во манастир, па по завршување на трета година факултет, заминал во Водочкиот манастир во Струмица во 1997 година, каде и го добил монашкиот потстриг. Набрзо потоа, станал игумен на истиот манастир, период кога и вонредно го завршил Теолошкиот факултет. На предлог на Синодот на МПЦ, како Архимандрит, заминал во Париз во 2004 година, на постдипломски студии на „Св. Сергеј“ факултетот, каде и ја обавува парохиската служба во тамошната црковна општина. За време на студиите, г. Пимен е хиротонисан, заедно со Методиј и Климент, при што станува викарен епископ Пољански и како таков е ракоположен на соборот на сите Македонски светии во октомври 2005 година во „Св. Софија“ во Охрид. Најпосле на 6 април 2006 е поставен за митрополит Европски, при што го сели седиштето на епархијата во Малме, Шведска.