Top 10 similar words or synonyms for водочки

сопотнички    0.857371

манески    0.857234

сикавица    0.854683

гoра    0.852177

забелски    0.850950

hamzali    0.849979

хебр    0.849894

григоријат    0.849386

oган    0.849103

грков    0.845838

Top 30 analogous words or synonyms for водочки

Article Example
Водочки манастир Живописувањето на ентериерот на водочкиот комплекс цркви се одвивал во три временски периоди во X, XI и XII бек. Иако сочуван фрагментарно поседува високи ликовни квалитети, а во сликарскиот израз се присутни влијанија од античката ликовна традиција и отпори кон влијанија од современите византиски стилско ликовни струења од Цариград и Солун и желба за раскинување со византиските сликарски принципи. Античкото сликарско влијание е застапено во еден мал фрагмент од половичен неиндитификуван лик од светител од X век, кој припаѓал на најстарата источна црква за чијашто моделација на инкарнатот се користени широки намази на пигментите и акцентирање на експресија на очите и драматизмот.
Водочки манастир Во оштетениот фреско-живопис во западната водочка црква посветена на Богородица Елеуса и Воведение присутни се нови идни настојувања на балканската византиска уметност. Особени белези на сликарството во оваа црква ги карактеризираат издолженоста на телата, и цврстата моделација на главите на Светителите. Фрагментираните сцени се со претстава од животот и детството на Пресвета Богородица, циклусот на црковни празници и претставата на фигурите на Светителите во цел раст на Св. Исавриос и Св. Евплос се насликани во периодот од 1018 и 1037 год, се вбројуваат меѓу ремек делата на средновековната уметност не само во Македонија, туку и во византиското сликарство воопшто. Во стилско-ликовен поглед оваа сликарство е блиско на сликарството остварено во црквата Света Софија во Охрид, и со сликарството во црквите Свети Лука во Фокида и во Неа Мони на Хиос. Од фреско-живописот од средната водочка црква посветена на Св. Леонтиј која е насликана во првата половина на 12 век се сочувани претстави на шест Архиереи, сцени со претстава на Св. Севастиски маченици.
Водочки манастир Во периодот од 1018 до 1037 година изградена е западната, мала крстовидна куполна црква поцветена на Св. Богородица Елеуса и Воведение. Во струмичкиот крај во овој период постоеле три цркви на Св. Богородица Милостива (Елеуса) - Воведение, втората во Велјуса од 1080 година и во Струмица од 12-13 век. Овој специфичен случај дава повод да се верува дека Струмица и блиската околина во далечното минато била област на "Пресвета Богородица Милостива". Средната куполна црква на водочкиот комплекс е посветена на Св. Леонтиј, Христијански маченик од градот Триполи, област Феникија кој е убиен во времето на римскиот император Веспазијан во 69 и 79 год. поради прифаќањето на христијанството. Подигната е во почетокот на 12 век, таа е епископско седиште со сочуван синтронос во олтарната апсида, со нартекс на западната и со отворени тремови на јужната страна. Како епископско седиште се споменува во еден хилендарски акт во 1376 год. во кој водочкиот епископ Данил и банскиот епископ Григорие со претставници на световната власт ги решавале споровите околу границите на хилендарските имоти во околината на Струмица. Некрополата која се наоѓа на југозападната и северозападната страна исто така го отсликува богатиот духовен и културен живот на локалитетот.
Водочки манастир Манастирот Свети Леонтиј, познат и како Водочки манастир, е македонски средновековен православен христијански манастир и археолошко наоѓалиште кое се наоѓа во селото Водоча близу Струмица. Во манастирот се наоѓа седиштето, односно резиденцијата на владиката на Струмичката епархија, митрополитот г. Наум, а во него живее и женско монашко сестринство.
Водочки манастир Со археолошките истражувања се откриени преку 1000 гробови со прилози: накит и керамика кои се датирани од XiV - XIX век.
Водочки манастир Комплексот цркви Св. Леонтиј се наоѓа во село Водоча на оддалеченост од 4 км. од Струмица. На локалитетот се сочувани три цркви (источна, западна и средна) со три фази на живописување во ентериерите, архитектонски остатоци, придружни објекти и манастирски комплекс, трпезарија, стопански објекти, две бањи и повеќеслојна христијанска некропола. Од 7 век до 9 век. Подоцна е подигната источната, трикорабна куполна црква, која била епископска. Оваа црква била оштетена во Самуиловиот период а подоцна е повторно обновена. Како епископска се споменува во 1018 година во повелбите на Василиј II, по пропаста на Самуиловата држава. Денес од неа се зачувани олтарната апсида, проскомидијата и ѓакониконот. Првобитниот иконостас бил мермерен, а подот од мермерни плочи. Рушењето на оваа црква е поврзано со пропаста на Самуиловата држава и паѓањето на Струмица под византиска власт 1018 година.
Христијанство во Македонија Најпознати манастири во Мзкедонија се: Лесновски манастир, Марков манастир, Вељушки манастир, Водочки манастир, Варошки манастир, Осоговски манастир, Поречки манастир, Бигорски манастир, Лешочки манастир, итн.
Птиците од ланските гнезда (роман) Централен лик во романот е библиотекарот Кирил Водочки, заедно со неговиот семеен и пријателски круг во Белград. Дејствието на романот се одвива во 1986 година, во времето на катастрофата во Чернобил, а настанитево романот се протегаат во период од неколку часови. Притоа, преку низа кратки секвенци, авторот прикажува неколку ликови, претежно струмичани или Македонци, преку кои тој ги пласира своите фикционални слоеви. Исто така, во делото има и неколку документарни слоеви преку кои писателот иронизира со социјализмот, митингот на Ушќе, супкултурната сцена, македонизмот, српството, но и со вечните категории - љубовта, смртта, семејството, сексуалноста итн. Во романот има и фантастични слоеви поврзани со разни поигрувања со времето, чудни дејствија, необјасниви случки и необични карактери.
Велосипедска прошетка - Културното наследство низ Струмичкото Поле Во рамки на програмата се предвидени посети на најпознатите културно-историски споменици во Струмичкото Поле, како што се илјадагодишните Водочки и Вељушки манастир, тврдината „Цареви кули“ над градот Струмица, познатиот „Струмин Гроб“ близу градот Струмица и селото Баница, за кои се организирани кустоси кои ги објаснат самите местата и нивното културно-историско значење. Програмата и организацијата на самиот настан вклучуваат и: осмислена, обележана и безбедна патека; лица – редари задолжени да го покажуваат патот; сервисери задолжени да ви помагаат ако имате проблем со велосипедот; обезбедени освежувања и окрепнувања долж патеката; лица обучени за прва помош присутни со вас на велосипеди; амбулантно возило кое ја следи групата; сервисно возило кое ја следи групата; ручек и изненадување за учесниците подготвено од покровителите на настанот.
Водоча Во почетокот на 9 век, за време на византискиот император Никифор I во Струмичко било населено христијанско население од градот Тибериопол кој се наоѓал во областа Витинија во Мала Азија. Според В. Златарски овие малоазиски колонисти подигнале нова населба, на просторот меѓу денешните села Баница и Водоча, на која и го дале името Тибериопол, а во спомен на својата дотогашна постојбина. Познатиот Водочки манастир, чија што манастирска црква посветена на Свети Леонтиј имала пет фази на изградба од IV па сè до втората половина на XIV век, е значаен по тоа што во раниот Среден век (X-XI век) бил седиште на Струмичката епископија, која што пак прв пат била спомената во 1018 година во една повелба на познатиот византиски цар Василиј II. Според подоцнежни записи за селото Водоча се знае од турските пописни дефтери од XVI век, односно од 1570 година кога тоа било чисто христијанско македонско село во кое се наоѓал манастирот "Лахрина" при што тоа припаѓало во рамки на Струмичката нахија во Ќустендилскиот санџак. Во ова време во селото, запишано како "Водица" живееле 84 македонски христијански семејства како и 15 неженети кои произведувале 60 товари пченица, 46 товари мешано жито, уров, свила, градинарски култури, кромид, краставици, праз, тиква, грозје и вино, овошје посебно цреши, како и ореви и бадем, сено, тревам се чувале и свињи и пчели. Самите жители, разни храмови, војводи, паши и спаихии во Водоча имале вкупно 19 воденици. Забележително големиот број на воденици, што се должел најверојатно на силната вода од истоимената река која тука излегува од клисурестата долина во полето. За сето ова во XIV век во селото Водоча се остварувало приход и се плаќало годишен данок во износ од 13 928 акчиња.