Top 10 similar words or synonyms for водоземци

влекачи    0.897971

гуштери    0.896987

влечуги    0.887055

мекотели    0.881857

полжави    0.873892

пеперуги    0.871324

жаби    0.870675

ракови    0.865798

рептили    0.865357

рскавични    0.863737

Top 30 analogous words or synonyms for водоземци

Article Example
Водоземци Градбата на скелетот кај водоземците до некаде е слична со таа на рибите. Се разликува скелет на главата, трупот и екстремитетите. Скелетот на главата, за разлика од рибите, е образуван од помал број на коски. Градбата на черепот е најразновидна. Се забележува постепено зголемување на коскените творби за сметка на ‘рскавичните и сврзноткивните. Карактеристично својство на целата класа водоземци се двете зглобени главички на задниот дел од черепот кои соодветствуваат на двете јамички на првиот вратен прешлен. Черепот е секогаш зарамнет, широк, а очните отвори се секогаш големи. Черепот се состои од задтилни коски, две челни и една основна коска. Ококскувањето на страничните ѕидови на черепот не е целосно или ‘рскавицата е само делумно окоскена. Непчените коски се неподвижно соединети со черепот и на нив (како и на ралото и клинестата коска) понекогаш се всадени заби. Долната вилица се состои од два или повеќе делови и никогаш не е целосно окоскена. Лицевиот оддел е значително поголем од мозочниот.
Водоземци Водоземците се еколошки индикатори и во последните десетлетија е забележано драматично опаѓање на популациите од водоземци во целиот свет. Многу видови сега се под закана од истребување или веќе се истребени.
Водоземци Формата на телото на водоземците е различна. Опашкарите се посродни со рибите; тие поседуваат странично сплескано тело и долга весловидна опашка. Кај други (безопашни или скокачки водоземци кои сочинуваат над 75% од сите видови) телото е заоблено или зарамнето, а опашка отсуствува. На главата кај водоземците се забележуваат две крупни испакнати очи, како и пар на ноздринки. Очите и ноздринките кај повеќето видови се наоѓаат на испакнатинки. Затоа жабата, на пример, може и да не излезе од водата, а да диши атмосферски воздух и да се ориентира во околната средина. За разлика од рибите, очите на водоземците поседуваат очни капачиња. Горното очно капаче е подвижно, додека долното има полупрозрачна мигателна ципа. Кај обичните жабри, краставите жаби и повеќето други безопашни водоземци на главата се забележуваат барабанови тапанчњиа кои ја одделуваат празнината на средното уво од надворешноста.
Водоземци Еластичната, многу тенка и непрепокриена кожа на водоземците има многу големо значење во нивниот живот. Ниту еден вид на водоземец не пие вода на вообичаениот начин, туку ја всмукува исклучително преку кожата. Затоа ним им е неопходна блискоста до водата или влажната средина. Жабите кои се оддалечени од водата брзо ја губат телесната тежина, стануваат летаргични и набрзо умираат. Исто така, водоземците дишат и преку кожата, која е богата со крвни капилари. Дишењето преку кожа се одвива како на суво, така и во вода. Кожното дишење има особено значење кога водоземецот е долго време во вода (зимски сон, продолжен престој поради опасност).
Водоземци Системот за излачување вклучува издолжени црвеникаво-кафеави бубрези кои се наоѓаат во телесната празнина, странично од ‘рбетникот, мочководите и мочниот меур. Мочководите се вливаат во клоаката.
Водоземци Водоземците еволуирале во девон и биле врвни грабливци за време на карбон и перм, но многу линии биле истребени во текот на пермско-тријаската екстинкција. Една група (метопсаурите) останале како врвни грабливци во текот на тријас, но со сè посувата Земја (за време на јура) тие изумреле, оставајќи не многу видови на темноспондили, како "Koolasuchus" и современите редови на "Lissamphibia".
Водоземци Се состои од усна празнина, голтка, хранопровод, желудник и црево. Јазикот кај повеќето водоземци е добро развиен, а кај жабите тој се разликува од јазикот на другите ‘рбетници, бидејќи тој не е прикрепен на задниот, туку на предниот крај на усната празнина. Забите се адаптирани за фаќање и задржување на пленот, но не и за џвакање. Најмногу е развиен желудникот, а цревото е поделено на дванаесетпалечно, тенко и дебело црево. Во дванаесетпалечното црево се вливаат црнодробниот и жолчниот канал, кој е споен со панкреасниот канал. Во тенкото црево се одвива конечната дигестија и ресорпцијата на хранливите материи во крвта. Во дебелото црево се насобираат несварените остатоци од храната. Дебелото црево завршува со право црево наречено клоака. Во него се отвораат и мочниот меур (како одбрана, жабата може да испушти млаз од насобраната мочка), мочководите и јајцеводите (кај женките). Водоземците се способни да издржат долги периоди на гладување; жабата која е оставена во влажна средина може да издржи без храна и до повеќе од две години.
Водоземци Повеќето водоземци дишат преку белите дробови и кожата (кутана респирација, опишана погоре). Белите дробови се слабо развиени и се нецелосни. Тие имаат мала внатрешна површина за контакт со вдишениот воздух. Белите дробови поседуваат форма на издолжени вреќи со тенки еластични ѕидови во кои се наоѓаат многубројни капилари. Ваквите бели дробови не можат целосно да го снабдат телото со кислород. Водоземците не го всмукуваат воздухот, туку го проголтуваат. Животното го зголемува обемот на усната празнина и во неа преку ноздрите влегува воздух. Кога дното на усната празнина се насочува кон горе, ноздрите се затвораат и воздухот се бутка преку гркланот во белите дробови. Белодробното и кожното дишење кај водоземците е нееднакво развиено. Оние видови кои поголемиот дел од животот го живеат во вода имаат послабо развиени бели дробови, а подобро е развиено кожното дишење. Ларвите на водоземците дишат со жабри. Кај некои опашкари жабрите се задржуваат во текот на целиот живот.
Водоземци Мозокот на водоземците има проста градба. Тој има издолжена форма и се состои од две хемисфери, среден мозок и мал мозок претставен со напречен мост и продолжен мозок. Силно е развиен предниот мозок, но отсуствува кора на мозокот, сива маса, а нервните клетки се рассејани по целата негова површина. Малиот мозок е послабо развиен; слабата развиеност е поврзана со еднообразието на движечките реакции кај водоземците. ‘Рбетниот мозок е подобро развиен од черепниот. Во однесувањето на водоземците преовладуваат безусловните рефлекси, додека условните се јавуваат по продолженото заемодејство на безусловните и условните дразби. Од сетилата најдобро се развиени видот, слухот и мирисот. Особено е развиено сетилото за слух - увото, кај кое за прв пат се развива средното уво во чија внатрешност се јавува едно слушно ковче. Со тоа е овозможен преносот на звучните бранови од надворешната средина до внатрешното уво.
Водоземци Сите водоземци се разделнополови организми. Кај мажјаците постојат т.н. Волфови канали кои служат како мочоводи и семеводи. Кај женките, пак, јајчниците преку Милеровиот канал се поврзуваат со клоаката, односно тие се независни од мочоводите. Оплодувањето кај жабите е надворешно, додека кај безногите и повеќето опашкари е внатрешно. Развитокот е со метаморфоза, која значително се разликува кај најразличните видови. Но, за сите е карактеристично сменувањето на жабриното со белодробното дишење.