Top 10 similar words or synonyms for влетува

дофрлил    0.708575

згмечена    0.698330

кажав    0.689527

допаѓаше    0.674477

обраќаме    0.672530

здодевно    0.670381

изгледам    0.670340

наштетува    0.664265

имигрантот    0.661038

служила    0.656251

Top 30 analogous words or synonyms for влетува

Article Example
Три дена во септември Две сосема различни жени, едната проститутка, а другата притаен одмазник, по силата на судбината влегуваат во сојуз и меѓусебно си помагаат во расчистувањето на нивното темно минато. Имено, Марика (ја игра Тоциновски) убива човек во самоодбрана и, бегајќи од законот, влетува во еден воз каде ја среќава Јана (ја игра Ристиќ) - тивка жена во доцните триесетти години, која патува во својата викендичка во планините. Марика ја користи приликата и се засолнува во викедницата на Јана, но влетува во неочекувана и опасна авантура...
Бетмен Брус се заколнал дека ќе го исчисти Готам од криминал и зло кое веќе е долго време присутно. Затоа, тој започнал со напорни физички и ментални тренинзи како и студирање на математика, физика, хемија, боречки вештини и магични трикови (бегање од невозможни ситуации итн.), меѓутоа, сфатил дека само знаењето нема да биде доволно за да го победи криминалот. Размислувајќи за тоа, приметил лилјак како му влетува во собата и тоа го инспирирало да стане човекот-лилјак - Бетмен ("Batman"). Полицијата во почетокт не гледала благонаклонето на неговите одмазднички акции. Во тоа време, Брус Вејн имал вереница Џули Медисон, која прв пат се појавила во 31. број на "Детективските стрипови".
Хари Потер и Каменот на мудроста За десет години, тие и нивниот син Дадли го третираат Хари како отпад и грешник. Бргу пред единаесетиот роденден на Хари, низа писма пристигнуваат, адресирани до Хари, но уништени од неговиот вујко пред Хари да може да ги прочита. Како резултат, поток од писма се налеваат во куќата низ секој слободен отвор, и за го избегне ова, Вернон Дарсли го носи семејството на осамен остров. Како што се сместуваат, Хагрид влетува низ вратата за да му каже на Хари што криеле Дарслиевви од него: Хари е волшебник и е примен во Хогвортс училиштето за магии и волшебништво за следната година.
Мртовец (филм) Вилијам Блејк (го глуми Џони Деп) е сметководител од Кливленд, Охајо. На почеток од филмот, го гледаме во воз, со кој треба да стигне до град во пограничен дел, каде треба да работи како сметководител. Кога стигнува во градот, Блејк дознава дека работното место е пополнето. Фирмата е на локалниот моќник Џон Диксон (го игра Роберт Мичам), а од таму е избркан со пушка. Без пари и без работа, Блејк седнува на улица и пие алкохол. Во моментот од барот ја фрлаат на улица Тел Расел (ја игра Мили Авитал), поранешна проститутка која сега продава цвеќиња од хартија. Таа го замолува да ја испрати до дома, каде завршуваат во кревет. Но, во собата на Тел ненајавено влетува нејзиното бившо момче, Чарли (го игра Габриел Бирн), кој пука во Блејк. Куршумот минува низ телото на Тел, која е наместо мртва, и заглавува блиску до срцето на Блејк. Блејк го убива Чарли со пиштолот на Тел кој стои под перницата, и бега од градот на коњот од Чарли. Сопственикот на компанијата каде што требаше да работи Блејк е таткото на Чарли, па ангажира тројца легендарни убијци да го убијат Блејк и да му го вратат скапиот коњ. Исто така праќа и потерница до сите околни шерифи.
Атлас на облаците (роман) Приказната се одвива во Зеделгем, во близина на Бриге, во Белгија 1931 година. Раскажана е преку писма од Роберт Форбишер, млад музичар од Англија,бисексуалец кој останал без пари, до неговиот пријател и љубовник од Кембриџ, Руфус Сиксмит. Фробишер заминува за Зеделгем, за да работи како писар за познатиот композитор Вивиан Ејр, кој умира од сифилис и му е потребен човек за пишува наместо него. По кратката авантура на Фробишер со човек од екипажот на бродот, откриваме дека Фробишер има белег на рамото во облик на комета. Сопругата на Ејр, Јокаста, почнува да флертува со него и нејзината ќерка почнува да се сомнева во нив. Наскоро, Фробишер и Ејр го завршуваат делото Der Todtenvogel кое секоја вечер се слуша низ Каков и станува многу популарно. Фробишер почнува повторно да компонира и тој и Јокаста стануваат љубовници. Фробишер почнува да краде ретки книги од колекцијата на Ејр и да ги продава, се додека не открие книга со наслов „Дневникот на Адам Јуинг за патувањата низ Јужниот Пацифик“, но се вознемирува кога гледа дека половина од книгата е скината. Според него, книга прочитана до половина е како недовршена љубовна врска. При читањето на книгата интересен му е фактот што авторот не е свесен дека докторот Гус не му помага, туку всушност му наштетува. Една вечер додека е со Јокаста во кревет, во собата влетува речиси слепиот Ејр и бара Фробишер да ги запише нотите што ги слушнал на сон, без воопшто да ја забележи Јокаста, која се скрила под креветот. Во сонот, длабоко во подземјето имало ресторан кое наликувало на кошмар, каде сите келнерки наликувале една на друга и јаделе сапун. Откако завршиле со компонирање на песната, Ејр го прашува Фробишер дали неговата сопруга флертувала со него, на што Фробишер одговара не. Кога доаѓа време Фробишер да си замине, Јокаста му се заблагодарува што успеал да му помогне на Вивиан. Но, на барање на Ејр, Роберт се согласува да остане до следното лето и да му помогне музиката од сонот да ја претворат во голема симфонија наречена „Вечно повторување“.