Top 10 similar words or synonyms for венецијанскиот

прочуениот    0.766316

славниот    0.753374

полскиот    0.743080

австрискиот    0.740980

чешкиот    0.721802

дворскиот    0.720018

истакнатиот    0.699003

романскиот    0.683640

египетскиот    0.683243

атинскиот    0.679795

Top 30 analogous words or synonyms for венецијанскиот

Article Example
Венецијанскиот трговец Венецијанскиот трговец е трагикомедија на Вилијам Шекспир за која се смета дека била напишана помеѓу 1596 и 1598 година. И покрај тоа што е класифицирана како комедија во Првото фолио и поседува одредени карактеристики на другите романтични комедии на Шекспир, оваа драма веројатно е најзапаметена по своите драматични сцени и по ликот на Шајлок и по познатиот говор „Нема ли Евреинот очи“.
Венецијанскиот трговец Во драмата настапуваат следниве ликови:
Венецијанскиот трговец Вториот доворувач е вообразениот Принц од Арагон. Тој решава да не го одбере оловното ковчеже, затоа што е просто, не сака да го одбере златното затоа што во тој случај ќе го добие она што сите мажи го посакуваат, а тој сака да се разликува од толпата. Оттука, тој одлучува да го одбере сребреното, затоа што според него сребреното порачува „Ме одбра ли, што заслужи ќе имаш“, што смета дека мора да е нешто извонредно, затоа што како резултат на неговиот егоизам тој се смета за извонреден. Внатре во ковчежето се наоѓа слика на дворски шут и бастун како и пораката „Но, што е ова? ...насликан портрет на лудак, што ми нуди лист и жмирка! Да прочитам!... на портретот: но тој по сенката што трча/ во сенка среќата ја губи./... Кај која сакаш жена седи/ но сегде ваков ум те следи.” — што значи дека било непромислено од него да мисли дека таков вообразенко како него може да биде вистинскиот сопруг за Порција, и дека секогаш бил будалетинка, и ќе остане будалетинка, а тоа што го одбрал сребреното ковчеже е само доказ дека е будалетинка.
Венецијанскиот трговец Во Белмонт, Порција и Басанио се венчаваат, исто како и Грацијано и помошничката на Порција, Нериса. Басанио добива писмо во кое му се соопштува дека Антонио не е во можност да го врати заемот земен од Шајлок. Во шок, Басанио и Грацијано веднаш заминуваат за Венеција, со пари од Порција, за да го спасат животот на Антонио, нудејќи му пари на Шајлок. Без знаење на Басанио и Грацијано, Порција го испраќа нејзиниот слуга, Балтазар, по совет од роднината на Порција, Беларио, адвокат, во Падова. Кулминацијата во претставата се случува на дворот на Дуждот од Венеција. Шајлок ја одбива понудата на Басанио од 6.000 дукати, двапати поголема од сумата на заемот и притоа ја бара фунтата месо од Антонио. Дуждот, желен да го спаси Антонио, но неподготвен да постави опасен правен преседан преку поништување на договорот, го проследува случајот на посетителот кој се претставува како Балтазар, еден млад „доктор по правни науки“, кој со себе носи писмо со препорака до Дуждот од учениот адвокат Беларио. Тоа е, всушност, Порција преправена во „докторот“, а Нериса која ја придружува е всушност преправена во „помошник адвокат“. Порција, во улога на „Балтазар“, бара од Шајлок да покаже милост во познатиот говор (“Под принуденост милозливост и нема, на земјава ко благ дожд таа паѓа од небото ко двоен благослов; а благослов е и за тој што дава, а и за оној што ја прима неа”) со кој бара ослободување од долгот, но Шајлок одбива. Така, судот мора да му дозволи на Шајлок да земе фунта месо. Шајлок му вели на Антонио да се „подготви“. Во тој момент, Порција предочува грешка во договорот: залогот му дозволува на Шајлок да земе месо, не и „крв“ од Антонио. Така, доколку Шајлок пролее само капка од крвта на Антонио, неговиот „имот и добра“ ќе бидат одземени согласно венецијанските закони.
Венецијанскиот трговец Во 14 век, Венеција била еде аод најбогатите градови во светот. Меѓу најбогатите трговци во овој град бил Антонио. Басанио, млад и благородник кој го потрошил својот имот, сака да отпатува за Белмонт за да ѝ се додворува на убавата и богата наследничка Порција. Тој го моли својот пријател Антонио, кој претходно постојано го спасувал од незгоди, да му даде три илјади дукати кои му се потребни да ги финансира своите тримесечни патни трошоци како додворувач. Антонио се согласува, но ги нема парите во готово, зашто неговите бродови и добра пловат по морето. Ветува дека ќе го покрие заемот доколку Басанио најде лихвар, па така, Басанио му се обраќа на Евреинот лихвар Шајлок и го назначува Антонио како жирант на заемот.