Top 10 similar words or synonyms for валаби

rufogriseus    0.948543

grimaldi    0.936356

garrulus    0.935901

бруклен    0.932059

eremosynaceae    0.931465

sjh    0.931192

frankeniaceae    0.930926

mavrovi    0.929711

tijd    0.929225

одречно    0.928475

Top 30 analogous words or synonyms for валаби

Article Example
Црвеношиесто валаби Оа се претежно самотни животни кои се собираат во поголем број само на местата што изобилуваат со храна, вода и засолништа. Кога се во групи, меѓу нив владее општествена хиерархија како кај другите видови валаби. Како и другите друштвени животни, валабијата прават гестови на меѓусебно помирување доколку претходно влезат во судир. По природа се ноќни животни, што значи дека ноќта им служи за активност, а дење одмораат.
Црвеношиесто валаби Црвеношиестото валаби живее во честаците и тврдолисните шуми во по брегот и повисоките делови на источна Австралија, и тоа од Бундаберг во Квинсленд до границата со Јужна Австралија; Го има и во Тасманија, како и на многу од островите во Басовиот Проток. Во последните три децении, во Тасманија и Квинсленд бројот им е зголемен благодарение на две мерки. Едната е намалувањето на ловот, а другата е делумната сеча на шумите, која им овозможува чистинки за хранење ноќе, денски засолнувајќи се во честакот. Од помалку познати причини, црвеношиестите валабија се поретки во Викторија.
Црвеношиесто валаби Црвеношиесто валаби () — торбар со средна големина (валаби) од семејството на кенгурите ("Macropodidae"), распространет во поумерените и поплодни краишта на источна Австралија, вклучувајќи ја Тасманија.
Црвеношиесто валаби Примероци од ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.
Црвеношиесто валаби Видот се распознава по црниот нос и црните, белата лента на горните усни и сивкастото крзно со црвеникава боја по рамената. Тешки се 13,8-18,6 кг и достигнуваат должина до 90 см, при што мажјаците се поголеми од женките. По изглед се многу слични на црнопругестото валаби ("Macropus dorsalis"), но се поголеми, немаат црна пруга по грбот и имаат помеко крзно. Живеат до 9 години.
Црвеношиесто валаби Нагонот за парење кај женките трае 33 дена. За време на додворувањето, женката најпрвин го лиже мажјакот по вратот, а потоа мажјакот ја гали по образот со својот образ. По ова, настапува кратка борба на две нозе, и на крај се случува парењето. По чинот на парење, двојката проведува еден заеднички ден пред да се раздели. Женката раѓа по едно младо, кое живее во нејзината торба околу 280 дена, и живеат заедно уште еден месец. Мажјаците ја напуштаат мајката на возраст од две години, додека пак женките може да останат во мајчината територија цел живот. Покрај ова, црвеношиестото валаби практикува и посвојување на туѓи младенчиња. Оваа појава се забележува и кај разни други животни како волкот, слонот и некои риби.
Црвеношиесто валаби Ова животно се храни со треви, корења, листови од дрва и разен коров.
Црвеношиесто валаби Бенетовото валаби ("M. r. rufogriseus") од Тасманија е помало (одлика на островските видови), има подолго, потемно и порунтаво крзно и се пари во втората половина од на летото (февруари-април). Приспособени се на живот околу луѓето и се среќаваат како пасат по тревници околу Хобарт и други градски населби.
Црвеношиесто валаби Постојат три подвида на црвеношиесто валаби:
Црвеношиесто валаби Континенталниот подвид ("M. r. banksianus") е поголем и се пари преку целата година.