Top 10 similar words or synonyms for богоја

фотев    0.925105

аце    0.924051

јонче    0.916890

ѓорѓиевски    0.907921

драгољуб    0.907106

велков    0.905950

симо    0.905456

трајче    0.903788

андреев    0.897884

ристе    0.897605

Top 30 analogous words or synonyms for богоја

Article Example
Богоја Фотев На својот 90-ти роденден во 1990 година ја прифаќа партиската рехабилитација и станал член на СКМ-ПДП.
Богоја Фотев Станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, а во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ. Избран е во Президиумот на АСНОМ како прв повереник за финансии. На Второто заседание на АСНОМ во декември 1944 година е избран за повереник за земјоделство, а во април 1945 година, при изборот на првата влада на НР Македонија, е избран за министер за земјоделство и шумарство. На таа функција останува до април 1946 година, кога ја презема функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание, по оставката на таа функција на Методија Андонов - Ченто. Ја врши таа функција до 1950 година. На изборите одржани на 3 декември 1950 година е избран за народен пратеник во осмата изборна единица на Битолската околија, но набрзо е принуден да поднесе оставка по својот избор.
Богоја Фотев По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото Фотев се колеба помеѓу советската и југословенската позиција. Соочен со таа дилема, посега по својот живот, но сепак не успева да се самоубие. Паѓа во немилост кај партиското раководство на чело со Лазар Колишевски и е сменет од функцијата и пензиониран. На почетокот на 1951 година, заедно со својата сопруга, се враќа во селото Бистрица.
Богоја Фотев Се вклучува во МАНАПО и се зачленува во Комунистичката партија и е основач на Месниот комитет на КПЈ за Битола. На 6 ноември 1940 година Фотев е уапсен во склоп на провалата во битолската организација. Осуден е на петгодишна затворска казна. Окупацијата на Југославија ја дочекува во затворот во Сремска Митровица, каде, заедно со другите затвореници, на 22 август 1941 година успева да побегне. Пристапува во Фрушкогорскиот партизански одред. При обид да се пробие кон Македонија, во март 1942 година е фатен од бугарската полиција. Во јули 1942 е ослободен поради недостиг на докази. Во летото 1943 година е затворен повторно, интерниран во Бугарија и се враќа во Македонија кон крајот на 1943 година. Набрзо заминува во партизани и пристапува на Првата македонско-косовска ударна бригада.
Богоја Фотев Богоја (Благоја) Наумов Фотев (с. Герман, Леринско, 14 август 1900 - с. Бистрица, 27 јануари 1993) е македонски комунист, учесник во НОВ и повоен политичар. Носител е на Партизанска споменица 1941.