Top 10 similar words or synonyms for ајкулите

алигаторите    0.872774

китовите    0.868349

црви    0.865970

рибите    0.864588

ларвите    0.851434

мравки    0.850254

змиите    0.847070

ракови    0.846395

пајаците    0.842627

полжави    0.840350

Top 30 analogous words or synonyms for ајкулите

Article Example
Ајкула Очите на ајкулите детектираат многу мали движења и се способни да гледаат во услови со малку светлина, правејќи ги ефективни ловци во мрачни води. Како и мачките, и ајкулите поседуваат рефлективен слој во позадината на очите наречен "tapetum lucidum", кој ги зголемува малите количини на светлина. Во чиста вода, ајкулите можат да го видат својот плен на 20 до 30 m далечина. Очите на ајкулите содржат и клетки кои детектираат боја. Увидено е дека ајкулите разликуваат црна, бела и нијанси на сива боја. Исто така, утврдено е дека светли објекти и бои (жолта и портокалова) ги привлекуваат ајкулите.
Ајкула Ајкулите се брзопливачки и генерално големи ‘рскавични риби познати по нивните остри заби, посебната грбна перка и вештина во лоцирањето на подводниот плен. Како и другите риби, ајкулите се генерално ладнокрвни и дишат со жабри. Но, за разлика од коскените риби, кои имаат скелет составен од коски, ајкулите и нивните роднини раи и химери имаат флексибилни внатрешни скелети изградени од ‘рскавица.
Ајкула Без разлика на тоа каде живеат, ајкулите играат значајна улога во нивните екосистеми. Како високо ефикасни предатори, ајкулите ги одржуваат екосистемските популации со ловење и убивање на други животни, особено тие кои се слаби или заразени. Биолозите стравуваат дека без ајкулите, популациите на другите животни би биле огромни. Овие животни би ја елиминирале расположливата храна во нивните екосистеми, доведувајќи до масивно изумирање поради глад. Би биле потребни години, или дури декади, за да организмите во екосистемот ја постигнат деликатната рамнотежа за која ајкулите значително придонесуваат.
Ајкула Додатно, ајкулите ги осетуваат слабите електрични струи асоцирани со функционирањето на нервите и мускулите во живите животни. Ајкуловите електрорецептори, наречени Лоренциеви ампули, се распространети во гроздови над главата. Овој електрорецепторски систем е ефективен само на растојанија помали од 1 m. Се смета дека овој систем некако им овозможува на ајкулите да ги детектираат слабите електромагнетни полиња на Земјата, помагајќи им притоа во миграциите.
Ајкула Дигестивниот систем на ајкулите е ефикасен, способен за дигерирање на риби и цицачи, а дури и черупкести мекотели и ракови. За разлика од повеќето животни, кои имаат долги извиткани црева, кај ајкулите тие се кратки и прави. За да се зголеми ресорпционата површина, цревата на ајкулите имаат посебен набор - спирален набор. Тој ја забавува дигестијата. По цревата следи клоаката, во која се отвораат и уринарните канали и јајце клетките и сперматозоидите од репродуктивниот систем. Екскретите се елиминираат преку анусот. Посебна ректална жлезда помага во елиминирањето на вишокот соли апсорбирани од храната и морската околина.