Top 10 similar words or synonyms for аларих

ланденски    0.766289

максимијан    0.765752

остроготите    0.758882

аквитански    0.752595

грацијан    0.742394

теодорих    0.742211

рицимер    0.738429

караманија    0.735862

помпеј    0.735474

лотар    0.734247

Top 30 analogous words or synonyms for аларих

Article Example
Западно Римско Царство Откако ги преминал Алпите, готскиот крал во 408 г. го опседнал Рим и го натерал Сенатот да му плати огромна откупнина. Сенаторите побарале од царот, кој бил заштитен со ѕидините и мочуриштата на Равена, да попушти и да склучи поволен договор со Аларих. Исто така, и кралот бил подготвен на компромис и побарал Готите да се населат на тлото на провинцијата Норик и да се снабдуваат со годишното количество жито што ќе го одреди Хонориј. И овојпат царот останал неумолив и во 409 г. Аларих повторно го опседнал Рим, и за уште посилно да го уцени Хонориј, средил градскиот перфект Атал Приск да биде прогласен за август. Бидејќи на Хонориј верна му останала пребогатата дијацеза Африка, Аларих во јули 410 г. го симнал од престолот Атал и започнал нови преговори. На местото на договрениот состанок, на околу 12 км од Равена, визиготскиот крал и неговата придружба ги нападнал римски одред под команда на готскиот заповедник Сар, инаку стар непријател на Аларих. Аларих побеснел и ги повел своите луѓе кон Рим, каде на 24. август 410 г. на Визиготите им биле отворени градските порти. Следувал тридневен грабеж на Рим, која ги згрозила учените провинцијалци, како што биле Аврелиј Августин и Јероним, но всушност тој грабеж не бил разорен. Како поддржувач на аријанското христијанство, Aларих плански ги поштедил римските цркви и обезбедил придружба за христијанското свештеништво. Немало убивање, но Готите ја запалиле зградата на Сенатот. Натоварени со пленот и водејќи угледни заробеници, меѓу кои била и полусестрата на Хонориј, Гала Плацидија, Визиготите тргнале кон југот на Италија. Аларих сакал оттаму да го пренесе својот народ во сигурноста на северна Африка, но бура ги уништила подготвените бродови. Наскоро, како последица на замор, Аларих умрел, а нов крал на Визиготите станал неговиот шура Атаулф.
Аркадиј Притиснати од Хуните на североисток, готските федерати во Мизија и Панонија ја обновиле својата агресија против Римската империја. Во 395-400 година еден од вестготските главатари, Аларих I, кренал востание на федератите против империјата и неколку години ги ограбувал Тракија, Илирик и Грција, по што се насочил на запад кон Италија. Соочен со оваа закана Руфин одбил воено помош на западниот регент Стилихон, стравувајќи од неговите амбиции да ги контролира и двајцата императоори. Сепак Стилихон ја одбранил успешно империјата и во 397 година постигнал превласт над Аларих, по неколку години воени дејствија во Илирија.
Визиготско кралство Во следните години следувале конфликтите со Франките, на чие чело стоел кралот Хлодвиг I, кој ја имал освоено северна Галија. По кратката војна со Франките, новиот визиготски крал Аларих II бил принуден да се откаже од востанието кое избувнало во Тарагона. Во 507 година престоел уште еден напад на Франките, кои тогаш го имале склучено сојузот со Бургундите. Аларих II бил убиен во битка на база Вогладенсис. Паднала и престолнината Тулуз. Во 508 година, Визиготите ја изгубиле цела територија која претходно ја освоиле во Галија
Империја на Франките Остроготскиот владетел се стекнал со завидно реноме и кај соседните ,варварски “ владетели , поврзувајќи се со нив преку династиски бракови : се оженил со сестрата на Клодовик (кралот на Франките ) , својата ќерка ја омажил за Аларих II кралот на Визиготите , а сестра му ја оженил за тириншкиот владетел .
Западно Римско Царство Разидувањето на двата царски сентра, Милано и Константинопол, современиците најдобро го согледувале низ ривалството на велокодостојниците кои ја имале вистинската власт, чуварот на Хонориј, Стилихон, римски војсководач со вандалско потекло, и низата достоинственици на Аркадиј. Стилихон, инаку зет на царското семејство, тврдел дека Теодосиј му ја доверил грижата над двајцата негови синови, а неговата популарност кај германските одреди го правела опасен противник за константинополските намесници. Меѓутоа, по веста за смртта на Теодосиј, Готите населени во тракија во 382 г. се побуниле и побарале да се направи нов договор со римските власти. Како римски сојузници, Готите дале големи жртви во текот на граѓанските војни на Теодосиј и сега повторно побарале ревизија на договорот. Здружени, потомците на Тервинзите и Грејтунзите, за свој крал го избрале Аларих од фамилијата Балти. Во понатамошниот период тој направил обединување на двете гранки на Готите кои оттогаш биле познати под заедничкото име - Визиготи. Со воени акции, грабежи и палења Аларих се обидувал да ги натера политичарите од Константинопол да преговараат, но по паѓањето на големиот коморник Евтропиј во 399 г. се покажало дека ниеден византиски великодостојник не сака да се дискредитира себе си со преговори со Визиготите. Бидејќи на неговиот народ му била потребно постојано престојувалиште и можност за обработка на земјата, Аларих почнал да соработува со Стилихон.